Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Тоа се глумците“: Сашо Тасевски на грб ја носеше Нина Елзесер на претстава на која таа глумеше со скршен прст на ногата

„Тоа се глумците“: Сашо Тасевски на грб ја носеше Нина Елзесер на претстава на која таа глумеше со скршен прст на ногата

Драмските актери многу често се принудени да ги одиграат своите улоги во тешки услови и немаат можност да се откажат од театарските претстави.

Нина Елзесер ја одигра целата претстава „Фамилијата Адамс“ во Велес со скршен прст на ногата. Ова го сподели актерот Сашо Тасевски, кој ја носеше на грб Нина од ресторанот до театарот каде заедно играа пред полна сала. Целта на неговата објава била да покаже во какви околности глумците мораат да одиграат претстава.

Ете конечно добив носечка улога.

Како нејзин чичко во Фамилијата Адамс ја носам ВЕНДЗЕЈ (НИНА) низ Велес, од ресторанот до театарот оти го скршила прстето вчера на друга претстава.

Да не ја носам ќе треба да ја чекаме пола саат да помине 100 метри.

Али ќе игра вечер од 20 часот со штаки.

Тоа се глумците.

Некад и повредени мора да играат.

Во видео споделено подоцна, Сашо рече:

„Нина Елзесер цела претстава одигра со скршен прст на штаки. Не случајно ги постирав видеото и фотографијата додека ја носев, затоа што најмногу сакав да ви ја доближам професијата глумец/глумица на многу од вас да знаете честопати глумците во какви околности мораат да одиграат претстава. Ова беше за Фестивалот во Велес ‘Петре’ во чест на Петре Прличко и затоа немаше место ниту за откажување, ниту за одложување и Нина мораше да ја одигра целата претстава“.

Претстава „Фамилијата Адамс“ е напишана и режирана од Теа Беговска.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 24875 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.