Лав (23. VII – 22. VIII)
Сабота, 22 Февруари 2025
Самодовербата ќе ви биде на максимум денес, па лесно ќе ги остварите вашите намери. Никој нема да ви одолее кога толку сигурно зборувате, се движите и гестикулирате. Луѓето ќе обожаваат да ве слушаат.
Внесете забава во вашето друштво. Зошто да чекате некој друг прв да стане да танцува кога тоа можете да го направите вие?
Февруари, 2025
Љубов
Февруари ќе ве постави во центарот на вниманието, токму онаму каде што припаѓате. Ѕвездите ви носат позитивни промени, а планетарните движења ви даваат моќ да донесете важни одлуки кои ќе ви ја обликуваат иднината. Време е да ги проширите вашите хоризонти и да ја искористите целата енергија што ви ја дава универзумот.
Месецот започнува со влегувањето на Венера во овен на 4 февруари, внесувајќи страст и авантура во вашиот љубовен живот. Ова движење ја осветлува вашата 9-та куќа на патувањата, учењето и новите перспективи, па можно е да запознаете личност од друга култура или да почувствувате желба за љубовна авантура надвор од вашата комфорна зона. Лавовите кои се во врска ќе сакаат да ја разбијат монотонијата и да внесат повеќе возбуда.
На 4 февруари Јупитер преминува во директно движење во близнаци, активирајќи ја вашата 11-та куќа на пријателствата и социјалните контакти. Љубовта може да дојде од вашиот пријателски круг или преку заеднички хобија со новиот додворувач. Ако сте сингл, некој пријател може да се претвори во романтичен партнер, а ако сте во врска, ова ќе биде месец во кој ќе чувствувате поддршка од партнерот во реализацијата на сите ваши соништа.
На 12 февруари полната месечина ќе настапи во вашиот знак, па очекувајте кулминација на донесувањето на важни љубовни одлуки. Ќе знаете точно што сакате во љубовта и нема да се задоволите со помалку од она што го заслужувате. Ова е совршен момент да направите смел љубовен чекор.
На 14 февруари, токму за Денот на вљубените, Меркур влегува во риби, потенцирајќи ја вашата 8-ма куќа на длабоките емоции и трансформацијата. Тоа носи интензивни разговори и можност да се поврзете на подлабоко ниво со партнерот. Ако сте сингл, можно е да ве привлече таинствена личност со магнетска енергија.
На 18 февруари Сонцето, вашата планета-владетел, влегува во риби, дополнително нагласувајќи ја 8-мата куќа на интимноста. Ова е период за страст, искреност и продлабочување на односите. Вашата емотивна поврзаност со саканата личност ќе биде посилна од кога било.
Марс на 24 февруари преминува во директно движење во рак, вашата 12-та куќа на потсвеста и скриените емоции. Огнената планета ќе ве натера да ги оставите сите љубовни сомнежи зад себе и да се фокусирате на иднината.
Младата месечина во риби на 28 февруари ќе означи нов почеток во љубовта. Ова е совршен момент за обновување на врската, простување, или започнување на нешто сосема ново и возбудливо.
Пари и кариера
Време е да го покажете вашиот препознатлив лидерски дух.
Февруари започнува со преминувањето на Венера во вашата 9-та куќа. Периодот по 4 февруари е совршен за инвестирање во учење, проширување на деловни хоризонти или планирање на нови проекти што ќе ве однесат на повисоко ниво во кариерата.
Јупитер на 4 февруари ќе премине во директно движење во вашиот сектор на групните активности и технологијата, носејќи можности за заработка преку тимски проекти, мрежни контакти и иновативни идеи. Ова е месец кога вашите социјални врски ќе ви донесат финансиски придобивки.
На 12 февруари полната месечина во вашиот знак ќе ви донесе професионално признание. Можно е да добиете унапредување, нова понуда или финансиски бонус за вашата досегашна работа.
Меркур во риби на 14 февруари ја активира вашата 8-ма куќа на заедничките финансии. Можно е да размислувате за инвестиции, заштеда или партнерски проекти што носат долгорочна добивка.
