Почетна » Забава » Хороскоп » Стрелец

Стрелец (22. XI – 21. XII)

Недела, 13 Април 2025

Каде припаѓате, драги стрелци? Денес полната месечина ќе настапи во вашата 11-та куќа на пријателството и заедницата, помагајќи ви да сфатите со кои луѓе ви е убаво и треба да ги задржите покрај себе, а со кои се губите и треба да ги оддалечите од себе.

Во меѓувреме хармоничната Венера ќе премине во директно движење во вашата 4-та куќа на домот. Вечерта е резервирана за семејството. Поминете квалитетно време со луѓето со кои сте крвно поврзани.

Април, 2025

Љубов

Април е месец на страст, креативност и стабилизирање на темелите.

Вашиот љубовен живот ќе биде полн со возбуда, бидејќи Сонцето ќе ја осветлува вашата огнена 5-та куќа на романтиката, страста и себеизразувањето до 19 април. Ова е време да блеснете, да флертувате, да се заљубите и едноставно да уживате во животот. Вашата харизма е неодолива, а желбата за игра и авантура достигнува врвови.

Сепак, ретроградниот Меркур (до 7 април) и ретроградната Венера (до 13 април) може да донесат одредени предизвици. Може да има недоразбирања со семејството околу вашиот љубовен живот или потреба да се решат некои емоционални прашања од минатото кои влијаат на вашата способност да се опуштите и да уживате во романсата. Можеби ќе се чувствувате поповлечено или ќе имате потреба од поголема емоционална сигурност.

На 7 април Меркур се буди од ретроградниот сон и тргнува директно во риби, па зборовите стануваат песни, а пораките се полни со копнеж. Ќе почувствувате порив да изразите чувства што сте ги чувале долго време и можеби ќе го направите тоа на најпоетичен можен начин – во раните утрински часови, со глас што трепери од искреност. Ако сте сингл, очекувајте флерт кој започнува преку порака, а завршува со страсна ноќ.

На 13 април и Венера станува директна. За оние што се во врска, ова е месец кога ќе почувствувате дека саканата личност повторно станува ваш најсилен сојузник. Сингл сте? Подгответе се за љубов која ќе ве растопи полека, како чоколадо на топла дланка.

Полната месечина во вага на 13 април го осветлува вашето друштвено небо, односно 11-тата куќа пламти со гламур и кокетирање. Ќе заблескате на некоја прослава или спонтано дружење, и ќе фатите нечиј поглед кој похотно ве одмерува. Стрелците во врска ќе откријат дека времето поминато со партнерот во големо друштво може да ја запали повторно љубовната искра – еден танц, еден случаен бакнеж, еден поглед низ толпата ќе кажува „Ти си сè што ми треба.“

На 16 април со Меркур во овен, сè станува смело, вжарено и игриво. Зборовите се претвораат во допири, а допирите во интимни игри што се паметат засекогаш. Ќе зборувате без цензура, ќе флертувате како да сте во романтичен филм и ќе чувствувате дека љубовта е игра што сакате да ја играте без престан. Вашиот хумор ќе биде афродизијак. За паровите, ова е совршен период за да го разгорите пламенот – со „валкани“ шеги, спонтани патувања и вечери кои почнуваат нежно, а завршуваат со истуткани чаршафи.

На 18 април, кога Марс влегува во лав, очекувајте авантури со доза на драматичност. Можеби ќе се впуштите во романса со некој од друга култура, со акцент кој ве возбудува, или со личност што има огнено срце како вашето. За сингл душите, некое патување може да донесе искра што брзо станува пламен. За заљубените, овој транзит носи желба за романтично бегство. Замислете си: само вие двајца, на некое магично место каде времето стои во место.

Сонцето на 19 април влегува во бик, активирајќи ја вашата 6-та куќа. На површина излегува сензуалноста во секојдневните моменти – шолја кафе со саканиот, допир на раката додека готвите заедно, или нежен бакнеж пред работа што ве разнежува низ целиот ден. Ако сте сингл, можно е љубовта да се појави токму таму каде не очекувате – на пазарување, во фитнес студио, или преку случајна помош од странец со неодолива насмевка.

