Рак (21. VI – 22. VII)
Недела, 13 Април 2025
Семејни прашања и стари емоции – денешната полна месечина ќе ви разбуди силни емоции, терајќи ве да се фокусирате на домот и семејството. Некои ракови ќе решат фамилијарен проблем кој им се провлекувал со години.
Во меѓувреме хармоничната Венера ќе премине во директно движење во вашата 9-та куќа, помагајќи ви да ја планирате иднината со партнерот. Ако сте соло, ќе ве привлече личност од друга држава или култура.
Април, 2025
Љубов
Подгответе се за акција, драги ракови! Иако почетокот на април сè уште носи ретроградна сенка, кон средината на месецот доаѓа големо расчистување кое отвора простор за нови позитивни почетоци.
Месецов е обвиткан во страст, флерт, неочекувани признанија и тајни обожаватели кои ве посматраат оддалеку. Вашата сензуална енергија тече како тивок водопад, а љубовта ве бара на секој агол. Дозволете ѝ да ве пронајде.
На 7 април Меркур преминува во директно движење во риби, вашата 9-та куќа на патувањата и духовни врски. Овој космички момент ве отвора кон комуникации што се многу повеќе од зборови – шепот на душа до душа, чувствителни пораки или романси што започнуваат преку споделување на визии и мечти. Ако сте во врска, разговорите со партнерот добиваат подлабоко значење, дури и во паузите кога молчите.
На 13 април полната месечина во вага ја осветлува вашата 4-та куќа на домот, емоциите и интимата. Овој момент може да донесе кулминација во некој однос што започнал во минатото – можеби некоја тајна симпатија конечно ќе проговори или ќе почувствувате дека некој кој одамна ве набљудувал од сенка сега решава да ви се приближи.
Истовремено, Венера на 13 април преминува во директно движење во риби, па носи романтична ренесанса – можност за патување со некој кој ви го „скокотка“ срцето, запознавање на интересно лице од различна култура, или повторно поврзување со љубов од минатото која отсекогаш ви предизвикувала воздишки. Страста и емоционалната длабочина ќе се прелеваат во разговорите, бакнежите и допирите.
На 16 април Меркур влегува во овен, активирајќи ја вашата 10-та куќа на статусот и јавниот имиџ. Ова ве прави магнетски привлечни – не само во интимна смисла, туку и во начинот на кој ве гледаат другите. Не се изненадувајте ако некој кој ви се восхитува тајно конечно ви го покаже тоа со гест, поглед или директен предлог.
Марс на 18 април влегува во лав и ја активира вашата 2-ра куќа на самовреднување и сензуалните задоволства. Ќе почувствувате силен нагон да се поврзете со саканиот преку телото. Допирите ќе бидат поинтензивни, страста посилна, а вашата желба за физичка близина – неодолива. Ова е идеален момент за уживање во љубовната блискост, но и за истражување на сопствените сензуални и еротски граници.
На 19 април Сонцето влегува во бик, вашата 11-та куќа на пријателствата и друштвените активности. Овој транзит носи флерт во групни ситуации – неочекувано поврзување на забава, покана за романтичен состанок од некој пријател или лице од вашата поширока социјална мрежа.
Младата месечина на 27 април во истата 11-та куќа отвора врати кон нови љубовни врски кои започнуваат како пријателство или онлајн флерт. Не игнорирајте порака што доаѓа неочекувано – зад неа може да стои некој кој ве гледа подолго време, но досега не наоѓал храброст да се доближи. Оваа месечина повикува кон нешто ново, свежо и инспиративно.
На 30 април Венера влегува во овен и повторно ја активира вашата 10-та куќа. Љубовта може да се роди на работното место или со некој кој има висок статус во општеството. Вашата појава ќе биде елегантна, привлечна и заводлива – се претворате во фантазија на некој кој долго ве гледа со силен копнеж без да го признае тоа.
