Девица (23. VIII – 22. IX)

Недела, 13 Април 2025

Преиспитајте го вашиот однос кон парите, можеби носите погрешни одлуки? Полната месечина ќе настапи во вашата 2-ра куќа и ве повикува да бидете финансиски поодговорни. Дали давате премногу, кога добивате премалку за возврат? Размислете!

Во меѓувреме хармоничната Венера ќе премине во директно движење во вашата 7-ма куќа, обојувајќи го вашиот живот во бојата на љубовта. Срцето ќе ви порасне двојно.

Април, 2025

Љубов

Април ви пристигнува како сладок, нежен повик за будење на срцето. Вашата чувствителност се засилува, интуицијата се изострува, а желбата за емоционална блискост станува понагласена.

Партнерствата се главна тема на почетокот на април, но со ретрограден пресврт. Вашиот владетел Меркур е ретрограден во вашата 7-ма куќа на сериозните партнерства до 7 април, а и Венера е ретроградна во истата куќа до 13 април. Ова може да донесе враќање на бивши партнери, недоразбирања во комуникацијата или потреба да се преиспитаат постоечките договори и очекувања во врската.

Овој ретрограден период ве тера да размислите што навистина сакате од врската. Дали постојат нерешени прашања од минатото? Дали вие и вашиот партнер сте на иста бранова должина? Наместо да носите избрзани одлуки, искористете го овој период за искрени разговори и за редефинирање на односот.

На 7 април Меркур преминува во директно движење. Ако претходно постоела дистанца, недоразбирање или тајна болка, сега е време за помирување, топли разговори и нова поврзаност. Ќе се чувствувате како некој да ви ги чита мислите.

На 13 април и Венера станува директна, носејќи со себе магнетска привлечност и сензуална хармонија во вашите односи. Сè што ќе кажете или направите има одек во срцето на другиот. Дури и најобичниот поглед или допир може да прерасне во тивка игра на заведување. Ако сте сингл, токму сега некој може да ви го привлече вниманието преку неочекуван флерт, виртуелна размена или случајна средба со длабоко значење. Нешто се буди – возможно е тоа да е привлечност што долго се таела.

Полната месечина во вага на 13 април ја активира вашата 2-ра куќа на самопочитта и личните вредности. Ќе почувствувате дека е време да престанете да се криете и да си дозволите повеќе интимност. Вашата префинета сензуалност ќе биде забележана – можеби повеќе отколку што си мислите. Можно е некој кој ве набљудува подолго време конечно да се осмели да направи потег.

На 16 април Меркур влегува во овен, активирајќи ја вашата 8-ма куќа на страста и трансформацијата. Разговорите стануваат поотворени, флертот поексплицитен, а желбата за интимност силно присутна. Ќе се впуштите во разговори што ќе имаат длабока еротска подлога, дури и ако на прв поглед изгледаат наивно. Ако сте во врска, ова е време кога ќе истражувате нови димензии на страст со партнерот. Ако сте слободни, некој нов може да ве заведе со зборови што директно ја погодуваат вашата душа.

На 18 април Марс, планетата на страста, влегува во лав, активирајќи ја вашата 12-та куќа. Овој транзит носи скриени привлечности, тајни желби и можеби неочекувано приближување со личност за која не сте мислеле дека може да ве погледне на романтичен начин. Можно е да започнете врска што на почеток ќе сакате да ја чувате само за себе, како интимна тајна што се развива зад затворени врати. Ќе почувствувате дека не мора сè да се знае веднаш – некои љубови се поубави кога зреат во тишина.

Сонцето влегува во бик на 19 април, отворајќи ја вашата 9-та куќа на патувањата. Можна е романса со личност од друга култура, патување што ќе донесе ново срце во вашиот живот или врска на далечина што добива поинтензивен тек. Ќе сакате да запознаете некого со кого љубовта не е само спојување на две тела – туку и на визии, соништа и искуства.

Младата месечина во бик на 27 април носи нов почеток и патувачки авантури со романтична нота или запознавање на некој во авион, на семинар или пак преку онлајн платформа. Ова е енергетски пресврт за вас – љубовта може да ви се појави од сосема неочекуван правец, и тоа со сензација која нема да ви дозволи да мислите трезвено.

