Јарец (22. XII – 19. I)

Вторник, 15 Април 2025

Престанете да велите „Ништо не ми е“ кога очигледно е дека нешто се случува со вас. Денес доверете ѝ се на личност на која безрезервно ѝ верувате и која никогаш не ве изневерила. Потребно ви е олеснување... се разбира и добар совет.

Работата ќе ви оди со леснотија, но само ако успеете да го разграничите приватниот од професионалниот живот. Го можете вие тоа!

Април, 2025

Љубов

Љубовниот живот на јарците во април 2025 ќе блеска со стабилност и сензуални вибрации кои ве повикуваат да се отворите кон интензивни емоционални доживувања.

На почетокот на месецов, ве очекуваат мали предизвици поради ретроградното движење на Меркур (до 7 април) и Венера (до 13 април) во вашиот сектор на комуникацијата. Можни се недоразбирањата со партнерот или потенцијалниот партнер. Можеби ќе имате потешкотии јасно да ги изразите вашите чувства или потреби, или пак, погрешно ќе ги толкувате зборовите на другите. Ретроградната Венера може да донесе и враќање на стари симпатии или прашања поврзани со минати флертувања. Бидете внимателни со пораките што ги праќате.

Откако Меркур ќе стане директен на 7 април, разговорите со саканата личност ќе бидат збогатени со топлина и поетичност, шепоти на љубов, внимателни зборови и споделени тајни кои ќе ја зацврстат меѓусебната доверба. За оние кои се сингл, една порака, неочекуван коментар на социјалните мрежи или случајна средба на улица може да прерасне во романса која ќе ги опие како пролетна магла.

На 13 април полната месечина во вага ја осветлува вашата 10-та куќа, што може да донесе официјализирање на врската преку предлог за брак или формално запознавање со семејствата. Сè што досега било интимно, добива потенцијал да излезе на виделина со гордост.

На истиот ден, Венера ќе премине во директно движење и ви носи енергетски наплив во вашата трета куќа, каде што зборовите добиваат сензуален шмек. Очекувајте љубовни писма, подароци со длабока симболика или ноќи исполнети со долги, возбудливи разговори што ќе ве доведат до бескрајни бакнежи од кои се наежува кожата во позитивна смисла.

Влегувањето на Меркур во овен на 16 април ја активира вашата 4-та куќа на домот. Размислувањата и разговорите за заеднички живот, преселба и купување стан ќе стануваат сè поинтензивни. За оние кои веќе се во сериозна врска, можно е доаѓање до важни одлуки – договор за веридба, венчавка или планирање потомство. Ќе чувствувате дека сакате да го изградите вашето „гнездо“ и да го исполните со топлина, љубов и смеа.

На 18 април Марс влегува во лав и ви ја разгорува крвта. Оваа енергија ја активира вашата 8-ма куќа на интимноста и трансформацијата, носејќи еротски наплив што ќе ви ја зголемува возбудата. Ќе сакате да истражувате, да се споите со саканиот на длабоко енергетско ниво, да се изгубите во ноќни авантури каде што времето застанува. За оние кои се сингл, ова е совршен момент за страсна романса – неочекувана покана за вечера, поглед што ве разголува или средба која започнува со флерт, а завршува со искра што долго ќе тлее.

Откако Сонцето на 19 април ќе влезе во бик, ќе ја осветли вашата 5-та куќа на љубовта, забавата и креативноста. Романтиката добива сладок и сензуален тон – пикник на трева, вечера на свеќи, музика што ве спојува. Оние кои се подготвени за следниот чекор, може да се најдат себеси како избираат прстен, закажуваат свадба или веќе шетаат низ продавници со бебешка облека во раце. За оние кои не се подготвени за нешто толку големо, овој транзит носи нежност, смеа и многу физичка поврзаност.

Младата месечина на 27 април во истата 5-та куќа отвора ново поглавје. Ова е совршен момент за почеток на врска што ќе ве разнежни, за прва средба што веднаш ќе се почувствува како судбинска или за заедничка одлука за потомство. За паровите, оваа месечина може да донесе позитивни вести – бременост, венчавка или преселба во нов дом. Оние кои се сингл може да запознаат личност која носи топлина и стабилност, а првиот бакнеж ќе биде како портал кон нешто многу повеќе од авантура.