Сонцето во риби на 18 февруари дополнително ќе ја нагласи потребата да се фокусирате на финансиско планирање. Ова е момент кога ќе можете да направите паметни потези што ќе ви донесат парична стабилност.
На 24 февруари Марс ќе го прекине ретроградното движење и ќе ви даде енергија да решите стари финансиски предизвици и да се ослободите од сè што ве држело во место.
Младата месечина во риби на 28 февруари ќе ви отвори врати за нови можности во кариерата. Ова е време за потпишување договори, започнување на нови проекти и преземање ризици што носат голем профит.
Здравје
Направете големи чекори за подобро здравје! Јупитер на 4 февруари ќе премине во директно движење и ќе ви донесе позитивна енергија и мотивација да ги оставите нездравите навики зад себе.
Венера на истиот ден ќе премине во овен и ќе ве поттикне поредовно да практикувате физичка активност – можеби ќе сакате да пробате нов спорт или да се впуштите во авантуристички активности што ќе ви го зголемат адреналинот.
Меркур во риби на 14 февруари ќе ви помогне да ги слушнете сигналите на вашето тело. Ако сте го заобиколувале квалитетниот одмор, време е да направите пауза.
Марс на 24 февруари ќе премине во директно движење и ќе ви даде нова енергија, но и ќе ви покаже во кои сфери треба да внимавате. Задолжително редуцирајте го стресот.
2025 година
Љубов
2025-та ќе биде година на страст, длабоки емоции и незаборавни љубовни моменти. Под влијанието на Венера, Марс и Јупитер, вашиот љубовен живот ќе биде како сцена од романтичен филм – полн со интензитет, романтика и авантури. Подгответе се за љубов која ќе ве трогне до длабочините на срцето, а можеби и ќе ви го промени потполно животот.
На почетокот на годината, Венера ќе танцува низ риби од 3 јануари и ќе ја активира вашата 8-ма куќа на интимноста и трансформацијата. Периодот од 3 јануари до 4 февруари ќе биде исполнет со мистерија и сензуалност. Ако сте во врска, вашата интимност ќе се продлабочи, а секој допир и бакнеж ќе кажуваат многу за вашата посветеност да го одржувате љубовниот оган. Сингл сте? Ова е период кога брзо ќе за вљубувате и импулсивно ќе реагирате на флертувачките сигнали од вашите обожаватели.
На 4 февруари, Венера влегува во овен, осветлувајќи ја вашата 9-та куќа на авантурите. Љубовта станува поле за откривање нови светови. Ако сте во врска, ова е време за патувања што ќе внесат освежување во односите. Замислете долги прошетки низ непознати улици, уживање во прекрасни зајдисонца и моменти како од фантазиите... сето тоа може да биде дел од вашиот живот. Слободните лавови ќе привлечат лице со нетрадиционални гледишта на животот, а секоја средба ќе им биде исполнета со треперење од возбуда.
Ретроградната Венера во овен од 2 до 27 март ќе ве врати во минатото, поттикнувајќи ве да размислувате за стари љубови. Можеби ќе се појави некој од вашето минато, разгорувајќи ги спомените и страста што некогаш сте ја споделувале. Ова е време за интензивни разговори, долги средби очи в очи и моменти кои можат да го оживеат она што сте мислеле дека е изгубено.
Соларната еклипса на 29 март во овен предвидува нови почетоци во љубовта. Вашата 9-та куќа ќе блесне, носејќи ви храброст да го следите срцето и да ги изразите вистинските чувства. За паровите, ова ќе биде ден за кроење на нови заеднички планови, а за слободните лавови, љубовта може да дојде оддалеку, преку неочекувана средба или патување.
Од 18 април по влегувањето на Марс во лав, љубовниот живот ќе биде исполнет со страст и сексуална енергија. Ќе зрачите со харизма, а вашиот партнер ќе биде маѓепсан од вашата сила и самодоверба. Ова е време за страсни бакнежи, долги романтични ноќи и моменти на уживање кои ќе ги стимулираат сите ваши сетила.
Полната месечина во шкорпија на 12 мај ќе ја активира вашата 4-та куќа на домот и семејството, носејќи топлина и интимност. Ова е идеален период за создавање на романтична атмосфера дома со свеќи, сензуална музика и кулинарски специјалитети. За лавовите со статус сингл, ова е ден кога на своја кожа ќе почувствуваат дека љубовта може да се појави на најнеочекуваните места.
Од 25 август до 19 септември Венера ќе престојува во вашиот знак и ќе ве поттикне да се фокусирате на себе и на тоа како љубовта ви носи радост и задоволство. Ќе сакате да ги преиспитате вашите потреби и желби, додека ја разгорувате вашата внатрешна искра. Неспорно е дека ќе привлекувате со бомбастична енергија и заводливост на која никој не може да одолее. Ако сте во врска, ова е време за повторно поврзување и внесување на нова енергија во вашиот однос со саканиот.
Движењето на Марс низ стрелец од 4 ноември ќе донесе авантуристички дух и страст во вашиот љубовен живот, активирајќи ја вашата 5-та куќа на романтиката, забавата и креативноста. Љубовта ќе биде полна со возбуда и огнена енергија, а вашето срце ќе трепери со секој нов момент на страст. Ако сте во врска, ќе почувствувате потреба да го освежите односот со партнерот преку нови заеднички активности – од романтични патувања до неочекувани гестови. Бакнежите ќе бидат топли и исполнети со страст, секој допир ќе го буди огнот меѓу вас, а еротската хемија ќе достигнува кулминација.
Марс во стрелец ќе остане до 15 декември и ќе ја зголеми вашата желба за експериментирање во љубовта. Лавовите со статус сингл ќе се чувствуваат како магнет за додворувачи – ќе привлекувате личности со кои споделувате слична страст за животот и љубовта. Вашите разговори со нови познаници ќе бидат исполнети со флерт, хумор и атракција, што ќе доведе до романтични моменти исполнети со адреналин. Секој бакнеж со нова личност ќе биде како ветување за незаборавна авантура, а секој поглед ќе ве носи кон нови возбуди.
Крајот на годината ќе биде исполнет со љубовна еуфорија. Откако на 30 ноември Венера ќе премине во стрелец, вашата 5-та куќа на флертот, страста и романтиката, љубовта ќе добие игрива и авантуристичка енергија. Замислете си вечери на свеќи, моменти на непрекината смеа и интензивна блискост кои неминовно ќе водат до зацврстување на врската. Секој бакнеж ќе биде како прв – исполнет со страст и треперење.
2025 година ќе биде незаборавна за лавовите кога е во прашање љубовта. Страста, авантурите и длабоките емоции ќе ви бидат водечки теми. Подгответе се за љубов која го опфаќа целиот спектар – од романтични бакнежи до страсни ноќи, од нежност до силна, трансформативна енергија која ќе го обликува вашиот живот. Ќе ја финиширате годината со срце исполнето со љубов која ќе трае и трае и трае.
Пари и кариера
2025-та ќе биде година на деловни блесоци и успеси за лавовите во полето на кариерата и финансиската стабилност. Ќе имате можности да ги покажете вашите лидерски способности, да ги зголемите приходите и да го унапредите вашиот статус и во компанијата во која работите и во општеството. Ѕвездите ве поттикнуваат да бидете амбициозни и да го следите вашиот инстинкт за успех.
На почетокот на годината, ретроградниот Марс во рак од 6 јануари ќе ја активира вашата 12-та куќа на подготовките. Ова ќе биде време за работа зад сцената, завршување на недовршените проекти и поставување долгорочни цели. Иако периодот до 24 февруари може да изгледа тивок, ќе поставите темели за идни успеси. Избегнувајте импулсивни одлуки и фокусирајте се на деталите.
