Риби (19. II – 20. III)
Понеделник, 14 Април 2025
Денешниот ден е идеален за кратко патување или спонтано излегување без план, но со голем ефект. Не мора да го имате испланирано секој детаљ за да имате интересен ден. Понекогаш едноставно треба да се препуштите на случајноста и да уживате.
Ова е идеално време за размислување за некоја посериозна животна промена – ама на мирен, начин, без паника, како што само вие знаете.
Април, 2025
Љубов
Април ќе биде симфонија од нежност, сензуалност и вистинска романса. Ако сте во врска, повторно ќе се заљубите во партнерот. Ако сте сингл, љубовта ќе ве пронајде токму тогаш кога најмалку очекувате – додека сонувате со отворени очи.
Сепак, имајте на ум дека почетокот носи и мали предизвици поради ретроградното движење на Меркур (до 7 април) и Венера (до 13 април) во вашиот знак. Ова може да донесе конфузија околу вашиот личен идентитет во врската, недоразбирања во комуникацијата или чувство дека не сте сигурни што точно сакате или како ве перципира партнерот.
Откако Меркур ќе премине во директно движење на 7 април, вашето присуство ќе биде како нежен парфем што останува и по заминувањето. Ќе бидете неодоливи, мистични и слатко опасни. Флертувањето ќе ви доаѓа природно. Некој нов може да ве повика на пијалак, а неговиот поглед похотливо да ви ја заскокотка возбудата.
Полна месечина во вага на 13 април ја активира вашата 8-ма куќа на страста и интимноста. Ако сте во врска, ова може да биде точка на пресврт: предлог за брак, план за бебе или селење под ист покрив. Ако сте слободни, не се изненадувајте ако некој што ве набљудувал подолго време, конечно направи потег.
Хармоничната Венера од вашиот знак од 13 април ќе ви ги шепоти сите сценарија од романтичните романи: љубовно бегство на викенд, тајна вечера со свеќи, глас што ве буди со „те сакам“ пред изгрејсонце. Следуваат денови кога бакнежите стануваат бескрајни, а вашата кожа жеднее за топлина што не се мери со целзиусови степени.
На 16 април Меркур влегува во вашата 2-ра куќа и ја прави љубовта помалку апстрактна, а повеќе реална. Ќе разговарате со саканиот за заедничка иднина, за дом со мирис на кафе и деца што трчаат боси. Оние што се во долги врски може да добијат блескав прстен со ветување за љубов што трае доживотно.
Марс во лав на 18 април ве буди физички – веќе не ви се спие сами, не ви се гледаат филмови без нечие рамо. Желбата ќе расте како пламен во срцето и во телото. Прегратките ќе бидат подолги, бакнежите понапнати, а вашата фантазија ќе ги руши ѕидовите на срамот. Можеби ќе почнете нова врска што од самиот старт ќе биде огнена.
Сонцето во бик на 19 април ја активира вашата 3-та куќа и носи топли љубовни пораки, изненадувања на прагот и тајни средби во паркот. Планирајте романтично патување, за време на кое љубовта ќе добие ново сценарио. Ќе сакате да покажете, а не само да кажете, колку некој ви значи.
Младата месечина во бик на 27 април е ваша шанса да започнете нова љубовна приказна. Некоја средба или претстоен настан ќе ве поврзе со личност што кога ќе ве погледне, ќе знаете дека се случува нешто специјално. За оние што веќе се во врска, ова е прекрасен момент за завет – може неформален, може вистински, но со љубов што зборува јасно.
На 30 април Венера влегува во овен и го претвора флертот во огномет. Ќе ве посакуваат и ќе се чувствувате неприкосновено привлечни. Романтични предлози ќе доаѓаат на неочекувани начини – некој може да ви пушти љубовна песна во 3 часот наутро, или да ви подари книга со порака врежана меѓу страниците. Моќно е да ве изненади предолг за брак. Наздравете, ќе имате за што!
Пари и работа
Април започнува со подем на вашата остроумност и интуицијата, благодарение на Меркур кој од 7 април ќе премине во директно движење во вашиот знак. Ќе знаете како да ги искажете идеите, како да ги претставите своите таленти и како да ги убедите другите колку вредите. Ова е одличен период за интервјуа, презентации и иницирање нови деловни разговори.
На 13 април полната месечина во вага го осветлува вашиот сектор на инвестициите и недвижностите. Можен е неочекуван прилив на пари, наплата на стар долг, бонус или враќање на инвестиција. Овој ден ве охрабрува и да го разгледате своето управување со ресурси, за да направите простор за нови приходи.