На 30 април Венера влегува во овен и го активира вашиот сектор на домот и емоционалната сигурност. Ова е време кога страста и нежноста се спојуваат. Неочекуваните гестови на љубов – цвеќе оставено на перница, нежен допир пред спиење, разбудување со кафе и бакнеж – ќе ви го стоплат срцето. Може да се случи некој романтичен предлог, од оние што се паметат цел живот.

Пари и работа

Месецот започнува со поволни космички влијанија кон вашиот професионален напредок. На 7 април Меркур преминува во директно движење во риби, што го активира вашиот сектор на договорите, кратките патувања и едукацијата. Ако сте очекувале одговор од некој клиент, институција или бизнис партнер, одговорот ќе пристигне и најверојатно ќе биде позитивен. Ова е добар момент за нови договори, презентации и започнување соработка.

Полната месечина во вага на 13 април го осветлува вашето поле на кариерата и статусот. Ќе дојде момент на кулминација – може да добиете признание, унапредување или понуда за нова позиција. Ако имате сопствен бизнис, ова е време кога вашите резултати ќе бидат видени и признати.

Венера на 13 април преминува во директно движење во риби и ви носи можности за профит преку комуникација, пишување, социјални мрежи или комерцијални активности. Ќе знаете како да ги привлечете соработниците, а вашиот глас и идеите ќе имаат магнетски ефект.

Кога Меркур на 16 април ќе влезе во овен, ќе ја осветли вашата 4-та куќа на домот и семејството. Можеби ќе се појави прилика за работа од дома, промена на работна локација или дури инвестиција во недвижност. Внимавајте како ги планирате домашните трошоци, може да се појави потреба од реновирање или купување скапа опрема.

Марс влегува во лав на 18 април и ја активира вашата 8-ма куќа на инвестициите и долговите. Ова е период кога ќе имате можност да исплатите стар долг, да добиете финансиска поддршка или да инвестирате храбро во нешто што долго го планиравте.

На 19 април Сонцето влегува во бик и ја осветлува вашата 5-та куќа. Ако работите на уметнички проект, дигитален производ или водите едукативен курс – ова е вашето време да блеснете и да остварите добивка.

Младата месечина во бик на 27 април ви дава можност за нов почеток – можеби фриленс проект, хонорарен ангажман или нешто што вклучува млада публика, медиуми или онлајн содржини. Ова е добар момент да го монетизирате она што најмногу го сакате да го работите.

На 30 април Венера влегува во овен и ви носи шанса да заработите пари преку недвижности, дизајн или ентериер. Можеби ќе ве повикаат да уредите нечиј простор, да продадете стар имот или да вложите во нешто што долгорочно ќе се исплати.

Здравје

Април е месец на балансирање помеѓу активност и одмор, помеѓу задоволство и одговорност кон телото. Слушајте ги сигналите што ви ги праќа телото и не се колебајте да побарате помош или совет, ако почувствувате потреба. Вашето тело е вашиот најважен храм, па нека биде негувано со љубов.

Со влегувањето на Меркур во овен на 16 април и активирањето на вашата 4-та куќа, може да почувствувате тензија поврзана со семејни прашања, што ќе се одрази на дигестивниот систем. Ова е идеален момент да започнете да внимавате на исхраната, па избегнувајте тешки калорични јадења, вклучете повеќе зеленчук и вода и почнете со нежен режим на физичка активност.

Младата месечина на 27 април во вашата 5-та куќа ви нуди можност за нова рутина што ќе ви го подобри здравјето и ќе ви донесе радост. Вклучете нешто креативно – танц, аеробик, пливање...

Венера влегува во овен на 30 април и повторно ја осветлува вашата куќа на домот. Одморот во познато опкружување, готвењето домашна храна и медитацијата во сопствениот простор ќе ви донесат психофизичка хармонија. Престојот во топлина и тишина ќе ви биде најдобриот лек.

