Почетна » Забава » Хороскоп » Подзнак

КАЛКУЛАТОР на ПОДЗНАК

Калкулатор на подзнак. Horoskop

Подзнак

Подзнак во хороскоп

Денес тешко ќе најдете некој кој не го знае својот хороскопски знак, но многу се ретки оние кои го знаат својот подзнак.

!

Хороскопскиот подзнак е оној зодијачки знак,
кој се наоѓал на источниот хоризонт во моментот на вашето раѓање.

Астролошкиот портрет на една личност не e целосен ако не се земе во предвид влијанието на подзнакот.

Сигурно се прашувате, ако подзнакот е толку важен, тогаш зошто само малку од нас знаат за него. Проблемот е во тоа што определувањето на подзнак е многу посложена задача, отколку определувањето на хороскопскиот знак. За определување на подзнакот треба да користите специјални таблици, големи колку една мала книга. Притоа, потребни ви се годината, датумот и часот на раѓање. Треба да ја земете во обзир и временската зона во која сте се родиле, како и географската ширина и должина на местото на раѓање.

Нашиот калкулатор ќе го направи сето ова наместо вас, па со едноставен клик на копчето „Пресметај“, вие ќе дознаете кој е вашиот подзнак. Ќе го пресметаме и точниот степен во кој сте биле родени, а ќе ги добиете и карактеристиките на секој подзнак.

Степени?

На секој подзнак му припаѓаат по 30°. Степените служат за определување на силата на влијание на вашиот подзнак.

  • Ако сте родени блиску до почетокот на знакот, тогаш влијанието на подзнакот е најсилно. Во овој случај, најголемиот дел од првата куќа се поклопува со вашиот знак.
  • Колку повеќе се доближувате до крајот на знакот, толку помало станува влијанието на вашиот подзнак. Првата куќа во најголем дел веќе се наоѓа во следниот знак.

Познавањето на подзнакот може да ви помогне подобро да се разберете самите, како и луѓето околу вас.

Подзнак » Овен

Подзнак Овен

Ако вашиот подзнак е овен, вие сте директни, амбициозни, тврдоглави и полни со енергија. Имате брз и понекогаш насилен темперамент, а тоа значи дека прво дејствувате, а потоа мислите за вашите постапки. Тоа е главната причина што никогаш не планирате. За вас тоа е само губење на време.

Но и покрај тоа што не сакате планови, вие имате јасна цел кон која се стремите и успешно ги совладувате пречките на вашиот пат. Успехот секогаш на крајот ви се насмевнува и независно колку невозможни биле вашите амбиции, вие секогаш успевате да ги реализирате. Имате точно изграден систем со приоритети и знаете што можете да жртвувате во името на успехот.

Поради вашиот авантуристички дух не ги сакате рутините и не сакате да се обврзувате со нешто за долго време. Тоа е и причината што краткорочните проекти ги работите со страст, додека долгорочните прават да се чувствувате заробени.

Секогаш се залагате да го постигнете тоа што го сакате со енергија и страст. Многу лесно губите интерес за луѓето кои не ја демонстрираат истата страст како вас. Доброто во вашиот карактер е тоа што брзо ги заборавате незгодите и инцидентите.

Се потпирате само на себе си во исполнувањето на вашите цели, сакате тоа да биде ваше дело и тоа ве прави господари на вашите успеси. Не прифаќате наредби, самодисциплинирани сте и мразите другите да ви се мешаат и да ви даваат совети.

Најчесто вашите реакции се неочекувани и за родителите и за другите околу вас. Поради тоа тие често се обидуваат да ве убедат дека вашите планови се нереални. Недовербата на другите во вас ви е дополнителен стимул да успеете. Сакате да ризикувате и не се плашите од последиците. Ако ризикот излезе оправдан, тоа ве стимулира да продолжите напред, а ако не, не се разочарувате, само ја менувате насоката толку смело, што не ни покажувате дека тоа бил еден ваш неуспех.