Младата месечина на 27 април во бик ви дава можност да започнете нешто ново, нешто стабилно и длабоко. Ако срцето ви е отворено, љубовта ќе најде пат до вас – не тивко, туку со музика, со вино, со спонтана прегратка сред плоштад. За оние во врска, ова е одлично време да планирате заеднички чекор напред – да се преселите заедно, да вдомите миленик, или едноставно да кажете „Те сакам“ со нова доза искреност.

На 30 април, кога Венера влегува во овен и ја осветлува повторно вашата 5-та куќа, љубовта ќе стане огнена, експлозивна, вртоглава. Ќе сакате страст, возбуда, игра – љубов што се живее во сегашниот момент, без задршка. Секоја вечер може да биде сцена од филм, секоја порака предигра, секоја прегратка покана за повеќе. Вашето срце ќе чука гласно и ќе ве поведе кон некого што ве гледа како комета, како нешто ретко што не може да се заборави.

Пари и работа

Вашиот фокус на почетокот на април е насочен кон креативни проекти, себеизразување и можеби шпекулативни потфати, бидејќи Сонцето е во овен, вашата 5-та куќа, до 19 април. Ова е период кога вашата самодоверба може да ви помогне да преземете одредени ризици или да ги покажете вашите таленти на похрабар начин.

Сепак, ретроградниот Меркур (до 7 април) и ретроградната Венера (до 13 април) може да донесат одложувања или конфузија поврзани со работа од дома, семеен бизнис или инвестиции во недвижнини. Можеби ќе треба да ги преиспитате вашите основни финансиски планови или да решите некои прашања поврзани со сигурноста пред да преземете големи професионални чекори.

Меркур на 7 април ќе премине во директно движење во вашата 4-та куќа на домот и внатрешната стабилност, носејќи можност за решавање на финансиски прашања поврзани со недвижности, семејни инвестиции или долгогодишни долгови.

На 13 април полната месечина во вага ја осветлува вашата 11-та куќа на тимската работа и долгорочните цели. Можно е некој проект во кој сте вложиле многу труд конечно да даде резултати, особено преку поддршка од соработници или претпоставени. Очекувајте финансиска понуда, можеби и неочекуван бонус.

Истиот ден, Венера преминува во директно движење во риби, што дополнително го зајакнува вашето чувство за самовредност. Ќе знаете што заслужувате и нема да се плашите да го побарате. Ова е одлично време да преговарате за плата или да побарате нова работна позиција.

На 16 април Меркур влегува во овен, активирајќи ја вашата 5-та куќа. Ќе се појави нова идеја или деловна можност поврзана со креативност, забава, па дури и дигитални медиуми или уметност. Вие ќе бидете во центарот на вниманието, што носи потенцијал за дополнителна заработка преку хоби или страничен проект.

Марс на 18 април влегува во лав и ја активира вашата 9-та куќа на експанзијата, патувањата и високото образование. Можеби ќе започнете соработка со странска компанија, ќе добиете понуда за работа во друга земја, или ќе завршите курс кој ви го отвора патот кон нова кариера.

Со влегувањето на Сонцето во бик на 19 април, се активира вашата 6-та куќа на секојдневната работа и организираноста. Ќе почувствувате нова енергија и амбиција. Ова е одличен момент за воведување нов систем на организирање на задачите, прифаќање на нов проект или започнување со интервјуа за вработување.

Младата месечина во бик на 27 април го отвора патот за ново вработување или почеток на работен проект кој ќе донесе финансиска стабилност на долг рок. Не потценувајте идеја што ви изгледа мала, бидејќи во добри услови таа може да донесе значителен приход.

На 30 април Венера влегува во овен, повторно акцентирајќи ја важноста на креативноста во вашата работа. Ако сте уметник, дизајнер или работите со деца, ова е месецот кога ќе блеснете. Финансиска награда може да дојде преку нешто што ви носи и задоволство.

Во април ќе добиете шанса да ги вратите старите долгови, да ги стабилизирате буџетите и дури да почнете со штедење. Особено ќе бидете успешни во вложување во образовни или креативни проекти кои имаат потенцијал за долгорочна добивка.

Размислувајте практично, но не се плашете да вложите и во нешто што ве инспирира. Финансиската добивка во април не доаѓа само преку труд, туку и преку храброст да зачекорите во непознато.