2025 година

Љубов

2025-та ќе биде година на љубовна хармонија и остварување на вашите најскриени желби. Срцето ќе биде водич, а љубовта ќе биде сцената на којашто ќе блеснете.

Почетокот на годината ќе биде под влијание на Венера во риби. Од 3 јануари Венера ќе се движи низ вашата 3-та куќа на комуникацијата, па за јарците кои се во врска периодот до 4 февруари ќе биде време за блиски и искрени разговори кои ве поврзуваат на едно ново ниво со партнерот. Ако сте сингл, љубовта може да дојде преку онлајн пораки, допишувања или неочекувани средби. Венера ќе донесе романтична магија во секој збор, а искреноста ќе ви биде најсилен адут.

Младата месечина во водолија на 29 јануари ја осветлува вашата 2-ра куќа на вредностите. Ќе размислувате за долгорочни планови со партнерот, а вашата посветеност ќе носи хармонија во врската. За слободните јарци, ова е време за средба со личност која ги споделува вашите вредности, амбиции и соништа.

На 4 февруари, Венера влегува во овен, активирајќи ја вашата 4-та куќа на домот и стабилноста. Љубовта ќе добие практична и топла димензија. Оние што се во врска ќе почувствуваат желба за заедничко живеење или реновирање на домот. Слободните јарци ќе ги привлекуваат личности кои носат чувство на сигурност и стабилност. Ова е време за создавање љубов која трае.

Соларната еклипса во овен на 29 март ќе донесе големи љубовни пресврти. За паровите, ова е момент за значајни одлуки – свршувачка, планирање брак или дури и проширување на семејството. Ќе се чувствувате подготвени за чекор напред. Ако сте сингл, ова е ден кога љубовта може да дојде од неочекувано место.

Со Марс кој влегува во лав на 18 април, вашата 8-ма куќа на интимноста ќе блесне со страст. Интимните моменти ќе го зајакнат вашиот однос со партнерот, носејќи чувство на длабока поврзаност. Ако сте слободни, ова е период кога ќе почувствувате силна привлечност кон некого кој ќе го разбуди вашиот авантуристички дух. Љубовта ќе биде исполнета со искри и возбуда.

Полната месечина во шкорпија на 12 мај ја активира вашата 11-та куќа на пријателствата. Љубовта може да се роди преку пријателски кругови или заеднички активности. Ќе откриете дека љубовта е скриена во мали моменти и неочекувани средби. За паровите, ова е период за зајакнување на врската преку поддршка и кроење на заеднички планови.

Јупитер на 9 јуни влегува во рак, вашата 7-ма куќа на партнерствата. Ова е едно од најпозитивните влијанија во љубовниот сектор. За паровите, ќе има нова хармонија и зацврстување на односот. Ќе размислувате за иднина исполнета со радост, заеднички авантури и сигурност. За слободните јарци, Јупитер носи шанса за средба со личност која ќе направи да се чувствуваат незаменливо и бескрајно сакано.

Соларната еклипса во девица на 21 септември ја осветлува вашата 9-та куќа на патувањата. Големи се шансите за раѓање на нова љубов додека патувате или се забавувате на ново место каде не сте биле досега. Слободните јарци ќе бидат инспирирани да се впуштат во авантура што ќе им го растрепери срцето. За јарците кои се во пар, ова е време за создавање спомени на далечни дестинации.

Полната месечина во бик на 5 ноември ја осветлува вашата 5-та куќа на романтиката, страста и креативноста. Ова е момент кога љубовта ќе достигнува кулминација. Ќе почувствувате интензивни емоции и ќе бидете подготвени да ги споделите со некој специјален. Паровите ќе уживаат во романтични вечери и страсни моменти, додека слободните јарци ќе имаат шанса за возбудливи љубовни средби. Оваа Месечина носи енергија за важни љубовни одлуки – свршувачка, планови за заедничко живеење или изразување на чувства кон некого што многу ви значи.

На 30 ноември Венера влегува во стрелец и ја активира вашата 12-та куќа на интроспекцијата. Ова е време за љубовна рефлексија и духовна поврзаност. Ќе почувствувате дека љубовта носи длабоко значење и дека е време за простување и градење нови мостови. За паровите, ова е период на обновување на врската, додека јарците со статус сингл ќе најдат љубов што е трансформативна.