На истиот ден, Венера повторно добива директно движење во вашиот знак, па вашиот изглед, стилот на комуникација и личната харизма ќе ви носат материјални и професионални придобивки. Преговарајте за подобри услови, подгответе ги документите за нови ангажмани, блеснете на сцена.
На 16 април Меркур влегува во овен и ја активира 2-рата куќа, па финансиите стануваат тема број еден. Можни се нови извори на приход, нови клиенти или проект кој ќе се потпира на вашето знаење. Но внимавајте: бидете рационални во трошењето и не влетувајте во ризични вложувања.
Марс влегува во лав на 18 април и ја осветлува вашата 6-та куќа, па мотивацијата за успех расте. Ќе бидете активни, амбициозни и подготвени да преземете лидерска улога. Ако баравте нова работа, сега е вистинскиот момент да ја најдете.
На 19 април Сонцето ја активира вашата 3-та куќа. Ова е период кога може да добиете интересен деловен предлог преку контакт, сосед, пријател или кратко патување. Одеднаш, нешто мало станува голема можност.
Младата месечина во бик на 27 април иницира нов почеток поврзан со комуникација, технологија или пишување. Ако работите во овие области, ова може да биде поволен момент да започнете проект кој ќе ви донесе видливост и солидни приходи.
На 30 април Венера влегува во овен и дополнително ја активира вашата финансиска куќа. Ова носи можност за награда, подобрување на буџетот или среќа во преговарања за плата. Исто така, ќе имате желба да си угодувате – подарете си нешто што долго го посакувавте.
Здравје
Почетокот на месецот ви носи ослободување од менталната магла, бидејќи Меркур на 7 април преминува во директно движење во вашиот знак. Ќе почувствувате како фокусот ви се враќа, а со него и оптимизмот. Ќе имате јасна визија за тоа што ви треба за да се чувствувате подобро – физички, ментално и емоционално.
На 13 април полната месечина во 8-мата куќа носи можност за детоксикација, длабоко прочистување и телесно и психолошки. Можеби ќе почувствувате потреба да оставите зад себе некои нездрави навики, или ќе направите посериозни здравствени чекори, како почеток на терапија или нов режим.
На 16 април, кога Меркур преминува во вашата 2-ра куќа, можно е да размислите за инвестиции во личната благосостојба како членство во фитнес студио, посети на нутриционист или нови навики за долгорочно здравје. Телото бара почит, а вие конечно го слушате.
Сонцето во бик од 19 април ве поттикнува да се поврзете со природата преку прошетки и престој на чист воздух, но исто така ќе ви бидат неопходни и разговори што го смируваат умот. Време е за заземјување – телото ќе ви бара стабилност, топлина и задоволство.
2025 година
Љубов
2025 година за рибите ќе биде година на љубовни еуфории, романтични авантури и финансиски добивки. Вашиот шарм и длабока интуиција ќе привлечат луѓе кои ќе ве инспирираат и бодрат. Рибите кои се во врска ќе уживаат во хармонијата со партнерот, зацврстувајќи го односот со гестови кои ќе ги стоплат и најладните срца. Слободните риби ќе се најдат на патеката на љубовни изненадувања, при коишто магнетската привлечност и судбинските средби ќе им донесат незаборавни моменти.
Ако некогаш сте се прашувале кога животот ќе ви наликува на љубовен роман, ова е вашата година.
Годината започнува со Венера во риби, вашата прва куќа на личноста. Ова движење ве прави неодоливи, а вашата магнетска привлечност ќе биде повеќе од очигледна. Ќе привлекувате луѓе како ноќни пеперутки на светло, а рибите кои се во врска ќе почувствуваат како нивниот партнер ги гледа со одново заљубени очи. Ако сте сингл, неочекувана средба може да биде почеток на голема љубовна приказна.
На 4 февруари Венера влегува во овен, активирајќи ја вашата 2-ра куќа на стабилноста и животните вредности. Рибите кои се во врска ќе размислуваат за важни одлуки, како заедничко живеење или финансиско вложување. Ќе почувствувате дека љубовта добива структура и сигурност, а разговорите за иднината ќе станат секојдневие. Сингл сте? Венера ќе ве спои со некој кој бара стабилна врска и сериозно обврзување.