Вашата најголема желба е да се развивате, да ја надминете средината од која што потекнувате и да се докажете како личност. Мистицизмот секогаш ве привлекува, сакате да чувате тајни, а тоа често ги полудува вашите пријатели.

Жените со подзнак овен понекогаш се премногу агресивни во љубовта и се спремни да се справат со предизвиците.

Мажите во љубовта очекуваат премногу, а даваат премалку, но се способни да ризикуваат и имаат оригинален пристап.

« Назад

Подзнак » Бик

Подзнак Бик

Ако вашиот подзнак е бик, вие го сакате задоволството и повеќето од вас постојано се во потрага по него. Како земен подзнак, не ги прифаќате обврските кои произлегуваат од долгите врски и емоционалните обврски ги гледате само како ментална вежба. Не сакате да бидете избрзувани или да имате обврски. Но, кога еднаш емоционално ќе се обврзете за проект, идеа или личност вие се опседнувате и ви е тешко да го оставите.

Трпеливи сте, но многу често знаете да бидете тврдоглави и речиси никогаш не се предомислувате, т.е. кога еднаш ќе земете решение, се придржувате кон него без разлика на сè. Вие поседувате зачудувачка внатрешна стабилност и хармонија, кои имаат смирувачко дејство над другите и им даваат чувство на задоволство. Но, внимавајте таа ваша смиреност да не ве направи роб на рутините.

Ако некој треба да ве опише со еден збор, тој збор најверојатно би бил конзервативни. Разликата меѓу вас и овен е што вие не сте импулсивни. Иако ја имате истата цел - успехот, вие се стремите да го постигнете на конзервативен начин - преку тешка работа. Материјалните работи и богатството се многу важни за вас и понекогаш сте преокупирани со вашиот социјален статус.

Вие сте комуникативни, сензуални и сакате да стекнувате нови пријатели. Лојални сте, имате широк круг од блиски пријатели, но оние кои ќе ги прекршат ветувањата треба да бидат подготвени да ги сносат последиците. Имате многу силна меморија. Вие може да простите, но ретко заборавате. Некои од вас паметат лични навреди и разочарувања со години, трошејќи залудно време.

Во љубовните односи имате потреба да бидете сакани и почитувани и секогаш сакате видливи докази за тоа, иако вие самите тешко ги покажувате вашите чувства. Познати сте по тоа што ги тестирате вашите партнери, со цел да откриете дали можат да издржат на предизвиците. Не сте љубоморни поради тоа што сметате дека цврсто го држите партнерот.

Жените со подзнак бик се независни и сметаат само на самите себе. Во нивната природа е да трошат премногу пари во некои ситуации, а во други да бидат мизерни. За нив нема средина. Многу се чувствителни кога станува збор за нивната фигура.

Мажите се шармантни и дипломати во социјалните односи и многу чувствителни партнери во љубовните. Несебично се посветени на своите деца.

« Назад

Подзнак » Близнаци

Подзнак Близнаци

Ако вашиот подзнак е близнаци, вие сте секогаш ведри, насмевнати, комуникативни и поседувате неограничена енергија. Луѓето ве ценат поради вашата способност лесно да се адаптирате, но и поради тоа што знаете да најдете решение во секоја ситуација.

Имате потреба од вашите пријатели исто толку многу, колку што имате потреба од воздух. Сакате да зборувате и секогаш имате нешто ново да кажете, но лошото кај вас е што не знаете да чувате тајни. Иако сакате да зборувате за другите, кога е во прашање вашиот живот сте многу таинствени. Умеете да се адаптирате во секое друштво, т.е. вие сте социјален камелеон.

Комуникативни сте и љубопитни за сè. Многу брзо примате нова информација и имате богата општа култура. Како што сакате да собирате информации, така сакате и да ги споделувате, па многу од вас се успешни учители, писатели или имаат работа во која секојдневно комуницираат со многу луѓе.