На 30 април Венера влегува во овен, па месецот завршува со длабока привлечност, страсни средби и можност за љубов која нема само романтична туку и трансформативна моќ. Вашата енергија ќе биде неодолива. Очекувајте допири што зборуваат, погледи што распламтуваат и предлози што ќе ве изненадат.

Ќе се чувствувате посакувано, независно дали сте сингл или во врска. Можеби и не знаете, но имате повеќе тајни обожаватели отколку што претпоставувате. Доволно е само да се појавите и магијата ќе почнува. А оние кои се веќе во врска, ќе добијат нов бран романтика што ќе ги потсети зошто првично се заљубиле.

Пари и работа

Почетокот на април ве затекнува со нејасна финансиска слика, но веќе на 7 април, кога Меркур преминува во директно движење во риби, вашата 7-ма куќа на деловните партнерства, ситуацијата почнува да се разбиструва. Ќе се појават одложени договори, ќе се ревидираат услови кои веќе ви биле понудени и ќе можете да направите поцврсти деловни врски. Ако работите со клиенти или сте во сфера каде е важна комуникацијата, сега ќе се отвори нов канал на заработка.

На 13 април полната месечина во вага ја активира вашата 2-ра куќа на приходите и самовреднувањето. Ова е важен момент за финансиска пресметка. Ќе дојдете до точка кога ќе можете да финиширате некоја задача, да вратите долг или конечно да добиете бонус за претходен труд. Вашата упорност и прецизност ќе се исплатат, особено ако сте барале начин да монетизирате некој талент кој долго го потценувавте.

На истиот ден, Венера преминува во директно движење. Тоа ќе отвори простор за поддршка од некој влијателен партнер, ментор или соработник. Можно е да добиете покана за нов проект, соработка од странство или нешто што се базира на креативност и хармонија.

На 16 април Меркур влегува во овен, вашата 8-ма куќа на заедничките финансии и инвестициите. Ова ве води кон теми како даноци, позајмици, капитални вложувања или добивка преку други луѓе. Може да добиете позитивен одговор за кредит, наследство или дури и неочекувана поддршка од партнерот, кој одлучува да инвестира во ваша визија.

Марс влегува во лав на 18 април, активирајќи ја вашата 12-та куќа. Ова е знак дека треба да работите зад сцената, на нешто што сè уште не е за јавност. Проект во развој, подготовка за нова работа, истражување или фриленс ангажман може да ве натера да се фокусирате целосно. Не очекувајте веднаш резултати, но знајте дека овој труд ќе биде основа за голем исчекор во мај.

На 19 април Сонцето влегува во бик, осветлувајќи ја вашата 9-та куќа на високото образование, патувањата и правните прашања. Можно е да започнете курс, да аплицирате за едукација, или да добиете шанса за работа со странски клиенти. Вашата перспектива се шири и ќе ја гледате кариерата како поле за развивање и реализирање на нови визии.

Младата месечина на 27 април е совршен момент да започнете нешто ново – апликација за виза, грант или меѓународна конференција може да ви се исплати повеќе одошто очекувате. Во исто време, ако сте фриленсер, ова е одличен период за проширување на клиентелата или создавање личен бренд.

На 30 април Венера влегува во овен и ја осветлува вашата 8-ма куќа. Финансиски, ова носи интензивни разговори и можност за добивка преку инвестиции или партнерски бизнис. Може да добиете понуда за работа која подразбира процент, што долгорочно ќе ви донесе стабилност. Оние од вас кои се во процес на наследство или имотно-правни трансакции, ќе видат прогрес и фер решенија.

На крајот од месецот, финансиската слика ќе биде побистра, а вие ќе бидете посамоуверени. Можеби нема да биде месец на големи пари, но ќе биде период во кој се поставуваат темелите за стабилна иднина и нови извори на приходи. И најважно – ќе научите да цените повеќе што давате, а не само што добивате.

Здравје

Во април клучен аспект за вас ќе биде грижата за менталната чистота – ограничете ја изложеноста на токсични луѓе, прекумерни обврски и дигитален шум. Природата, свежиот воздух и времето во тишина ќе делуваат повеќе од кој било лек. Ако вложите време во себе, вашето тело ќе ви возврати со енергија, ведрина и стабилност.

