Почетна » Новости » Животни стории » „Ние сега не сме другари, туку браќа“: Маж од Србија му донираше бубрег на пријател и му го спаси животот

„Ние сега не сме другари, туку браќа“: Маж од Србија му донираше бубрег на пријател и му го спаси животот

Дали би дале дел од себе за да го спасите животот на вашиот најдобар пријател или пријателка?

Бранко Џаламиќ од Србија го направи токму тоа – му донираше бубрег на својот другар од школските клупи и му го спаси животот.

Синиша Новаковиќ ја добил дијагнозата во 2018 година, по што бил опериран и упатен на дијализа. Двапати за малку се спасил од смрт пред да му биде кажано дека единствениот спас му е трансплантацијата. За жал, тој немал сроден донор, но затоа имал најдобар пријател, кој безусловно и без размислување му подал рака кога тоа му било најпотребно, подарувајќи му нов живот.

Сè се поклопило како Синиша и Бранко да се браќа.

„Докторот не можеше да верува дека е можно ова. Да бевме близнаци, немаше вака да се поклопи“ – рекол Синиша.

„Само се молев да ги поминам анализите и тестовите и да можам да го направам тоа. Прво што ми падна на памет кога дојдоа докторите кај мене беше како е тој. Тоа беше моето прво прашање по будењето. Тие рекоа дека е во ред и дека за 24 часа ќе можеме да се видиме. Тогаш бев најсреќен, затоа што бубрегот започна да работи буквално на операционата маса. Само што го пресадија бубрегот, неговиот организам веднаш го прифати и почна да работи во истиот момент“ – рекол Бранко.

Бранко Џаламиќ и Синиша Новаковиќ

Операцијата за трансплантација на бубрег била направена во Турција и сè поминало во најдобар ред, а првата личност која Синиша ја видел по операцијата бил Бранко.

„Јас бев зачуден, не можев да поверувам. Ниту роднините не ми излегоа во пресрет да ми го понудат она што тој ми го понуди. Бевме кај него дома, отидовме на прегледи, дојдовме тука и сè на сè за седум дена решивме да дојдеме во Турција“.

„Не знам како тоа да го изговорам за да му се заблагодарам. Значи, Бог, па тој. Ние повеќе не сме другари, ние сега сме браќа“ – рекол Синиша.

Бранко Џаламиќ и Синиша Новаковиќ Бранко Џаламиќ и Синиша Новаковиќ Бранко Џаламиќ и Синиша Новаковиќ Бранко Џаламиќ и Синиша Новаковиќ Бранко Џаламиќ и Синиша Новаковиќ

ФОТО: Screenshot / RTS и UNA televizija

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 24875 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.