Здравје

Април е месец кој ве поттикнува да најдете рамнотежа помеѓу вашата желба за забава и авантура и потребата за воспоставување на здрави и одржливи рутини.

Вашата енергија на почетокот на месецов е огромна, благодарение на Сонцето кое ќе престојува во огнениот овен до 19 април. Ова ве поттикнува на физичка активност, спорт, танц и секаков вид на забава која го движи вашето тело.

Сепак, ретроградните Меркур и Венера до 13 април може да донесат потреба за повеќе одмор и грижа за емоционалното здравје. Стресот поврзан со домот или семејството може да се одрази на вашата благосостојба. Најдете време за релаксација дома и негувајте го вашето внатрешно чувство на сигурност.

Полната месечина во вага на 13 април ја активира вашата 11-та куќа. Важно е да најдете рамнотежа помеѓу социјалниот живот и времето за себе. Преголемата друштвеност може да биде исцрпувачка. Најдете време за активности кои ве смируваат и ви помагаат да го одржите внатрешниот мир.

Влегувањето на Марс во лав на 18 април носи огромен стимул за физичката енергија и желбата за авантура. Патувањата и активностите на отворено ќе ви бидат многу привлечни. Ова е одлично време за спортски активности кои бараат издржливост. Сепак, бидете внимателни да не преземате непотребни ризици, бидејќи деветтата куќа владее и со несреќи при патување.

На 19 април Сонцето влегува во бик, вашата 6-та куќа поврзана со здравје, велнес и рутини. Ова е вашиот повик да се фокусирате на грижата за себе на практичен начин. Воспоставете здрави рутини за исхрана и вежбање и закажете ги сите потребни превентивни лекарски прегледи.

2025 година

Љубов

2025 година носи љубовни искушенија, возбудливи авантури и експлозивни страсни моменти за стрелците. Едноставно е – вашето срце ќе биде отворено за нови искуства. Ова е година кога љубовта ќе ве поведе на патување исполнето со страст, романтични игри и неочекувани пресврти. Ќе почувствувате дека љубовниот живот добива нова димензија, исполнета со емоции кои го скокоткаат срцето и авантуристички дух.

На почетокот на годината, поконкретно на 3 јануари, Венера во риби ќе ја активира вашата 4-та куќа на домот и семејството до 4 февруари. Љубовта ќе биде поврзана со интимни моменти и создавање на хармонија зад затворени врати. Можно е токму за време на празничната сезона да се израдувате на предлог за брак, вест за бременост или разговори за преселување или потомство. Сингл сте? Венера ќе ве поврзе со некој кој е посветен на фамилијата и ги гледа блиските како роса на дланка.

На 4 февруари Венера преминува во овен, вашата 5-та куќа на романтиката и страста. Љубовниот живот ќе добие огнена енергија и ќе биде исполнет со возбуда и неочекувани авантури. Стрелците кои се во врска ќе ја оживеат искрата со страсни допири и романтични изненадувања, додека слободните стрелци ќе се најдат во ситуации исполнети со флерт и заемна привлечност.

Младата месечина во Водолија на 29 јануари ќе настапи во вашата 3-та куќа на комуникацијата. Љубовта ќе се изразува преку зборови – искрени пораки, љубовни писма и долги разговори. Ова е идеално време за запознавање нови луѓе преку заеднички интереси или патувања.

Ретроградната Венера во овен од 2 до 27 март ќе ви донесе шанса да се вратите на стари љубовни приказни. Ова е време за размислување за тоа што навистина ви е важно во љубовта. Веројатно ќе се појави поранешен партнер да ве искушува или ќе почувствувате желба за финално затворање на нерешени љубовни прашања.

Соларната еклипса во овен на 29 март ќе донесе пресврт во вашиот љубовен живот. За паровите, ова е ден за важни одлуки како свршувачка, заедничко живеење или планирање на деца. За слободните стрелци, ова е период кога може да се појави љубов која ќе ги изненади со интензитетот.

На 18 април Марс ќе премине во лав, вашата 9-та куќа на патувањата. Ова движење ќе донесе романтични авантури на егзотични локации. Ако сте во врска, патувањата ќе го разбудат вашиот љубовен дух, додека слободните стрелци ќе имаат шанса да запознаат личност која ги инспирира во сите сфери на животот.