На 7 април Меркур преминува во директно движење. Ова може да донесе олеснување ако сте се соочувале со напнатост, замор или хронични состојби поврзани со стрес. Ќе почувствувате како нештата конечно се стабилизираат, но важно е да не се претерува со обврските, бидејќи вашето тело сè уште е во процес на обновување.

На 13 април,полната месечина во вага ќе влијае на вашата 2-ра куќа, што често се поврзува со диетални навики и телесна состојба. Ова е идеален период за да се ослободите од нездрави рутини, без разлика дали станува збор за храна, недостаток на движење или емоционално прејадување. Можеби ќе почувствувате инспирација за започнување нов режим, поактивен живот или дури и детокс. Телото ќе ви биде благодарно за вниманието и грижата што ја покажувате.

На 19 април Сонцето влегува во бик, вашата 9-та куќа, носејќи со себе подготвеност за подобрување на здравјето преку нови пристапи: храна од друга култура, природна медицина, нова физичка активност. Вашиот дух бара знаење, но и баланс. Ќе добиете мотивација да се негувате на подлабоко ниво.

2025 година

Љубов

Ви претстои година на длабока страст, романтични авантури и интензивна љубов. Вашиот љубовен живот ќе биде исполнет со незаборавни моменти и огромна доза на магнетска привлечност, благодарение на планетарните движења на Венера, Марс и Јупитер. Љубовта ќе стане извор на инспирација и трансформација.

На самиот почеток на 2025 година, Венера ќе ја осветли вашата 7-ма куќа на партнерствата. Додека романтичната планета патува од 3 јануари до 4 февруари во вашиот сектор на сериозните врски, љубовта ќе биде во фокусот, а романтиката ќе цвета. Девиците кои се во врска ќе почувствуваат дека достигнале ново ниво на блискост со партнерот – секој бакнеж ќе биде како ветување за вечна љубов, а секој допир ќе буди длабоки емоции. За слободните девици, ова е период во кој се големи шансите да сретнат личност која ќе ги освои со својата харизма и емотивна длабочина. Љубовта ќе биде како магија што влегува во вашиот живот, носејќи моменти на топлина и страст кои ќе ви го исполнат срцето. Венера во риби ќе креира врски кои ќе бидат како поезија.

На 4 февруари Венера преминува во овен, активирајќи ја вашата 8-ма куќа на интимноста и трансформацијата. Ова движење ќе ја засили сексуалната енергија и вашата привлечност. Ако сте во врска, страста ќе достигне нови височини, а секоја интимна ноќ ќе биде полна со страсни моменти како од тајни еротски фантазии. Девиците со статус сингл ќе привлечат личност со која ќе почувствуваат огнена хемија – секој разговор и поглед ќе биде исполнет со еротска тензија.

Ретроградната Венера во овен од 2 до 27 март ќе ве поттикне да размислувате за минати врски. Можеби ќе се најдете во ситуација во која поранешен партнер ќе се врати во вашиот живот, носејќи со себе евоцирање на стари страсни моменти. Ќе почувствувате потреба да анализирате дали овие чувства сè уште имаат место во вашето срце или е време да се фокусирате на иднината. Во врска сте? Ова е период за емотивно прочистување и за обновување на страста со партнерот или со нова љубов.

Полната месечина во шкорпија на 12 мај ќе донесе драма во вашиот љубовен живот. Ако сте во врска, ќе сакате да ги изразите вашите емоции преку интензивни љубовни гестови, а за слободните девици ова е идеален момент за нови и возбудливи почетоци.

Јупитер во рак од 9 јуни ќе ја активира вашата 11-та куќа на пријателствата, носејќи можности за романса преку вашите социјални кругови. Љубовта ќе биде едноставна, но интензивна – ќе најдете личност со која ќе се чувствувате како да ја знаете цел живот. Ова е време кога секојдневните моменти, како заеднички прошетки или долги разговори, ќе станат длабоко романтични и значајни.

Со Марс во девица од 17 јуни, вашата 1-ва куќа ќе блесне со енергија и сексуален магнетизам. Ќе зрачите со самодоверба, па ќе заведувате со неверојатна леснотија. Вашата харизма ќе биде неодолива, а вашите насмевки/гестови ќе будат романтични чувства. Девиците што се во врска ќе внесат свежина и возбуда во односите со саканиот, додека слободните девици ќе имаат можност за страсни авантури кои ќе остават трајни спомени.