Ретроградната Венера во овен од 2 до 27 март ќе ве натера да размислувате за минатото. Можеби ќе се сетите на стара љубов или ќе посакате да ги расчистите недовршените прашања. Ако сте слободни, ова е шанса да се соочите со старите емоции и да направите простор за нови почетоци. Рибите кои се во врска ќе почувствуваат дека е време за освежување на односите.
Соларната еклипса во овен на 29 март носи љубовни магии од космосот. За паровите, ова е идеално време за значајни одлуки – предлог за брак, планирање свадба или заеднички живот. Слободните риби ќе почувствуваат дека љубовта им доаѓа како судбински дар, преку сродна душа која ги разбира длабоко и потполно.
Марс на 18 април ќе премине во лав, вашата 6-та куќа на рутините. Рибите кои се во врска ќе откријат дека љубовта може да биде забавна, дури и во секојдневието. Романтични вечери дома, спонтани излегувања или заеднички проекти ќе го зајакнат односот. Слободните риби ќе најдат љубов преку активности што носат еуфорија и забава.
Јупитер на 9 јуни ќе премине во рак, вашата 5-та куќа на романтиката. Ова е најмагичното време за љубов во 2025 година! Ако сте во врска, ќе почувствувате дека вашата љубов цвета. Свадбите, свршувачките и приновите ќе бидат во центарот на вниманието. Слободните Риби ќе имаат среќа во љубовта, наоѓајќи партнер кој ќе ги направи среќни како во филмска приказна.
Соларната еклипса во девица на 21 септември ја активира вашата 7-ма куќа на партнерствата. Ова е време за љубовни ветувања и зацврстување на врските. Рибите кои се во врска ќе размислуваат за иднина исполнета со хармонија, додека слободните риби ќе запознаат додворувач кој ќе биде подготвен за сериозна врска.
На 30 ноември Венера влегува во стрелец и ја активира вашата 10-та куќа на кариерата. Љубовта и професионалниот живот ќе се вкрстат на начин што ќе ве изненади. Можеби ќе запознаете партнер преку работа или ќе откриете ново ниво на поддршка и разбирање од вашиот сакан.
На 15 декември Марс влегува во јарец и носи страст и интензитет во вашата 11-та куќа на социјалните кругови. Љубовта ќе биде динамична и исполнета со спонтани моменти. Ако сте во врска, ќе откриете нова искра во вашиот однос преку авантуристички активности. Ако сте слободни, неочекуван флерт во вашето социјално опкружување може да прерасне во нешто специјално.
Во 2025 година, со романтични гестови, значајни одлуки и моменти на страст, ќе почувствувате дека срцето ви блеска со светлината на ѕвездите. Подготвени сте за љубов која трае вечно?
Пари и кариера
Ѕвездите ве охрабруваат да ја искористите секоја шанса, бидејќи ова е година на големи можности за заработка, унапредување и постигнување финансиска стабилност.
Годината започнува со Венера во вашиот знак од 3 јануари до 4 февруари. Вашата харизма и самодоверба ќе ве направат магнет за нови деловни можности. Оние што бараат нова работа може да очекуваат позитивни интервјуа и понуди, особено во индустрии поврзани со креативност, уметност или човечки ресурси.
На 4 февруари Венера влегува во овен, активирајќи ја вашата 2-ра куќа на приходите. Ова движење носи можности за зголемување на заработката. Ако сте вработени, може да добиете покачување или бонус како признание за вашиот труд. Оние што се занимаваат со сопствен бизнис ќе видат зголемени приходи преку нови клиенти или успешни продажби.
Соларната еклипса во овен на 29 март ја осветлува вашата 2-ра куќа, носејќи значајни пресврти во вашите финансии. Ова е време кога можете да очекувате брзи пари преку неочекувани извори, како бонус, добивка или профит од претходни вложувања. Ќе се отвори можност за нова работа или проект што носи финансиска стабилност.
На 18 април Марс влегува во лав, вашата 6-та куќа на рутините и секојдневната работа. Ова движење носи зголемена енергија и мотивација да се посветите на вашите професионални цели. Вашата посветеност и дисциплина ќе бидат наградени со унапредување или признание од вашите претпоставени. Ќе почувствувате дека кариерата ви се движи во вистинската насока.
На 9 јуни Јупитер ќе премине во рак, вашата 5-та куќа на креативноста и иновациите. Ова е идеално време за започнување нови проекти или вложување во вашиот талент. Вашите идеи ќе бидат вреднувани, а финансиските добивки ќе доаѓаат како резултат на вашата оригиналност и способност за решавање на проблеми.