Полната месечина во шкорпија на 12 мај ќе ја осветли вашата 12-та куќа на интроспекцијата. Ова е период на длабоки емоции и размислување за љубовта. Ќе се чувствувате подготвени да го оставите минатото зад себе и да направите простор за нови, повозбудливи врски.

На 4 јули Венера ќе влезе во близнаци, носејќи леснотија и забава во љубовта. Ќе чувствувате потреба да експериментирате и да внесете новини во врската. За слободните стрелци, ова е време на бројни можности за љубовни средби преку патувања или друштвени настани.

Соларната еклипса во девица на 21 септември ќе ја осветлува вашата 10-та куќа на кариерата. Постои голема шанса да запознаете личност преку вашите професионални активности или неочекувано да откриете романса со колега. Паровите ќе најдат баланс помеѓу личните и професионалните аспекти, создавајќи хармонија во односите.

Венера во стрелец на 30 ноември ќе ја активира вашата 1-ва куќа на личноста, носејќи харизма и магнетизам. Ќе бидете центар на вниманието, а љубовниот живот ќе блесне со нова енергија. За паровите, ова е време за повторно откривање на љубовта, додека слободните стрелци ќе имаат шанса за нови врски со огномет од страст. Венера во вашата 1-ва куќа ќе продолжи да носи магнетска привлечност и радост.

Ќе ја завршите 2025 година подготвени за нови љубовни поглавја.

Пари и кариера

Во 2025 година ќе ви се отвораат врати за унапредувања, нови позиции и профитабилни вложувања. Ѕвездите носат финансиска стабилност и можности за брзи пари, но и шанса за долгорочен успех преку паметно планирање и иницијатива.

На почетокот на годината, ретроградниот Марс во рак ќе ја активира вашата 8-ма куќа на заедничките ресурси и инвестициите. Во периодот од 6 јануари до 24 февруари ќе размислувате за ревизија на вашите финансиски стратегии и долгогодишни вложувања. Ако имате партнерски проекти или заеднички финансии со други лица, ќе биде важно да направите корекции кои носат стабилност. Постои можност за враќање на стар долг или профит од претходни вложувања.

Со Јупитер кој преминува во директно движење во близнаци на 4 февруари, вашата 7-ма куќа на партнерствата добива нова енергија. Ова е период за профитабилни деловни партнерства и договори. Ќе почувствувате дека работата со други луѓе носи поголем успех од индивидуалните напори. Оние што бараат нови работни позиции ќе добијат одлични понуди, особено во области кои вклучуваат комуникација, маркетинг или меѓународни соработки.

Соларната еклипса во овен на 29 март ќе ја активира вашата 5-та куќа на креативноста и иновациите. Ова движење ќе донесе нови и профитабилни проекти кои можат да го трансформираат вашиот професионален живот. Ако сте размислувале за започнување сопствен бизнис или за преземање на лидерска улога, ова е идеално време за тоа. Вашата креативност и амбиција ќе бидат наградени со зголемен приход.

На 30 април Венера влегува во овен, дополнително нагласувајќи ја вашата 5-та куќа. Ова движење носи можности за брза заработка преку иновативни проекти. Ако работите во уметноста, технологијата или маркетингот, вашиот труд ќе биде препознаен и награден. Може да очекувате бонуси или финансиски награди за успешно завршени проекти.

Со влегувањето на Марс во лав на 18 април, ќе дојде до израз вашата 9-та куќа на експанзијата. Ова е време кога ќе се појават можности за заработка преку меѓународни соработки, патувања или едукација. Ако сте размислувале за дополнителна обука, овој период ќе ви помогне да го проширите вашиот професионален профил и да привлечете повисоко платени позиции.

На 9 јуни Јупитер влегува во рак и ја активира вашата 8-ма куќа на заедничките ресурси. Ова движење носи можности за финансиски добивки од недвижности, наследства или заеднички вложувања. Ако сте размислувале за купување или продажба на имот, ова е време кога ќе најдете профитабилни услови. Вашата финансиска состојба ќе добие значителен стимул.

