Почетна » Новости » Животни стории » Манекенката Викторија Јаначковиќ за животот како самохрана мајка и изборот да добие дете со донор на сперма

Манекенката Викторија Јаначковиќ за животот како самохрана мајка и изборот да добие дете со донор на сперма

Во свет каде традиционалните семејни модели сè повеќе се менуваат, голем број жени одлучуваат храбро да го следат сопствениот пат кон мајчинството. Една од нив е манекенката Викторија Јаначковиќ, која отворено зборува за својата одлука да стане самохрана мајка по 40-тата година со помош на донор на сперма.

Во искрен и инспиративен разговор со новинарката Александра Вуксановиќ, таа открива како изгледа животот со мало дете како самохрана мајка, со какви предизвици се соочува, но и каква среќа и исполнетост ѝ носи мајчинството.

Нејзината ќеркичка Никита денес има 2 години.

Викторија Јаначковиќ

Во интервјуто, Јаначковиќ сподели дека уште кога била во брак со поранешниот сопруг, сакала да се реализира како мајка, но тоа не се случило.

„Јас сум многу брутално реална со себе и со својот живот и ќе кажам дека сум правела многу лоши избори. Позади себе имам еден брак во кој тоа дете не се случи и во тој момент ми беше криво, нормално. Фала му на Бога, сега од оваа гледна точка, затоа што тоа за никого немаше да биде добро. И просто сите тие долги врски, никогаш не прераснале да нешто се случи, па макар и случајно. И тогаш јас кажав, ОК, јас немам патолошка потреба да имам маж покрај себе, јас сакам дете.“

„Во животот не најдов таков партнер и реков во 21 век тоа не е пречка за јас да не можам да бидам мајка“ – искрено и отворено објаснува Викторија.

Таа избрала нејзиниот донор на сперма да биде од Данска, бидејќи Данците се сметаат за најздрава нација.

„Имате банка за сперма која има од различни делови на светот. Доколку погледнете Данска е земја со најмалку генетски болести, со најмалку вродени аномалии и се сметаат за една од најздравите нации во светот“ – изјави таа.

„Не можам да кажам таткото на Никита, меѓутоа на човекот кој ми помогна јас сум му бескрајно благодарна. Не беше некој нереализиран. Секој од донорите остава свое писмо. Јас барав некој кој е на моја возраст, кој е реализиран како татко. И сега тука се јавува прашање: ‘Ако се најдат брат и сестра, што правиме’. Не, и за тоа постои решение. Не можете да знаете како физички изгледа. До 10-тина години можете да видите негов лик, после тоа не ни сакаат. Зошто? Затоа што тие имаат свое семејство, тој има семејство кое е прекрасно, тој има прекрасна работа.“

„По тоа што јас го читав за тој човек, го избрав поради неговата фамилијарна позадина, долговечноста на неговите родители, неговите години, неговото образование“ – додава Викторија.

Успешната Македонка зборуваше и за постпородилната депресија.

„Тоа е оној дел што малку мажите не можат да го разберат. Во смисла: ‘Е добро што е сега, си станала мајка, убаво е тоа’. Не е баш така, знаеме и за бејби блу дека се случува, и многу депресии, тоа не значи кога ќе кажат: ‘Е како тоа родила дете, а депресивна е’. Па не е така, тоа го прават хормоните.“

„Јас имав една епизода од некои 15-20 дена. Кога циклусот не ми доаѓаше шест месеци, веќе почнаа хормоните да ми прават револуција. И велев: ‘Зошто е ова вака, ете мене ми се случува ова, јас сум тажна, јас сум несреќна’ и само ќе ја погледнев нејзе. Тоа беше кратко кај мене, не беа оние тешки депресии кои знаат да се случат.“

„И сметам дека немаш ти време за таа депресија. Тоа дете сака да се преслече, да цица, да јаде, да пие, да спие... немаш време. И уморот си го прави тоа, заморот. Тоа е капак“.

Викторија открива и дека не сака нејзината ќеркичка да израсне мислејќи дека е најубава и најпаметна, туку цели да ја научи да биде реална.

„Она што сакам од мали нозе да знае е дека она не е најпаметна на свет, најубава, дека е принцеза. Не, тоа кај мене не поминува. Затоа што мислам дека треба да биде реална. Нема јас нејзе да ѝ ги сечам крилјата, секако дека ќе ѝ кажам најубава си во тој момент, но ќе ѝ кажам: “Мами има и други девојчиња во градинка кои се многу убави’. И таа тоа многу убаво го прифаќа, затоа што после тоа ќе отидеме во парк и таа ќе рече: ’Таа е убава, тој е убав’“.

Погледнете го целосното интервју за емисијата „Мамавизија“ на Слободен печат.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 24869 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.