Соларната еклипса во девица на 21 септември ќе донесе значајни промени во вашиот љубовен живот. Ова е време за нови почетоци, за официјализирање на врски или за преиспитување на односите кои не ве исполнуваат. Ќе бидете охрабрени да се фокусирате на љубов која ве инспирира и ве прави подобра личност.

Полната месечина во бик на 5 ноември ќе ја активира вашата 9-та куќа на патувањата и визиите. Љубовта ќе ве инспирира да излезете од вашата комфорна зона. Ако сте во врска, ќе почувствувате желба да создадете спомени со партнерот во нови и егзотични места. Слободните девици може да запознаат личност која е од друга култура или има поинаков животен пристап, што ќе предизвика длабоки емоции.

Марс на 15 декември ќе ја активира вашата 5-та куќа на романтиката. Ќе внесете дисциплина во љубовните врски, но и доза на сериозност која носи стабилност. Љубовта ќе стане комбинација од нежност и посветеност, а секоја интимна ноќ ќе биде исполнета со длабока емоција и еротска привлечност. Сингл сте? Марс нема да ви дозволи да останете сами во студените декемвриски ноќи. Ќе потонете во прегратка од која нема да сакате да излезете.

Откако Венера ќе премине во јарец на 24 декември, љубовта ќе стане спонтана и игрива. Ќе сакате да експериментирате со нови начини на изразување чувства, било да е тоа преку романтични патувања или преку заеднички авантури со партнерот. Љубовниот живот ќе блеска со искри на страст и забава.

Со сите овие планетарни движења, 2025 година ќе биде година на љубовни пресврти, страст и романтика за девиците. Ќе откриете дека љубовта е повеќе од само емоција – таа е искуство кое ве трансформира и ве исполнува.

Пари и кариера

2025-та ќе биде година на смелост и финансиски напредок за девиците. Со вашата аналитичка способност и посветеност, ќе успеете да ги искористите сите можности што ви ги нудат ѕвездите и да ја поставите основата за уште поголеми успеси во иднината.

Ретроградниот Марс во рак од 6 јануари до 24 февруари ќе ве поттикне да се фокусирате на планирање и подготовка за професионален напредок. Ќе биде важно да бидете трпеливи, бидејќи наградите од овој труд ќе станат видливи подоцна во годината.

На 4 февруари Јупитер ќе премине во директно движење во близнаци, активирајќи ја вашата 10-та куќа на кариерата. Ова е време кога вашите напори ќе почнат да носат резултати. Ќе се отвораат нови можности за унапредување и преземање водечки позиции. Ако барате работа, периодот до 9 јуни е совршен за интервјуа и преговори. Вашата способност за прецизност и кроење на квалитетна стратегија ќе остави силен впечаток кај претпоставените.

Соларната еклипса во овен на 29 март ќе донесе финансиски пресврти и можности за зголемување на приходите. Оваа еклипса ја активира вашата 8-ма куќа на инвестициите и заеднички ресурси. Ова е одлично време за инвестирање, особено во недвижности или долгорочни фондови. Ако сте размислувале за продажба или купување имот, ова е моментот кога ќе најдете профитабилни договори.

Полната месечина во шкорпија на 12 мај ќе ја активира вашата 3-та куќа на комуникацијата. Ова е момент кога деловните договори и преговорите ќе завршуваат со успех. Ќе добиете информации или понуда која значително ќе ја зголеми вашата финансиска стабилност. Ова е одлично време за завршување проекти што ќе донесат непосредна заработка.

Јупитер кој влегува во рак на 9 јуни ќе ја активира вашата 11-та куќа на соработките и групните проекти. Овој транзит носи можности за големи финансиски добивки преку соработка со други. Ако работите во групни иницијативи или колаборативни проекти, приходите ќе се зголемат. Плус, средината на 2025 година е време кога може да добиете средства од неочекувани извори, како награди, грантови или дури пари од игри на среќа.