Пари и работа
Април ви носи динамичен ритам во сферата на кариерата и финансиските стратегии. На 7 април Меркур преминува во директно движење во риби, што влијае врз вашата 9-та куќа на визиите, врските со лица од странство и едукацијата. Ќе почнете да гледате појасно што сакате да постигнете на долгорочен план. Ќе имате јасна стратегија, поостар ум и можност за комуникација со луѓе од странство или од академскиот свет кои ќе ви отворат нови врати.
Полната месечина на 13 април ќе настапи во вашата 4-та куќа на емоционалните темели и семејството. Можно е да донесете важна одлука поврзана со недвижности, семејни инвестиции или работа од дома. Можеби ќе завршите некој проект поврзан со домување, продажба или уредување на простор кој ќе ви служи за работа. Ова е време кога балансот меѓу личниот и професионалниот живот е клучен.
Речиси истовремено, Венера преминува во директно движење во риби. Ова може да ве инспирира за уметнички или креативни проекти, за работа со странски клиенти или проекти поврзани со визуелни медиуми, пишување, дизајн и издаваштво. Финансиски, овој аспект носи позитивни сигнали – можно е да добиете поддршка од успешна жена или клиент со префинет вкус кој го вреднува вашето чувство за естетика.
На 16 април Меркур преминува во овен и ја активира вашата 10-та куќа на професионалниот углед и статусот. Очекувајте брзи деловни преговори, важни повици и можност за нова улога на работа. Ќе треба да бидете јасни, директни и подготвени да се борите за својата позиција. Вашите идеи ќе бидат прифатени ако ги претставите со самодоверба и одлучност.
Марс на 18 април влегува во лав, што значи дека вашата 2-ра куќа на приходите добива силен импулс. Ова е одличен момент за финансиски иницијативи, започнување сопствен бизнис или вложување во нешто што ве возбудува. Ќе бидете мотивирани да заработите повеќе, но и да трошите со стил – па внимавајте на импулсивните купувања.
На 19 април Сонцето влегува во бик, вашата 11-та куќа на мрежите, групните проекти и долгорочните цели. Ова ви носи поддршка од пријатели, колеги и заедници со кои споделувате исти вредности. Од финансиска гледна точка, ова може да значи групна инвестиција, проект преку интернет или работа со клиенти преку социјални мрежи. Ќе се истакнете со автентичен пристап и стабилност.
Младата месечина на 27 април е идеален момент да поставите нови цели и да започнете иницијатива која ќе се развива во текот на следните шест месеци. Размислете за дигитални производи, онлајн присуство или соработки со луѓе од вашата сфера на работење.
Кон крајот на месецот, поточно на 30 април, Венера влегува во овен и повторно ја активира вашата 10-та куќа. Ова ќе ве направи похаризматични и попривлечни на работното место. Вашиот имиџ добива нова доза сјај – ќе знаете точно како да се претставите и кого да шармирате за да ги отворите вистинските врати. Ќе добиете можност за унапредување, награда или признание.
Април е месец на практични иницијативи, финансиски раст и стабилни напредоци. Сè што ќе започнете сега, особено ако е добро планирано, ќе ви донесе долгорочна сигурност. Играјте паметно и не заборавајте дека вашата интуиција е ваш најсилен сојузник.
Здравје
На почетокот на месецот, поконкретно на 7 април, Меркур ќе премине во директно движење, па вашиот ум ќе започне да се смирува и подобро да се фокусира. Подобро ќе спиете, а тоа веднаш се рефлектира и врз физичката состојба. Ова е добар период за повторно започнување со медитација, јога или духовни практики кои ќе ви донесат спокојство.
Полната месечина во вага на 13 април ќе влијае врз вашата 4-та куќа, па чувствителноста може да биде зголемена, особено во стомачната област. Пазете на исхраната и емоционалниот стрес, бидејќи вашето тело реагира директно на емоционалниот товар. Хидратацијата и смирувачките ритуали ќе ви помогнат да останете балансирани.