Марс влегува во јарец на 15 декември, активирајќи ја вашата 1-ва куќа на личноста. Ова движење носи зголемена самодоверба и мотивација да преземете иницијатива во љубовниот живот. Ќе бидете привлечни, решителни и подготвени да ги покажете своите чувства. Ако сте во врска, ова е период кога ќе ја зајакнете динамиката со партнерот преку искрени разговори и посветеност. Ќе бидете магнет за внимание, па ако сте сингл, вашата харизма ќе привлече личност која ќе ве изненади со многу возбуда и страст.

Кон крајот на годината, поточно на 24 декември, Венера ќе започне да танцува во вашиот знак, па љубовта ќе биде исполнета со романтични авантури и позитивни моменти. Срцето ќе ви биде полно со радост, а љубовта ќе блесне како најсветла ѕвезда на вашиот хоризонт.

Пари и кариера

Во 2025 година ќе бидете во позиција да го искористите максимумот од вашата амбициозност и трудољубивост. Ова е година кога ќе видите резултати од вашата дисциплинираност и посветеност, а ѕвездите ќе ви отвораат врати за унапредување, заработка и финансиска стабилност.

Јануари започнува со ретроградниот Марс во рак, кој од 6 јануари до 24 февруари ќе ја активира вашата 7-ма куќа на партнерствата. Ова движење ќе ве поттикне да ги преиспитате вашите деловни соработки. Ќе биде важно да се фокусирате на решавање на стари прашања и завршување на недовршените проекти. Оние што се занимаваат со работа поврзана со клиенти или тимски задачи ќе постават цврсти основи за идни успеси.

На 4 февруари Јупитер преминува во директно движење во близнаци, вашата 6-та куќа на рутините и професионалните обврски. Оваа планета на среќата и богатството носи значителни можности за унапредување, особено за оние кои се посветени на деталите и организираноста. Ќе почувствувате нова енергија за справување со комплексни задачи, а вашиот труд ќе биде препознаен. Ако сте во потрага по нова работа, ова е идеално време за добивање на позиција која носи финансиска стабилност и професионално задоволство.

Соларната еклипса во овен на 29 март ќе ја активира вашата 4-та куќа на домот и недвижностите. Ова е ден за финансиски трансакции поврзани со недвижности – купување, продавање или реновирање на имот. Ако работите во индустрија поврзана со недвижности или градежништво, ова движење ќе ви донесе зголемен профит. Останатите јарци препорачливо е да размислуваат за инвестиции кои носат долгорочна стабилност.

Марс на 18 април влегува во лав, вашата 8-ма куќа на заедничките ресурси и трансформацијата. Периодот до 17 јуни е идеален за финансиски добивки преку партнерства, наследства или долгорочни инвестиции. Вашата способност да преговарате и да преземате иницијатива ќе ви донесе финансиски успех. Некои јарци може да се израдуваат на значителен прилив на средства преку дивиденди или исплата на стари долгови.

Полната месечина во шкорпија на 12 мај ја осветлува вашата 11-та куќа на социјалните кругови и тимските проекти. Ова е време кога ќе добиете признание за вашата работа во групен контекст. Ако сте работеле на екипен проект, ова е момент кога ќе добиете бонус или награда за вашиот придонес.

На 9 јуни Јупитер влегува во рак, вашата 7-ма куќа на партнерствата. Ова е одлично време за создавање нови деловни соработки или зајакнување на постоечките. Вашата способност да градите долгорочни односи ќе носи стабилност и финансиски напредок. Некои јарци може да добијат понуда за работа која вклучува тимска динамика или меѓународна соработка.

Соларната еклипса во девица на 21 септември ја активира вашата 9-та куќа на експанзијата и патувањата. Ова движење носи можности за работа на проекти кои вклучуваат меѓународни клиенти или проширување на вашиот професионален опсег. Ако сте размислувале за дополнителна едукација или курсеви, ова е време кога ќе видите како вашето знаење се претвора во финансиска добивка.