Барате интелектуални предизвици и го мразите секојдневното повторување на работите. Имате многу чувствителен нервен систем и за да го зачувате вашето психичко здравје треба да ви бидат задавани различни задачи. Монотонијата е вашиот најголем кошмар, па најверојатно имате или ќе имате работа која ќе ви нуди промени на работното место.

Добри бизнисмени сте и вешто ги користите вашите комуникациски способности. И покрај тоа што имате брилијантен мозок, вашата променлива природа не ви дозволува да ги постигнете целите, затоа што никогаш не сте доволно време на едно место.

Многу брзо ги проценувате луѓето и си формирате мислење. Сакате да флертувате и често ги менувате партнерите. Итри сте и понекогаш имате повеќе од една врска. Врската ја гледате како едно од вашите возбудливи искуства, па вашите врски се исполнети со љубовни тајни и решавање загатки. Емоциите не ви се многу длабоки, па може да се справите со тагата и грижите многу полесно од другите луѓе.

Жените со подзнак близнаци се љубители на задоволството и обожаваат да озборуваат. Постојано зборуваат и поради тоа многу често имаат проблеми. Иако се организирани и ефикасни, понекогаш им е тешко да се справат со домашната работа.

Мажите со подзнак близнаци се шармантни, но со нивниот темперамент не можат да ја контролираат во некои случаи страста, а во други емоционалната хистерија. За нив е карактеристично тоа што знаат како се прават пари и се многу популарни. Но, мажите исто како и жените плаќаат многу голема цена за нивната лоша навика, постојано да зборуваат.

« Назад

Подзнак » Рак

Подзнак Рак

Ако вашиот подзнак е рак, вие имате многу сличен карактер со оние кои се во подзнак бик. Обожаватели сте на задоволството и релаксацијата. Но, вас ви недостига стабилноста и тврдоглавоста на биковите. Не само децата, но и возрасните имаат бујна фантазија.

За вас емоционалната сигурност е многу поважна од материјалната. Реагирате емоционално на ситуациите, без објективно да ги земете во предвид фактите. Поемоционални сте од оние родени во знак рак, па оние со кои го поминувате најголемиот дел од времето имаат силно влијание врз вас.

Ако некој може да комуницира со секаков вид луѓе без разлика на интелект, воспитание, образование или карактер, тогаш тоа сте вие. Може да бидете многу срамежливи кога ќе се најдете во непозната ситуација или кога ќе сретнете тотален странец. Но, кога ќе започнете да се чувствувате удобно, вие станувате многу дружељубиви и најблиските пријатели ги сметате за дел од семејството. Тоа понекогаш има негативни последици, поради тоа што многу често сте натоварени со туѓите проблеми.

Имате многу добра меморија и ги помните речиси сите за вас важни ситуации. Пасивни сте кога треба да ги пребродите и да ги оставите зад вас несреќните емоционални ситуации.

Посветени сте на постигнувањето на вашите цели. Ги сакате предизвиците, затоа што тоа ви е дополнителен стимул да успеете. Но, недостигот на мотивација може да ве направи мрзливи и неорганизирани.

Во љубовните односи сакате да ви биде пружена финансиска, физичка и емоционална сигурност од партнерот. Сакате партнерот да се грижи за вас и да ви докажува постојано колку е заинтересиран. Но, тука постои ризик премногу да ги натоварите околните со грижата за вас.

Бебиња имаат склоност или малку да јадат или имаат алергија на некои видови храна. Возрасните ја употребуваат храната како средство за емоционално смирување.

Жените со подзнак рак се кршливи и се препуштени на милоста на нивните променливи чувства. Всушност емоциите се нивни најголеми непријатели. Кога еднаш ќе научат да ги контролираат емоциите, тие се многу креативни. Идеални се за сопруги и мајки, но понекогаш се спремни на интриги.

Мажите со подзнак рак имаат вродена нежност во својот карактер, која им пречи на патот кон успехот. Склони се кон домашна работа како градинарство, готвење или уредување на домот. Многумина од нив се музичари, поети и голем дел имаат дарба за актерство.

« Назад

Подзнак » Лав

Подзнак Лав

Ако вашиот подзнак е лав, вие сте магнетски привлечни, брзо станувате центар на вниманието, а кога ги искажувате вашите чувства сте великодушни и страсни. Никогаш не штедите пози и гестови за да привлечете внимание. Но, понекогаш за таа цел ги преувеличувате работите и тоа ве прави во очите на другите неискрени.

Брзо знаете да ги оцените луѓето, како и нивните вкусови и околу вас прифаќате само луѓе кои имаат позитивно мислење за вас. Понекогаш дури избирате слаби и некреативни личности за пријатели, затоа што на тој начин повеќе може да ги истакнете вашите лични квалитети.

Возбудата во некои моменти може да ве натера страсно и искрено да правите некои работи, но лошото е што за кратко ги заборавате.

Вашата гордост е причината за вашите неуспеси, затоа што ви пречи да бидете искрени. Никогаш не ги признавате вашите грешки и порази, а од критичните ситуации преферирате да излезете со насмевка.

Не можете да ги одделите емоциите од егото, а тоа ве прави чувствителни на критики. Гордоста исто така е причината да не ги допуштате луѓето блиску до вас, затоа што според вас работите кои се во вашето лично пространство не треба да бидат споделувани со другите.

За вас успехот во професијата е многу важен стимул и се задоволувате само со видлив резултат. Способни сте да ги материјализирате вашите идеи за кратко време и ја вложувате во тоа целата ваша енергија.Многу сте тврдоглави и способни сте на лична жртва, за да ја постигнете целта во која силно верувате. Дури и кога има докази дека се стремите кон погрешни цели, за вас е тешко да го смените правецот и да продолжите во друга насока.

Агресивни сте кога станува збор за заштита на вашата лична слобода, но и за правата и слободата на другите.

По природа сте многу љубоморни. Сакате таков партнер, кој ќе ви посветува многу внимание и кој ќе биде спремен да ги исполни сите ваши желби. Кога врската ќе заврши, вие страдате повеќе од повредено его отколку од скршено срце.

Жените се силни, материјалистки и преокупирани со нивниот статус. Но, исто така се способни да прифатат обврски и се однесуваат со достоинство, дури и кога се навредени.

Мажите се фалат самите себе и сакаат да го имаат последниот збор. Ги бараат добрите работи во животот и секогаш имаат големи планови. Кога големото богатство дојде во нивните раце, тие се дарежливи и знаат да го поделат со другите.

« Назад

Подзнак » Девица

Подзнак Девица

Ако вашиот подзнак е девица, вие го сакате задоволството и повеќето од вас постојано се во потрага по него. Како земен подзнак, не ги прифаќате обврските кои произлегуваат од долгите врски и емоционалните обврски ги гледате само како ментална вежба.

Многу сте внимателни во изразувањето на вашите чувства и постојано поставувате невидливи бариери. Во многу случаи се надевате дека другите ќе ги гледаат тие бариери како предизвик за да ве запознаат.

Не само во видливите работи, но и во вашиот емоционален свет сè е подредено и секоја работа има свое место. Кај вас сè е испланирано до најмалиот детаљ. Неудобно се чувствувате кога треба да оставите нешто на случајноста. Се стремите да следите некој ваш ритам и ред и во меѓувреме се заштитувате од пропусти. Тоа ве прави организирани, мобилизирани и уверени.

Сето тоа има и една негативна страна – тешко правите компромиси поради следењето на тој ваш ред. Вашето преголемо критикување и детализирање на емоционалните ситуации прави тешко за вас, но и за другите околу вас да ги искажат чувствата.

Знаете што треба да направите за другите да се чувствуваат подобро. Имате многу пријатели заради вашиот симпатичен изглед, но сте многу кршливи кога ќе бидете искористени. Лесно се адаптирате, кога ќе се најдете во нова средина многу сте претпазливи, но вашата доверба може да биде стекната многу лесно.