На 31 јули Венера влегува во рак, носејќи стабилност и хармонија во вашите финансии. Ќе бидете мотивирани да вложите во сигурни проекти кои носат долгорочна добивка. Постои шанса за дополнителна заработка преку партнерски вложувања или деловни соработки.

Соларната еклипса во девица на 21 септември ја активира вашата 10-та куќа на кариерата. Ова е време на големи промени и можности за напредок. Оние што бараат унапредување ќе бидат препознаени за нивните напори и може да добијат нова позиција која носи значителна заработка. Ако сте размислувале за промена на кариерата, ова е одличен момент за тоа.

Полната месечина во бик на 5 ноември ќе ја активира вашата 6-та куќа на рутините. Ова е момент за завршување на важни проекти и добивање на награди за вашиот труд. Ќе станете поорганизирани и подетално ќе го планирате секој деловен потег.

На 30 ноември Венера влегува во вашиот знак. Ќе зрачите со самодоверба и ќе привлекувате нови можности за заработка. Вашата харизма и професионализам ќе бидат препознаени, што ќе доведе до нови деловни партнерства и зголемени приходи.

Марс со влегувањето во јарец на 15 декември ќе ја акцентира вашата 2-ра куќа на парите. Ова движење ќе ве мотивира да се фокусирате на зголемување на вашите приходи. Ќе бидете подготвени да работите напорно за да ги постигнете вашите финансиски цели. Постои можност за добивање бонуси или зголемување на платата.

Кон крајот на годината, ќе се почувствувате задоволни со вашите достигнувања и подготвени за нови предизвици во 2026-та.

Здравје

2025 година носи моменти на зголемена енергија, но и потреба за одмор и превентивна грижа.

Од 6 јануари до 24 февруари ретроградниот Марс во рак ќе ве поттикне да се фокусирате на одмор и грижа за емоциите. Ова е време за прочистување на умот и ослободување од стресот преку медитација или релаксациски активности како пливање или пешачење во природа.

Младата месечина во водолија на 29 јануари ќе внесе свежа енергија во вашиот живот, мотивирајќи ве да започнете нови активности кои комбинираат физичка активност и ментална релаксација, како јога или танц.

Соларната еклипса во овен на 29 март ќе отвори можности за воведување здрави промени. Ова е одлично време за нови фитнес програми или исхрана која ќе ве исполни со енергија. Вашата мотивација ќе биде висока, а резултатите ќе бидат видливи брзо.

Со Марс кој влегува во лав на 18 април, вашата виталност ќе се зголеми. Ова е идеално време за активности на отворено и спортови кои ја стимулираат вашата енергија. Ќе почувствувате како вашето тело и ум се синхронизираат, носејќи ви нови бранови сила и подготвеност за предизвици.

Јупитер, кој на 9 јуни влегува во рак, дополнително ќе ја нагласи важноста на вашето емоционално здравје. Овој транзит ќе ве поттикне да истражувате холистички методи за подобрување на целокупното здравје. Акупунктура, ароматерапија или други алтернативни терапии може да бидат токму она што ви е потребно за воспоставување на комплетна рамнотежа. Во летните месеци, ќе бидете инспирирани за активности што комбинираат забава и физичка кондиција. Патувањата и авантурите ќе ја поттикнат вашата ментална свежина и ќе ви донесат радост.

Соларната еклипса во девица на 21 септември ќе ве охрабри да воведете ред во вашите здравствени навики. Ќе почувствувате потреба за ригорозен распоред, редовни оброци и доволен сон. Ова е идеален период за редовни медицински прегледи и воведување нови здравствени рутини кои ќе ви помогнат да останете стабилни и енергични.

На 30 ноември Венера влегува во вашиот знак, носејќи харизма и виталност. Ова ќе биде време кога ќе се чувствувате најдобро во својата кожа, а вашиот ентузијазам за животот ќе биде заразен.

Марс во јарец од 15 декември ќе ви донесе дисциплинираност и фокусираност, особено кога станува збор за вашето физичко здравје. Ќе бидете подготвени да преземете долгорочни чекори за да го зајакнете телото.

Ќе ја завршите годината со чувство на благодарност за постигнатото.

Општи карактеристики за стрелец

Ведрите стрелци се управувани од Јупитер - најголемата планета од сончевиот систем. Во древната римска митологија, Јупитер е водич на Боговите. Јупитер е „веселата“ планета полна со енергија и доверба. Многу често стрелците ги примаат карактеристиките на Јупитер.