На 15 декември Марс влегува во јарец и ја активира вашата 1-ва куќа на личноста. Ова движење носи зголемена амбициозност и решителност. Ќе бидете подготвени да преземете лидерска улога и да се истакнете во вашата професионална област. Постои можност за зголемување на платата или добивање бонус за вашата посветеност.

Венера во стрелец од 30 ноември ќе ја активира вашата 12-та куќа на подготовките и работењето „зад сцената“. Ова е време кога вашите напори ќе бидат наградени со финансиски резултати. Ако работите на проект што бара дискреција, ќе видите значителен успех кон крајот на годината.

Во 2025 година ѕвездите ќе ве поддржуваат во секој чекор, водејќи ве кон изобилство и успех.

Здравје

2025 година ќе биде година на баланс, обновување и виталност за јарците. Ѕвездите ве охрабруваат да се фокусирате на превенција, воведување нови рутини и грижа за себе.

На почетокот на годината, ретроградниот Марс од 6 јануари до 24 февруари ќе активира вашата 7-ма куќа на партнерствата, што може да донесе зголемен стрес или потреба за балансирање на работата и личниот живот. Ќе почувствувате потреба да посветите повеќе време на менталното здравје. Медитацијата, релаксациските техники и времето поминато со саканите ќе ви помогнат да го намалите притисокот.

Младата месечина во водолија на 29 јануари ќе ја осветлува вашата 2-ра куќа на рутините. Ќе бидете инспирирани да воведете нови навики, како утринско вежбање, здрава исхрана или редовно пешачење. Ова е одлично време за започнување активности кои носат долгорочни бенефиции за вашето тело.

Соларната еклипса во овен на 29 март ја активира вашата 4-та куќа на домот. Ова движење ќе ве поттикне да создадете мирна и спокојна домашна атмосфера, која ќе оди во прилог на вашето здравје. Ќе бидете инспирирани да воведете релаксирачки ритуали, како ароматерапија, топли бањи или техники за длабоко опуштање.

Со Марс во лав од 18 април, ќе биде нагласена вашата 8-ма куќа на трансформацијата. Ќе почувствувате зголемена енергија и мотивација да се посветите на активности кои го зајакнуваат телото. Ова е идеално време за интензивни вежби, спорт или активности кои ги стимулираат силата и издржливоста.

Соларната еклипса во девица на 21 септември ја активира вашата 9-та куќа на експанзијата. Ова е период кога ќе размислувате за долгорочни здравствени цели. Ќе бидете инспирирани да го подобрите вашето знаење за здравјето, преку читање, учење или консултации со експерти. Ќе почувствувате дека малите, но редовни промени, имаат огромно влијание врз вашето целокупно здравје.

Полната месечина во бик на 5 ноември ќе ја осветли вашата 5-та куќа на радоста и креативноста. Ова е момент за активности кои комбинираат забава и физичка активност, како танц, игри на отворено или прошетки во природа. Ова движење ќе ви донесе чувство на обновена енергија и виталност.

На 30 ноември Венера влегува во стрелец, вашата 12-та куќа на интроспекцијата. Ова е време за емоционално ослободување и размислување. Ќе почувствувате потреба да се повлечете и да се посветите на внатрешната хармонија. Превентивните здравствени мерки и грижа за менталното здравје ќе бидат особено важни.

Марс во јарец од 15 декември ќе ја активира вашата 1-ва куќа на личноста. Очекувајте зголемена енергија, самодоверба и решителност да преземете контрола врз вашето здравје. Ќе бидете подготвени за физички предизвици и воведување нови, поинтензивни вежби. Вашето тело ќе реагира позитивно на напорите, носејќи чувство на сила и виталност.

Како што ќе се ближи 2025 година кон својот крај, вие ќе се чувствувате физички посилни и ментално сè постабилни.

Општи карактеристики за јарец

Сериозните јарци се управувани од Сатурн - планетата на тешките лекции и слободата. Во римската митологија Сатурн е татко на боговите, господар на времето и кармата. Под влијание на Сатурн многу јарци се стремат да ги постигаат своите цели со тежок труд. Јарците се луѓе, кои што свикнале на тешките казни од Сатурн и поради тоа го гледаат животот како тежок пат, по кој наградите идат само преку страдање и жртвување.