Секогаш сте подготвени да помогнете и никогаш не сте себични во такви ситуации. Сакате да давате совети и уживате кога чувствувате дека некому сте потребни.

Познати сте по книгите и пишувањето. Интелектуалната љубопитност ви дава шанса да собирате многу информации.

Имате убаво тело и ѝ обрнувате големо внимание на исхраната. Секогаш се грижите за вашето здравје и тоа ве прави здравствени професионалци. Но, опседнатоста со здравјето може дури да ве направи хипохондрици или понекогаш ги користите болестите за да привлечете внимание.

Жените со подзнак девица не се воопшто романтични и се многу итри и пресметливи кога се работи за маж. Студени се и себични и може да попаднат на тага во бракот.

Мажите со овој подзнак сакаат да ги идеализираат своите жени, но не се многу трпеливи со нив. Нивната емоционална природа тежнее кон доминација и може да имаат желба за интриги.

« Назад

Подзнак » Вага

Подзнак Вага

Ако вашиот подзнак е вага, вие сте балансирани личности, никогаш не одите во крајности и знаете да најдете некаква средина. Поради тоа сте ценети од луѓето околу вас, кои најчесто ве користат како посредник, кога треба да се земе справедливо решение. Не сакате другите да имаат лошо мислење за вас, па дури и во ситуации во кои други би станале хистерични, вие ги користите вашите дипломатски способности.

Со голема посветеност работите на постигнувањето на вашите цели и сакате тоа да биде на ваш начин. Големо внимание им обрнувате на деталите, знаете да подготвувате стратегии и да решавате проблеми кога се работи за бизнис или за вашата професијата. Но, кога се работи за вашиот личен живот знаете да бидете многу непрактични.

Силно сте приврзани за домот и семејството, но тоа никогаш не доаѓа до израз во вашиот животен стил. Знаете да сакате и сте лојални во врските. Во долготрајните врски мора да има интелектуална хармонија меѓу вас и вашиот партнер, како и физичка привлечност. Најчесто вашите партнери се бурни и динамични, па вие треба постојано да отстапувате по полза на партнерот. Тоа не е некаков компромис од ваша страна, туку желба вашиот партнер да се чувствува удобно со вас.

Како правило вие не сте склони да живеете сами. Ако не сте во брак или во врска, вие ќе бидете задоволни ако до вас има мил и дружељубив пријател. Вашите постигнувања секогаш се директни резултати од стимулациите и поддршката која доаѓа од другите луѓе.

Ја сакате убавината, хармонијата и сакате да живеете смирен живот, па многу често избегнувате да влегувате во конфликти. Многу од вас му обрнуваат големо внимание на физичкиот изглед и покрај тоа што не се опседнати со идејата да изгледаат перфектно.

Жените со подзнак вага имаат таков темперамент кој ги прави позаинтересирани за материјални работи, социјални или интелектуални активности, отколку за одгледување на деца или домашна работа.

Мажите со подзнак вага се променливи, нежни и нерешителни. Не се доволно мажествени и безмилосни за да успеат во животот. Склони се кон домашна работа и понекогаш покажуваат голем интерес кон готвењето, уредувањето на домот или градинарството.

« Назад

Подзнак » Шкорпија

Подзнак Шкорпија

Ако вашиот подзнак е шкорпија, вие сте силна и тврда личност. Интелигентни сте и трошите огромна енергија, залагајќи се за искреност и чесност. Како воден знак, многу често реагирате емоционално, без објективно да размислите за фактите.

Во животот најпрво сте водени од вашите емоции. Ако во детството сте биле подложени на емоционална манипулација или загуба, вие не сте склони отворено да ги искажувате вашите чувства и потреби.

Оптимисти, интелигентни и пресметливи, вие секогаш избирате свој курс на дејствување. По секоја цена сакате да го следите тој ваш избран курс. Поседувате силна волја и карактер. Работите напорно, амбициозни сте и луѓето може да сметаат на вас. Бестрашни сте со силна морална совест и со развиена интуиција. Сакате да поставувате прашања за сè и да навлегувате длабоко во работите.

Карактеристично за вас е што многу лесно можете да ги преодолеете пречките кои стојат на вашиот пат. Наместо да го одвлечат вашето внимание, пречките ви се дополнителен стимул за да успеете и да вложите повеќе енергија.

Една од професиите која најдобро ви одговара е детектив, затоа што ништо не може да остане во тајна кога ќе се замешате вие. Колку помистериозна е една работа, личност или задача, толку повеќе ѝ се посветувате. Луѓето родени во овој подзнак може да ѝ се радуваат на магичната харизма.

Во комуникацијата со другите сте тврди и дури тврдоглави, а понекогаш сурови и инаетчии. Кога сте во врска, вие сте страсни и чесни, сè додека некој не ја повреди вашата гордост. Во таков случај знаете да бидете злопамтило. Не може да се одрече вашиот потенцијал за љубомора, посесивност и одмазда.

Поради вашата тврдоглава природа на другите им и многу тешко да ве убедат да го промените вашето мислење и однесување или да ги смените лошите навики. Но, тоа понекогаш има и позитивни страни, затоа што луѓето околу вас ве почитуваат и ве сметаат за личност со тврдо лично мислење, непоколебливи, убедени во своите ставови и сигурни во успешниот крај.

Жените со подзнак шкорпија се многу итри, интелигентни и понекогаш дури брилијантни. Нивната желба не е да стекнат големо богатство, а да се здобијат со моќ.

Мажите со подзнак шкорпија многу лесно можат да бидат деконцентрирани од безизлезни ситуации. Нивната природа е совршена за работа со економски, човечки или природни ресурси.

И двата полови се љубители на задоволството, но многу често имаат проблеми во бракот, затоа што задоволството го бараат надвор од нивниот дом.

« Назад

Подзнак » Стрелец

Подзнак Стрелец

Ако вашиот подзнак е стрелец, вие сте родени оптимисти, секогаш им приоѓате на луѓето со великодушност и без предрасуди, а основни критериуми во односите со другите ви се чесноста и искреноста.

Животот го живеете следејќи го вашиот авантуристички дух и желбата постојано да учите нови работи. Токму комбинацијата од тие ваши карактеристики ви дава поттик да ризикувате и да достигнувате огромни успеси, особено во претприемништвото. Нетрпеливоста може да биде вашата најголема пречка кон успехот.

Во себе носите големи идеи и постојано барате пространство во кое ќе можете да ги реализирате тие идеи. Поради тоа, не сакате да ви бидат поставувани ограничувања. Ја сакате личната слобода и секогаш меѓу вас и другите држите некакво растојание, со кое се осигурувате дека нема да попаднете во потчинета состојба.

Вие сте неуморни, па постојано барате некакви предизвици. Таа ваша динамика продолжува низ целиот ваш живот. Самите вие сте извор на нови и нестандардни идеи и секогаш има што да кажете. Луѓето ги импресионирате со вашата богата општа култура, добри импровизатори сте, но работите ги кажувате само површно, а не навлегувате во нивната суштина.

Многу сте љубезни и не ги сакате оние, кои само ја искористуваат вашата љубезност. Отворени сте и чесни со тенденција понекогаш да бидете премногу искрени особено во ситуации кои бараат по дипломатски приод.

Не сте склони да се приврзувате емоционално за долго време, а оние врски кои ја ограничуваат вашата лична слобода не траат долго. Од една врска барате провокација или нешто ново поради тоа што го сакате разнообразието. Двојноста во вашата природа ве прави непостојани и емоционално несигурни, но во истото време цврсти и независни.

