Септември започнува со две ретроградни разместувања на планетите, но тоа нема да нè забави ниту малку.
Уран и Плутон ќе се движат ретроградно, оживувајќи го минатото. Можно е да се соочиме со стари љубови, да обновиме контакти со поранешни колеги/ментори, да разрешиме стари долгови.
Марс ќе нè насочи кон домот и семејството, па ќе подзаборавиме на големите летни дружби и ќе преферираме помали собиранки со сакани личности.
Меркур и Сонцето ќе ни помогнат да станеме пофлексибилни, да се фокусираме на воспоставување на рутини и генерално да станеме поорганизирани.
Полната месечина на 18 септември доаѓа со делумно затемнување на месечината и ни носи неочекувани промени и случувања. Очекувајте го неочекуваното.
Најсреќни во септември ќе бидат ДЕВИЦИТЕ, а многу позитивни вибрации од небесните тела ќе бидат насочени и кон ВАГИТЕ.
Датум | Случување |
1 септември | ♅ Уран преминува во ретроградно движење во бик |
2 септември | ♇ Плутон со ретроградно движење преминува во јарец |
3 септември | ☽ Настапува млада месечина во девица |
4 септември | ♂ Марс влегува во рак |
9 септември | ☿ Меркур влегува во девица |
18 септември | ☽ Настапува полна месечина во риби |
22 септември | ☉ Сонцето влегува во вага |
23 септември | ♀ Венера влегува во шкорпија |
26 септември | ☿ Меркур влегува во вага |
Табела: најважните датуми за месец септември и движењето на небесните тела
Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец: