Мик Џегер и Мелани Хамрик се верени.
81-годишниот фронтмен на Rolling Stones тајно ја запросил 37-годишната поранешна балерина уште пред „две или три години“.

Веста за нивната свршувачка се прошири токму сега, бидејќи Мелани ја сподели истата во интервју за Paris Match.
„Верени сме две или три години“ – рекла таа, но признала и дека не брзаат да стапат во брак.
„Можеби еден ден ќе стапиме во брак, можеби не. Толку сме среќни сме со нашиот моментален живот, што се плашам да променам било што. Се обидуваме да се поддржуваме меѓусебно и да бидеме еден покрај друг за да се увериме дека сите се среќни“ – додала Мелани.


Парот поттикна гласини за веридба во 2023 година, кога Хамрик беше видена со дијамантски прстен.
Џегер и Хамрик се во врска од 2014 година и заедно имаат едно синче кое се роди во 2016 година.



Мик има осум деца со пет различни жени. Тој е дедо на седум внуци и прадедо на три правнуци.