Симболот на амбициозните јарци е планинскиот јарец, кој што претпазливо се искачува по камениот рид. Ако сте родени под овој знак, вие сте многу трпеливи и се издигате во општеството стапка по стапка. Иако вашиот пат не е лесен, вашата амбициозност и добрата дисциплина ви даваат сила да стигнете до целта. Кога некој се обиде да ви го попречи патот до врвот вие знаете да бидете сурови и тврди.

Добри лидери сте и најверојатно имате свој бизнис или се одвојувате од останатите служители со своето иноваторство и посветеност. Никогаш не ја оставате работата недовршена. Способноста да организирате, заедно со вниманието кое им го посветувате на деталите, ве прави многу ефективни. Понекогаш сте премногу критични кон оние што не се толку амбициозни како вас.

Многу често сте фаталисти и гледате на иднината со недоверба. Вашата големина е во вашата упорност, т.е. работите секогаш напорно додека не ги постигнете вашите цели. Вашите амбиции се бескрајни, но знаете да ги конкретизирате вашите планови и таа ваша способност ве прави најуспешниот знак во хороскопот.

Во љубовта не сакате да ризикувате и поради тоа сте верни и секогаш стабилни. Елементот сврзан со јарецот е земја. Земните знаци се практични и одговараат на предизвиците со практични методи, наместо да вложуваат интелектуален или емоционален напор.

Во слободното време сакате да се натпреварувате. Љубители сте на колективните спортови, но кога губите за загубата се виновни сите учесници. Вие сте секогаш силни, па дури и во најтешките моменти знаете да им дадете утеха на другите. Поради тоа имате многу лојални пријатели. Секогаш сте посветени на вашите пријатели и на семејството. Ги исполнувате вашите ветувања и затоа другите можат да сметаат на вас.

Но, запомнете дека некогаш и вие треба да се забавувате. Животот не мора секогаш да биде борба. Уживајте во вашите победи дури и тогаш кога не сте работеле многу тешко за нив.

Симбол:
Планинскиот јарец

Симболизира:
Политика, планини, изолирани и оддалечени места, борба, бариери, забрани, лоша среќа, професионални амбиции, успешна кариера, деформации.

Елемент:
Земја

Планета:
Сатурн – планетата на дисциплината и зрелоста.

Ден од седмицата:
Сабота

Боја:
Темно зелена, кафеава, црна.

Број:
4

Скапоцени камења:
Олово, тиркиз, аметист.

Најдобри професии:
Банкарски служители, бирократи, историчари, ортопеди, дерматолози, политичари, администратори, минери, инженери, архитекти, геолози, шахисти, етнолози, антрополози.

За да се спријателите со нив:
Внимавајте во комуникацијата со јарците! Држете дистанца додека тие не ти дозволат да се доближиш.

Дел од телото:
Колена, кожа, коски и заби.

Добри карактеристики:
Лојални, мислат на својата фамилија, работливи, посветени, чесни, бестрашни, амбициозни, решителни, лидери, одговорни, реалисти, прагматични, организирани, внимателни.

Лоши карактеристики:
Песимисти, не простуваат лесно, ладни и резервирани, материјалисти, снобови, безнадежни, знаат да лажат, кариеристи, фаталисти, меланхолици, срамежливи, инаетчии, завидливи, егоисти, со тврди позиции.

Карактеристики по кои ќе ги познаете:
Карактеристична вилица, силни заби, умен поглед.

Омилени работи:
Бизнис картички, цели, да бидат „главни“, ексклузивни клубови, ножни спортови особено фудбал, мотоциклизам, кожни работи.

Работи кои ги мразат:
Да се откажуваат, викање на јавни места, грешки од невнимание, да патуваат без водич.

Можете да ги најдете:
Како поминуваат квалитетно време со семејството, како опседнато работат на некој проект, како режираат некој долгометражен филм.

Скриена желба:
Да им бидат задоволени сите потреби!

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 24855 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.