Соларната еклипса во девица на 21 септември ја активира вашата 7-ма куќа на партнерствата. Ова движење носи можности за профитабилни деловни соработки и договори. Ако сте размислувале за започнување заеднички проект, ова е време кога ќе најдете совршен партнер. Вашата способност да преговарате ќе ви донесе финансиски успех.
На 30 ноември Венера влегува во стрелец и ја потенцира вашата 10-та куќа на кариерата. Ова е време кога вашите напори ќе бидат препознаени, а вие ќе добиете можности за унапредување или преземање на лидерска позиција. Ако сте размислувале за промена на кариерата, ова движење ќе ви донесе понуди кои носат стабилност и поголема заработка.
Со влегувањето на Марс во јарец на 15 декември ќе се активира вашата 11-та куќа на социјалните кругови и групни проекти. Ова движење ќе ве поттикне да се вмрежите со луѓе кои можат да ја стимулираат вашата кариера. Ќе добиете шанса за работа на проект што носи долгорочна финансиска корист.
Полната месечина во близнаци на 5 декември ја активира вашата 4-та куќа на домот и недвижностите. Ова е идеален период за профит од недвижности, било преку купување, продажба или изнајмување.
Во 2025 година, вашата способност да се адаптирате, креативноста и интуицијата ќе ве водат кон достигнувања кои ќе го постават темелот за големи успеси во иднина.
Здравје
2025 година носи можности за ревитализација и зајакнување на здравјето на рибите. Започнува 12-месечен период на ослободување од стари навики и воведување нови ритуали што ќе ве направат посилни, посреќни и поенергични.
Годината започнува со влегувањето на Венера во риби на 3 јануари, носејќи засилено чувство на самодоверба и мотивација да се грижите за себе. Периодот до 4 февруари е одличен да започнете нова рутина за вежбање, да се фокусирате на здрава исхрана и да го поставите здравјето како врвен приоритет. Ќе почувствувате дека малите промени имаат големо влијание врз вашата енергија и расположение.
На 4 февруари Венера преминува во овен и ја активира вашата 2-ра куќа на парите и самоувереноста. Ќе се инспирирате да инвестирате во вашето здравје преку активности што носат радост и виталност. Експериментирајте со нешто ново, како танцување, јога или фитнес програма која ќе ве мотивира да останете активни.
Соларната еклипса во овен на 29 март ќе го осветли вашето здравје, носејќи шанса за позитивна трансформација. Ќе бидете инспирирани да ги отстраните токсичните навики од животот и да се насочите кон активности што ја поддржуваат вашата целокупна благосостојба.
Со влегувањето на Марс во лав на 18 април ќе биде потенцирана вашата 6-та куќа на рутините и здравјето. Ова движење ќе ве поттикне да бидете дисциплинирани и посветени на одржување на вашето тело. Ќе имате зголемена енергија, што ќе ве мотивира да се посветите на физичките активности и редовните медицински прегледи.
Јупитер од 9 јуни ќе ја акцентира вашата 5-та куќа на радоста. Ова е одлично време за активности кои носат задоволство и релаксација. Вашата ментална и емоционална состојба ќе биде подобрена преку креативни хобија, време поминато со саканите и активности што го исполнуваат срцето.
Соларната еклипса во девица на 21 септември ќе ја активира вашата 7-ма куќа на партнерствата. Ова е момент кога ќе почувствувате поддршка од вашите блиски во постигнувањето на целите поврзани со здравјето. Ако сте размислувале за консултација со експерт или започнување терапија, ова е идеално време за тоа. Ќе најдете нови начини да постигнете баланс и хармонија.
Полната месечина во бик на 5 ноември ќе ја осветлува вашата 4-та куќа на домот. Малите промени во домашната средина, како растенија или создавање зона за медитација, ќе донесат големи придобивки.
На 30 ноември Венера влегува во стрелец и ја активира вашата 10-та куќа на кариерата. Ќе најдете баланс помеѓу професионалните обврски и грижата за себе. Вашата енергија ќе биде на високо ниво, а вие ќе се чувствувате подготвени за сите предизвици.
На 15 декември Марс влегува во јарец, вашата 11-та куќа на групните активности. Ќе бидете мотивирани да се зачлените во фитнес клуб, да практикувате групни спортови или да се занимавате со други активности што комбинираат друштвен елемент со физичкото здравје. Ќе уживате во дружењето и во чувството на постигнување.
Во 2025 година ѕвездите ќе ви донесат сила и енергија за живот исполнет со радост и виталност.
