Почетна » Новости » Актуелно » Кети Пери со женски екипаж отпатува во вселената, нејзината ќеркичка со одушевување го гледаше полетувањето

Кети Пери со женски екипаж отпатува во вселената, нејзината ќеркичка со одушевување го гледаше полетувањето

Вчера, екипа од шест жени отпатува во вселената и пристигна повторно на Земјата. Летот, организиран од компанијата „Блу Ориџин“, траел нешто повеќе од 10-тина минути.

Дел од специјалната вселенска мисија беше и Кети Пери, која ја бакнуваше земјата по пристигнувањето на нашата планета.

Кети Пери

Полетувањето беше проследено од нејзината ќеркичка Дејзи, која со одушевување гледаше како ракетата се вивнува во вселената.

Кети Пери Кети Пери

За време на краткото патување, Кети ја пееше „What a Wonderful World“, а со себе понесе и цвеќенце „Daisy“, кај нас познато како париче, за да ја потсетува на нејзината ќеркичка.

40-годишната музичка ѕвезда изјавила дека со овој потег сака да ги инспирира ќерка си и другите девојчиња да бидат храбри и да ги следат своите соништа.

Кети Пери Кети Пери Кети Пери

Како дел од женската екипа беа и Лорен Санчез, Гејл Кинг, Ајша Боу, Аманда Нгујен и Керијан Флин.

Вселенското летало било целосно автоматизирано, без пилоти. Ова беше прво патување во вселената со целосно женска екипа од 1963 година наваму.

Кети Пери Кети Пери

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 24875 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.