Ве воодушевуваат луѓе со моќ и висок статус во општеството, сакате да се дружите со нив со цел да го зголемите вашиот личен напредок – основаната цел во вашиот живот. Со цел да оставите добар впечаток кај другите, вие може да го преувеличувате вашето знаење и важност.

Жените со подзнак стрелец се подобри пријатели, отколку партнери и покрај тоа што нивната неуморна природа може да доведе до многу сексуални авантури. Пријателството е многу важно за нив, а нивниот темперамент не е склонен кон домашен живот.

Мажите со подзнак стрелец се упорни трагачи по идеалната жена. Во нивната природа е да бидат лојални и да не ги комплицираат работите.

« Назад

Подзнак » Јарец

Подзнак Јарец

Ако вашиот подзнак е јарец, вие го сакате задоволството и повеќето од вас постојано се во потрага по него. Како земен подзнак, не ги прифаќате обврските кои произлегуваат од долгите врски и емоционалните обврски ги гледате само како психичка вежба.

Тешко комуницирате со оние кои не ги споделуваат вашите вредности и мислење. Не сте склони да разговарате за вашите проблеми, но секогаш сте спремни да им помогнете на другите за решавање на нивните проблеми.

Многу ви е тешко кога треба да ги искажете вашите најдлабоки емоции, затоа што стравот да бидете одбиени е премногу голем. Сè што е нејасно во врската ве прави да се чувствувате несигурни. Мора да знаете сè што се случува и сè треба да биде точно и легално. Кога станува збор за брак, вам ви е потребно многу долго време за да пронајдете некој кој ќе го сакате и на кого ќе можете да му верувате. Во врска сте верни и може да се смета на вас.

Вие веќе го имате избрано вашиот пат и сте многу посветени на постигнувањето на вашите цели. Сакате да стигнете некаде во животот и поради тоа правите сè со голема посветеност и смиреност. Секогаш ги планирате вашите стапки и се апстрахирате од работите кои можат да ве деконцентрираат, држејќи ја целта пред вашите очи.

Дисциплинирани сте и знаете да ги жртвувате краткорочните придобивки во името на долгорочните цели и личен напредок. Амбициозни сте и имате силна волја, а вашите напори се најпрво насочени кон вашиот личен напредок, за потоа да можете да им помогнете на другите да напредуваат.

Многу ја почитувате науката и самите вие сте многу интелигентни. Вашата навика да го криете гневот длабоко во себе, може да доведе до психички болести и депресија. Треба да научите да се релаксирате и да ги решавате работите посмирено, за да може да уживате во вашите успеси.

Жените со подзнак јарец се многу амбициозни, но за сметка на нивниот личен живот. Загрижени за придобивањето на материјално богатство и статус или презафатени со многу обврски можат да ја пропуштат радоста и задоволството во врската. Тие се и одлични администратори.

Мажите со подзнак јарец имаат потешкотии со приврзувањето со жените. Врските им се премногу формални за да им дозволат топлина и блискост. Со нивната комплицирана емоционална природа може да се справите само со трпение и разбирање.

« Назад

Подзнак » Водолија

Подзнак Водолија

Ако вашиот подзнак е водолија, вие сте оригинална личност, која секогаш бара нешто ново и различно од вообичаеното. Таа ваша карактеристика понекогаш ве прави во очите на другите по малку ексцентрични. Но, во истото време вие ги надминувате ограничувањата, кои што постојат во општеството и се издигате над нив со вашите оригинални идеи, барајќи поле за реализација.

Имате силна интуиција и неверојатна интелигенција и тоа ви дава можност да ги постигнувате вашите цели на начин, на кој другите никогаш не би се обиделе. Така се чувствувате задоволни, бидејќи откривате нови патишта и го покажувате светот на еден нов начин.

Длабоко во вашето срце сте неверојатен хуманист и сакате да помогнете секогаш кога ќе имате можност. Комуникативни сте и либерални во односите со другите луѓе. Знаете да се социјализирате, да влевате доверба и имате многу пријатели кои најчесто ве гледаат како нивен советник. Сакате оригинални личности како вас и поради тоа ретки се луѓето кои можат да го задржат вашето внимание за подолго време.