Општи карактеристики за риби
Рибите се управувани од две планети – Јупитер и Нептун. Во римската митологија Јупитер е цар на боговите, а Нептун - владетел на морињата. Јупитер исто така управува со стрелец, но додека рибите ја претставуваат женската страна, стрелецот ја претставува машката. Нептун е претставник на сè што е мистично, на соништата, заблудите, фантазијата.
Родените во овој знак се идеалисти и во повеќето случаи нивните желби се нејасни. Симболот на овој знак се две риби, кои пливаат во различна насока. Едната риба ја симболизира реалноста, а другата мечтите. Ако вашиот знак е риби, вие имате силно развиена интуиција и секогаш знаете што се случува околу вас. Еден дел од вас секогаш сака да „исплива“ и да избега од реалноста.
Вие сте многу креативни, а вашата фантазија е идеалното скривалиште во моментите кога сакате да избегате од реалноста. Љубител сте на танцувањето, филмовите, поезијата и музиката. Секој претставник на овој знак треба да има дневник покрај својот кревет, затоа што најдобрите идеи кај рибите идат додека тие спијат.
Никогаш не сте агресивни, лесно наоѓате лидер кој што ќе ве води и сте задоволни кога судбината ве води, независно дали во познат или во непознат правец.
Риби е знак спротивен на девица, знакот на здравјето. Додека девиците се интересираат за конретните аспекти од животот, рибите се сврзуваат со потсвеста, со емоционалниот и менталниот живот. Претставниците и на двата знаци се посветуваат премногу на другите, но рибите понекогаш премногу влегуваат во улогата на жртви.
Елементот на рибите е водата и како воден знак вие сте многу емоционални и одговарате на предизвиците преку чувствата, а не преку физички, практични и интелектуални дејствија. Во љубовните односи сте нежни, верни и романтични, но само додека партнерот чува во себе си некаква таинственост. Кога таинственоста исчезне веднаш се разочарувате и тргнувате во потрага по нов партнер - идеалниот.
Поради фактот што рибите се последниот знак во хороскопот, вие имате можност да учите од првите единаесет знаци. Родени сте за да му помогнете на човештвото да ги достигне највисоките нивоа на духовност. Иако понекогаш се чувствувате беспомошни, вие сте многу посилни отколку што можете да си претставите. Најдобриот начин за да ја почувствувате вашата сила е да им помогнете на луѓето, кои имаат потреба од помош.
Луѓето околу вас имаат многу големо влијание на вас и многу лесно можат да направат да се чувствувате виновни. Поради тоа треба да стоите настрана од „пријатели“, кои ве искористуваат или прават да се сомневате во самите себе. Оставете ги околу вас само оние ваши пријатели, кои имаат добро срце!
Симбол:
Риба
Симболизира:
Океани, промени, гостопримство, пороци, зависност, болници, затвори, филантропија, добротворни организации, заштита на животните, предавство, тајни науки, шпионажа, бегство од обврски, самоубиства.
Елемент:
Вода
Планета:
Јупитер и Нептун – планетата на фантазијата и соништата.
Ден од седмицата:
Четврток
Боја:
Морско сина
Број:
2
Скапоцени камења:
Сафир
Најдобри професии:
Поети, пророци, лекари, писатели, илузионисти, балерини, актери, фотографи, рибари, хипнотизери, монаси, свештеници, медицински сестри, уметници.
За да се спријателите со нив:
Учествувајте во дејностите кои ги извршуваат и помагајте им кога имаат проблеми.
Дел од телото:
Стапало
Добри карактеристики:
Романтични, интуитивни, мистични, услужливи, мудри, спокојни, креативни, ведри, скромни, љубезни, мечтатели, прекрасни партнери, многу романтични, нежни, чувствителни.
Лоши карактеристики:
Наивни, самосожалувачки и самоуништувачки настроени, надвор од реалноста, расеани, песимисти, неуверени, неорганизирани, нерешителни, порочни, зависни, лицемери, предавници, страшливци.
Карактеристики по кои ќе ги познаете:
Слатка насмевка, ненадејни движења.
Омилени работи:
Танцување, романтични средби, смеење и плачење, прошетки на плажа, долги поетски писма.
Работи кои ги мразат:
Реалноста, фрлањето на новогодишната елка, дневна светлина, лош дизајн и гласна музика.
Можете да ги најдете:
Како им помагаат на стари лица, како мечтаат во ноќните клубови, како се држат за раце под масата во романтичен ресторан.
Скриена желба:
Да најдат безусловна љубов!