Ако вашиот хороскопски знак е стрелец, вие имате слободен дух, оптимисти сте, секогаш отворени за нови идеи и амбициозни. Вашата најголема цел е да ја откриете смислата на животот и многу често ја барате во филозофијата и религијата. Мудри сте и не сакате да следите точно определени цели, планирани со време. Сакате да бидете слободни за да може да го правите она што го сакате без никакви ограничувања. Независни сте, но многу често сте агресивни и импулсивни. Понекогаш таа ваша желба за слобода ве прави егоисти.

Стрелецот е спротивен знак на близнаци. На близнаците им се допаѓа да научат различни работи наеднаш, додека вие како стрелец преферирате да навлезете длабоко во темата која сте ја избрале. Карактеристичен за вас е големиот оптимизам, а вашата вера дека секогаш е добро да се направи чекор напред ви дава можност да напредувате. Тоа пак од своја страна понекогаш ве прави и пребрзани и невнимателни.

Вие сте најсреќни во широко отворени пространства, каде што има многу авантури и возбуда. Обожавате патувања и духовни учења - еден друг вид патувања, смели сте и во авантуристички дух. Секогаш кога раскажувате за тие ваши авантури малку преувеличувате, но тоа е со цел да ги забавувате вашите пријатели.

Секогаш се стремите да исполнете некаква огромна цел. Дури и кога нема да успеете не останувате на дното, а од тоа извлекувате некаква животна лекција и секогаш ги инспирирате другите со приказни за вашето искуство. Знаете да ја предавате својата енергија и знаење на луѓето околу вас и тоа ве прави добри учители.

Во слободното време сакате да се занимавате со спортски активности и ги сакате предизвиците, особено интелектуалните. Стрелецот управува со бедрата и нозете и поради тоа вие веројатно многу често страдате од болки во нозете.

Во љубовните односи вие сте авантуристи и не сте пример за верност. Многу тешко правите компромиси и имате потреба од комплименти. Искрени сте, меѓутоа вашата искреност не е секогаш добра. Многу често со тоа ги повредувате чувствата на другите. Имате милиони проекти, хобија и пријатели. Колку повеќе, толку повесело. Иако сте секогаш возбудени кога имате нов проект или пријателство, не секогаш го завршувате она што сте го започнале.

Симбол:
Стрелец

Симболизира:
Долги авантури, филозофија, закони, религија, трговија со други држави, живот на отворено, физички вежби, јавање, голема брзина, мудрост, независност.

Елемент:
Оган

Планета:
Јупитер – планетата на среќата и експанзијата.

Ден од седмицата:
Четврток

Боја:
Сина

Број:
1, 3 и 4.

Скапоцени камења:
Топаз, сафир, аметист.

Најдобри професии:
Учители, истражувачи, спортисти, новинари, пилоти, стјуардеси, адвокати, патнички агенти, туроператори, дипломати, теолози, свештеници, преведувачи, трговски претставници.

За да се спријателите со нив:
Придружете им се во авантурите! Во спротивно ќе бидете игнорирани.

Дел од телото:
Бедро, црн дроб.

Добри карактеристики:
Чесни, фер, оптимисти, ентузијасти, посветени, љубители на авантурите, весели, независни, сакаат слобода, идеалисти, горди, љубители на спортот, сакаат да се движат, љубезни.

Лоши карактеристики:
Склони да спорат и да ги поучуваат другите, неразумни, нетактични, премногу самоуверени, преувеличуваат, екстремисти, невнимателни, неодговорни, егоисти, радикални.

Карактеристики по кои ќе ги познаете:
Силни нозе, очи кои се смеат, комична физиономија.

Омилени работи:
Смели работи, флертување, миленичиња, поп музика, меѓународни патувања, смеа, караоке, книги, приказни кои инспирираат.

Работи кои ги мразат:
Предрасуди, рутини, правила, досада, зборовите „не можам“, сериозност.

Можете да ги најдете:
Како организираат шоу за таленти; како кажуваат несоодветни шеги на состанок; патувајќи низ Јужна Америка.

Скриена желба:
Да ги создаваат правилата!

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 24799 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.