На 17 јуни Марс влегува во девица, осветлувајќи ја вашата 1-ва куќа на личноста. Ќе зрачите со самодоверба, што ќе ве направи магнет за професионални можности. Вашата харизма и способност да се организирате ќе бидат клучни за привлекување нови клиенти или за преземање лидерска улога во вашиот тим. Ова е одличен период за започнување нови проекти или за барање за покачување на платата.

На 21 септември соларната еклипса во девица ја активира вашата 1-ва куќа, носејќи лични и професионални можности. Ова е време за нови почетоци – ако размислувате за промена на кариерата или започнување нов бизнис, ова е идеалниот момент. Ќе почувствувате зголемена самодоверба и подготвеност да се посветите на нови предизвици, а финансиските награди нема да изостанат.

Со Венера во стрелец од 30 ноември, ќе биде потенцирана вашата 4-та куќа на домот и недвижностите. Ова е одлично време за инвестирање во недвижности или за реновирање на вашиот дом. Ако продавате имот, ќе добиете поволна цена која ќе го подобри вашиот финансиски биланс.

Кон крајот на годината, поточно на 15 декември, Марс влегува во јарец и ја активира вашата 5-та куќа на креативноста и ризиците. Ова движење носи можности за заработка преку иновативни проекти и храбри финансиски потфати. Ако играте игри на среќа или вложувате во нови идеи, ќе имате шанси за големи добивки.

Декември ќе биде период на финансиска стабилност и постигнување на долгорочни цели. Ќе ја завршите 2025 година со чувство на задоволство, бидејќи вашите напори ќе донесат не само финансиски добивки, туку и професионална исполнетост.

Здравје

Во 2025 година ќе бидете инспирирани да се посветите на физичкото и менталното здравје. Претстојните 12 месеци носат можности за подобрување на вашите животни навики, справување со стресот и наоѓање нова хармонија во вашиот живот.

На почетокот на годината, поточно од 6 јануари до 24 февруари, ретроградниот Марс во рак ја активира вашата 11-та куќа на социјалните активности и групните цели. Ова ќе биде период кога ќе почувствувате потреба да се одморите и да се повлечете од претераните обврски. Ќе биде важно да го слушате вашето тело и да избегнувате пренатрупување на обврски што може да доведат до исцрпеност. Фокусирајте се на техники за релаксација, како јога, медитација или длабоко дишење.

Јупитер во рак од 9 јуни ќе ја активира вашата 11-та куќа на социјалните кругови, носејќи позитивни промени во вашата околина. Ќе почувствувате поддршка од блиските, што ќе ви помогне да се справите со какви било здравствени предизвици. Ќе бидете инспирирани да учествувате во групни активности, како часови за фитнес или рекреативни спортови, што не само што ќе го подобрат вашето физичко здравје, туку и ќе ви донесат радост.

Откако на 17 јуни Марс ќе влезе во девица, вашата прва куќа ќе добие силен импулс на енергија. Ќе се чувствувате исполнети со виталност и желба за физичка активност. Ова е идеално време за воведување нов фитнес режим или започнување спортска активност што ќе го подобри вашето физичко здравје. Вашата мотивација ќе биде висока, што ќе ви помогне да постигнете значителни резултати во краток временски период.

Сатурн во риби од 1 септември ќе ја активира вашата 7-ма куќа на партнерствата, носејќи потреба за баланс во вашите односи. Здравјето ќе биде под влијание на емоционалната стабилност, па ќе биде важно да ги зајакнете вашите врски и да избегнувате токсични односи. Ако почувствувате стрес или анксиозност, разговорите со блиски лица или терапија ќе бидат корисни за враќање на хармонијата.

Соларната еклипса во девица, која ќе настапи на 21 септември, ќе внесе нова енергија во вашиот животен стил. Ќе почувствувате потреба за промени – било тоа да е промена во исхраната, воведување нови навики за спиење или фокусирање на вашиот ментален мир. Ова е одлично време за превентивни прегледи и за прифаќање холистички пристап кон здравјето.

Полната месечина во бик на 5 ноември ќе ја активира вашата 9-та куќа на патувањата и духовниот развој. Ќе почувствувате потреба да се фокусирате на вашето духовно здравје. Патувањата во природа или посета на места што ви носат мир и инспирација ќе бидат особено корисни за вашето ментално здравје.

