Елизабет Харли заведуваше на настан организиран од Estée Lauder во Келн, Германија.
59-годишната актерка буквално блескаше покрај синот Демијан за кој многумина коментираат дека е вистинска нејзина копија. Елизабет носеше креација со длабоко деколте од Џени Пекам која совршено го истакна нејзиниот сексапил. За оваа пригода, Демијан избра костум од Rohit Bal.



Елизабет ја доби наградата „Beauty Idol“, а нејзиниот син напиша дека е „повеќе од горд“ со неа.


Демијан е син на Елизабет од врската со бизнисменот Стив Бинг. Тој го одрече татковството тврдејќи дека имал кратка врска со актерката. ДНК тест потврди дека тој е таткото на детето.