И покрај вашиот ексцентризам, вие сте емоционално многу стабилни. „Нешто“ ви дава сила не само да сте смирени, но и да ги смирувате оние кои се вознемирени. Тешко е човек да ве изненади, поради тоа што обично вие сте тие кои ги изненадуваат и шокираат другите. Животниот стремеж ви е постојано да се развивате и за таа цел давате сè од себе.

Имате проблеми кога треба да го фокусирате вниманието само на една личност. Вашето мото е „колку повеќе, толку повесело“. Кога барате партнер основна карактеристика која треба да ја поседува е интелигенција, бидејќи за вас поважна е интелектуалната отколку сексуалната врска.

Обично децата со овој подзнак созреваат многу рано, ја сакаат науката и се многу љубопитни.

Жените со подзнак водолија се силно заинтересирани за бизнис, многу внимание посветуваат на нивниот професионален живот и на тоа поле се многу успешни. Кога ќе стапат во брак тие се многу добри родители, бидејќи се трпеливи, интелигентни и полни со разбирање. Толку се несебични што секогаш нивните деца се на прво место.

Мажите со подзнак водолија се љубоморни и посесивни во нивните врски, а тоа понекогаш е сфаќано од нивните партнери како недостаток од љубов. На професионален план бараат таква работа, која ќе ги истакне нивните способности и која ќе им даде можност да напредуваат.

« Назад

Подзнак » Риби

Подзнак Риби

Ако вашиот подзнак е риби, вие се обидувате да го искористите текот на животот и неговата насока за да одите напред со многу трпение, без да ги избрзувате работите. Како воден знак реагирате емоционално во одредени ситуации, без објективно да ги земете во предвид фактите.

Оставени сте на милоста на вашата чувствителна природа. Ранливи сте кога другите ве навредуваат, се плашите од одбивање и не си одговарате воопшто со оние кои се емоционално цврсти и независни. Како заштитен механизам вашата ранливост може да биде претворена во борец, т.е. подобро вие да ги повредите другите, отколку другите да ве повредат вас.

Романтични сте, идеалисти и креативни. Вашиот надворешен изглед многу добро ги прикрива вашата ранливост и чувствителната природа.

Ги сакате промените, рутините како да ви ја одземаат живоста и енергијата со која ги правите работите. Лесно си го променувате мислењето, па поради тоа некои ве сметаат за личност на која не може да се смета. Понекогаш сте многу пасивни, нерешителни и очекувате околностите да ви покажат како да дејствувате, а не да одлучите вие самите.

Креативни сте и сакате да го направите светот подобро место за живеење. Вие сте од оние луѓе кои не прават планови за во иднина, а вложуваат сè од себе за да ја подобрат сегашноста. Ги мразите конфликтите и гледате да ги избегнете на дипломатски начин.

Хуманитарец сте и сакате да помагате, но со вашата емоционална природа може многу лесно да станете тажни кога луѓето околу вас се во неволја. Вие сте едни од најлојалните луѓе и ќе направите сè за пријателството. Ако нешто ви пречи, прво се обидувате да се промените вие самите, а не да го промените светот.

Во љубовните врски сте нежни и романтични. Со партнерот сакате да воспоставите длабока психолошка врска. Вашиот партнер треба да биде стабилен, реален и практичен. Не штедите средства за да го импресионирате, а тој од своја страна треба да ви помага во подредувањето на приоритетите во животот.

Жените со подзнак риби се склони кон развивање на комплекси, но тие се многу посветени домаќинки. Љубезни се, нежни и обично имаат среќен живот.

Мажите со подзнак риби се многу кршливи, но секогаш се спремни да им помогнат на другите. Сакаат такви жени кои се мистериозни или кои можат да направат да се чувствуваат сигурно.

« Назад

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20775 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.