На 15 декември Марс влегува во јарец, активирајќи ја вашата 5-та куќа на креативноста. Ова ќе биде време кога ќе се чувствувате мотивирани да се фокусирате на активности кои ве исполнуваат со радост и енергија. Танцување, уметност или други креативни изразувања ќе ви помогнат да го одржите емоционалниот баланс.

Во 2025 година, со комбинирање на традиционални и алтернативни пристапи, ќе успеете да го одржите вашето здравје на солидно ниво, додека ја зајакнувате вашата внатрешна сила и рамнотежа.

Општи карактеристики за девица

Девиците се управувани од Меркур – планетата на интелектот и комуникацијата. Ако вашиот знак е девица, тогаш сигурно сте многу љубопитни. Секогаш сакате да знаете сè до детали, потоа тоа го анализирате, формирајќи си свое мислење и преценка.

Многу сте слатки и наивни, но вашиот брз ум никогаш не пропушта ниту еден детаљ. Обожавате да анализирате сè! Фактички може да полудите, затоа што никогаш не престанувате да мислите. Одморете го малку вашиот ум решавајќи крстозбор, пишејќи приказна или подредувајќи го вашето биро.

Вие сте перфектен и прецизен работник, организирани сте и подредени. Поради вашиот перфекционизам, секогаш ги гледате грешките и недостатоците кај другите и понекогаш премногу ги критикувате вашите пријатели. Но, за сметка на тоа секогаш сте покрај нив кога имаат потреба од помош и никогаш не им велите „не“ кога им треба вашата услуга.

Секогаш внимателно ги слушате другите додека зборуваат и како резултат на тоа, секогаш им ги давате најдобрите совети. Вие сте од оние луѓе кои сакаат да им помагаат на другите, но никогаш не прифаќаат помош од нив. Оставете ги вашите пријатели да ви помогнат и да ве поддржат во тоа што го правите.

Во љубовта сте повеќе ладни и практични, отколку романтични. Како припадник на земјен знак уживате да бидете надвор, на отворено. Земјените знаци исто така се многу практични. Вие внимателно ги проценувате вашите одговори и никогаш не реагирате емоционално.

И за крај еден совет - пробајте да бидете малку поотворени кон луѓето околу вас. Не мора да бидете перфектни за другите да ве сакаат. Едноставно, бидете она што сте.

Симбол:
Девица

Симболизира:
Перфекционизам, аналитичност, логика, работливост, детализирање, потчинетост, ефикасност.

Елемент:
Земја

Планета:
Меркур – планетата на интелектот и комуникацијата. Во Римската митологија Меркур е пратеник на боговите, познат по своите аналитични способности. Тој е исто така познат по комуникациските способности, брзината и интелектот.

Ден од седмицата:
Среда

Боја:
Светло зелена

Број:
5

Скапоцени камења:
Сафир и топаз.

Најдобри професии:
Лекари, фармацевти, социјални работници, секретари, градежни работници, сметководители, библиотекари, медицински сестри и секакви работи поврзани со хигиена.

За да се спријателите со нив:
Поради тоа што ги сакаат деталите, покажете интерес кон оние детали, кои што обично не се забележуваат.

Дел од телото:
Стомак, половина, дигестивен систем.

Добри карактеристики:
Посветени, креативни, сакаат да помагаат, работливи, остроумни, практични, аналитични, перфекционисти, педантни, чисти, логични, остроумни.

Лоши карактеристики:
Самоуништувачки и самосожалувачки настроени, обожаваат да даваат совети и да ги затрупуваат другите со прашања, премногу критични, скептични, со комплекс за ниска вредност.

Карактеристики по кои ќе ги познаете:
Бебешко лице, скитнички очи кои ја анализираат секоја ситуација.

Омилени работи:
Лаптопи, списанија, да се тушираат долго време со ароматизирани сапуни, концерти на отворено, пријатели од детството.

Работи кои ги мразат:
Мрзливи или вулгарни луѓе, крчми, зачинета храна, да го напуштаат својот дом, несигурност, нејасни работи.

Можете да ги најдете:
Како ги чуваат децата на соседите; како ги исполнуваат обврските, од нивните бескрајно долги листи за работи кои што треба да ги направат; чистејќи перфектно без да остане ни една дамка.

Скриена желба:
Да бидат херои!

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 24798 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.