На 4 февруари, Јупитер ќе премине во директно движење во близнаци, акцентирајќи ја вашата 11-та куќа на тимската работа и бизнис мрежите. Ќе имате можности за проширување на контактите, вклучување во нови проекти и зајакнување на вашето влијание во професионалниот свет. Лавовите што бараат работа може да најдат идеално работно место преку познаници. Вашата способност за преговарање ќе ви донесе поволни договори и нови извори на приход.
Соларната еклипса во овен на 29 март ќе ја активира вашата 9-та куќа на визиите и експанзијата. Ова е ден за нови почетоци во кариерата – можеби ќе добиете можност за работа во странство, ќе се запишете на курс кој ќе го унапреди вашиот професионален профил или ќе започнете проект што ќе донесе значителни финансиски придобивки. Ќе бидете инспирирани да ризикувате и да преземете иницијатива за нешто што долго време го посакувате.
На 18 април Марс влегува во вашиот знак. Во периодот до 17 јуни ќе зрачите со харизма и самодоверба, што ќе ви помогне да го освоите вниманието на претпоставените и клиентите. Ќе бидете подготвени да ги покажете вашите способности и да го барате она што го заслужувате. Ова е идеално време за преговарање за покачување на платата или започнување нов бизнис.
Јупитер кој влегува во рак на 9 јуни ќе донесе чувство на сигурност и стабилност во вашиот финансиски живот. Ова движење на планетата на богатството и среќата ќе ве поттикне да се фокусирате на долгорочни инвестиции и да размислувате стратешки за вашите приходи. Ќе почувствувате зголемен прилив на пари преку стабилни извори, но ќе бидете инспирирани и да вложите во проекти што носат траен успех.
Полната месечина во шкорпија на 12 мај ќе ја активира вашата 4-та куќа на домот и стабилноста. Ова е време за завршување на големи финансиски трансакции, како купување или продажба на имот. Ќе почувствувате дека вашите напори конечно носат плод, а стабилноста што ја создавате ќе биде темел за иднината.
На 21 септември соларната еклипса во девица ќе ја осветли вашата 2-ра куќа на парите и ресурсите. Ова е период кога ќе се отвораат можности за зголемување на приходите. Можеби ќе добиете покачување, бонус или нова деловна понуда која значително ќе го подобри вашиот финансиски статус.
Со Венера во стрелец од 30 ноември, вашата 5-та куќа на креативноста ќе донесе можности за заработка преку проекти што го истакнуваат вашиот талент и страст. Ако работата ви е поврзана со уметност, забава или маркетинг, ќе добиете признание и финансиска награда за вашите напори. Ќе се чувствувате исполнето, бидејќи вашата креативност конечно ќе носи материјални резултати.
Ќе завршите 2025 година со јасна слика за тоа што сте постигнале и со планови за следниот голем успех.
Здравје
2025-та ќе биде година на воспоставување на баланс за вас, драги лавови.
На 6 јануари ретроградниот Марс во рак ја активира вашата 12-та куќа на интроспекцијата и одморот. Ќе почувствувате потреба да забавите и да се фокусирате на релаксација. Ова е одлично време за воведување медитација, јога или други методи за намалување на стресот. Ќе се ослободите од емоционалниот товар и ќе создадете ментална бистрина.
Откако на 18 април Марс ќе влезе во вашиот знак, ќе добиете силен поттик за практикување на редовна физичка активност. Ќе бидете полни со животна сила, што ќе ве инспирира да му се вратите на спортот или да започнете нов фитнес режим. Вашето тело ќе реагира позитивно на секоја активност што ќе ја преземете, па ова е одличен момент да ја зајакнете вашата физичка форма.
Јупитер во рак од 9 јуни ќе донесе можности за емоционално исцелување. Ќе ги истражувате длабоките емоции што сте ги потиснувале. Ова ќе биде период за лечење на стари рани и за воведување на рутини кои го одржуваат вашиот ментален и емоционален мир. Терапија, разговор со блиски или пишување дневник ќе бидат корисни алатки за воспоставување на внатрешна хармонија.
Соларната еклипса во девица на 21 септември ќе ја активира вашата 2-ра куќа на вредностите, носејќи важни сознанија за вашите здравствени навики. Ова е време кога ќе бидете инспирирани да ја ревидирате вашата исхрана и да го подобрите начинот на кој се грижите за вашето тело. Можеби ќе почувствувате потреба да започнете диета или да се фокусирате на храна што ви дава повеќе енергија.
На 15 декември Марс влегува во јарец, активирајќи ја вашата 6-та куќа на здравјето и рутините. Во последните две недели од 2025 година, ќе сакате да го структурирате начинот на живот и да воведете дисциплина во секојдневните активности. Редовните прегледи, физичката активност и добриот сон ќе ви станат приоритет. Ќе се чувствувате посилни и поспремни да се соочите со сите предизвици.
Со овие планетарни влијанија, 2025 година ви носи можности за целосна трансформација на здравјето. Ќе имате шанса да создадете навики што ќе ви носат корист на долг рок, а вашиот позитивен пристап ќе ве води кон виталност и благосостојба.
Општи карактеристики за лав
Лавот е управуван од Сонцето, кое што е центар на нашиот сончев систем. Кога целиот универзум се врти околу вас, тешко е да бидете скромни. Ако вашиот знак е лав, тогаш вие се сметате за центар на светот и понекогаш сте во право! Исто како сонцето и лавот загрева сè наоколу со неговата драма и со начинот на комуникација. Кога сонцето заоѓа е многу ладно, така е и кога „заоѓа“ расположението на лавот.
Вашите пријатели знаат дека секогаш треба да ве прават среќни и весели или ќе има драма. Покрај тоа што сте егоцентрични вие сте родени лидери и поседувате силен личен магнетизам. Вашата способност да раководите секогаш ви гарантира успех.
Вие се стремите кон власт многу повеќе од другите знаци и тоа ве прави егоисти, а понекогаш дури и смешни во очите на другите. Вистината е дека вие имате огромно срце и сте најдобродушниот знак во хороскопот. Секогаш сте покрај луѓето кои ги сакате за да им помогнете, да ги разгалите или за да ги заштитите.
Во љубовната врска се стремите да блескате. Романтични сте и давате се од себе кога сте ценети од партнерот и кога постојано вниманието е насочено кон вас. Вие сте секогаш среќни кога ви се обрнува внимание. Запомнете дека луѓето ја искажуваат својата љубов на различни начини и никој не може да го направи тоа како вас.
Вашите цели секогаш се тешки за постигање. Огромната енергија, која што треба да ја вложите е неразбирлива за другите.
Симбол:
Лав
Симболизира:
Енергичност, креативност, гордост, суета, големина, власт, слава.
Елемент:
Оган
Планета:
Сонце
Ден од седмицата:
Недела
Боја:
Жолта, златна и виолетова.
Број:
1
Скапоцени камења:
Злато и дијаманти.
Најдобри професии:
Директори, управници, политичари, претседатели, модели, економисти, спортисти, декоратори, педијатри, кардиолози и секоја професија поврзана со творење и креативност.
За да се спријателите со нив:
Соработувај со нив и обиди се да им го следиш брзиот ритам.
Дел од телото:
Срце, горниот дел од грбот, 'рбетниот столб.
Добри карактеристики:
Смели, мили, добродушни, лојални, чесни, забавни, креативни, добри организатори, отворени, со добро чувство за хумор, комуникативни, добри љубовници, лидери.
Лоши карактеристики:
Арогантни, горделиви, незрели, егоисти, љубоморни, нештедливи, агресивни, сурови, мрзливи (особено мажите), имаат преголема желба за власт.
Карактеристики по кои ќе ги познаете:
Карактеристична бујна коса, надмено однесување.
Омилени работи:
Театри, камери, DVD-a, богати десерти, црвени рози, разменување на подароци, пеење, комплименти.
Работи кои ги мразат:
Да бидат игнорирани, сребрени медали наместо златни, лесна храна, да бидат сами, збогувања.
Можете да ги најдете:
Режирајќи нивни сопствени филмови, вовлечени во љубовна авантура, кандидирајќи се за претседатели.
Скриена желба:
Да владеат со светот!