Венера исто така преминува во директно движење на 13 април, што ви дава поттик за враќање кон природата, пешачењето и патувањата кои можат да ве исполнат енергетски и емоционално. Вашето здравје е најдобро кога сте во движење, но и кога се чувствувате инспирирани.
На 16 април, со Меркур во овен и активирањето на вашата 10-та куќа, може да почувствувате ментален притисок и желба за брзи резултати. Обрнете внимание на тензијата во вратот, главоболки или дигестивни проблеми кои доаѓаат од стрес.
Сонцето од 19 април ќе влијае врз вашата 11-та куќа на пријателствата и заедничките цели, а во истиот тој сектор на 27 април ќе настапи и млада месечина. Овие космички движења ве охрабруваат да се движите во група, да најдете поддршка преку фитнес клуб, спортски тим или онлајн групи за здравје. Колективната мотивација ќе ве држи на вистинскиот пат.
2025 година
Љубов
2025 година ќе биде вистинска љубовна приказна за раковите, исполнета со страст, романтични моменти и неочекувани пресврти. Под влијанието на Венера, Марс и еклипсите, ќе се разбудат најдлабоките чувства, носејќи ви нови почетоци, интензивни врски и мигови кои ќе ја распламтат искрата на љубовта.
На самиот почеток на годината, Венера ќе влезе во риби на 3 јануари и ќе ја активира вашата 9-та куќа на авантурите и патувањата. Раковите кои се во врска ќе почувствуваат желба да избегаат од рутините и да организираат романтично патување. Замислете прошетки под ѕвездите и страсни бакнежи на далечни дестинации кои го полнат срцето со љубов, а телото со страст. За слободните ракови, љубовта ќе дојде со личност која ќе ги рашири вашите хоризонти и ќе ви покаже сосема нов свет.
На 4 февруари Венера ќе премине во вашата 10-та куќа на статусот. Ако сте во врска, партнерот ќе ве изненади со неочекувани гестови кои ќе покажат дека се гордее што ве има покрај себе. Ова е период кога вашата харизма ќе блесне. Ако сте сингл, ќе привлекувате внимание каде и да одите и нема да изостанат страсните флертувачки погледи.
Ретроградната Венера во овен од 2 до 27 март ќе ве врати кон старите љубовни приказни. Среќавањето со поранешен партнер може да предизвика мешавина од носталгија и нова страст. Ова е период за страсни разговори, долги бакнежи кои зборуваат повеќе од зборовите и моменти исполнети со еротска тензија. Ќе треба да одлучите дали оваа љубовна приказна заслужува нова шанса или е време да продолжите понатаму.
Соларната еклипса на 29 март во овен ќе внесе нова динамика во врските. Ќе почувствувате дека е време да ги дефинирате вашите љубовни граници и да вложите во однос кој носи стабилност, но и возбуда. За многу ракови овој ден ќе донесе нова врска, вселување со партнерот под ист покрив, свршувачка или брак.
Полната месечина на 12 мај ќе ја осветли вашата 5-та куќа на романтиката. Ова е ден на страсни ноќи, долги бакнежи и моменти кога изгледа како времето да запрело. Ако сте во врска, ова е идеален момент за зацврстување на вашиот однос преку емоционална и физичка интимност. За слободните ракови, ова е време кога љубовта ќе биде спонтана и незаборавна.
Марс влегува во девица на 17 јуни, активирајќи ја вашата 3-та куќа на комуникацијата. Љубовта станува поле за игра и експериментирање. Ќе бидете инспирирани да изразувате нежност преку зборови, но и преку допири кои ја засилуваат страста. Раковите што се во врска може да откријат нови начини да ја разбудат искрата, преку заеднички авантури и интимни вечери.
Откако Венера ќе влезе во вашиот знак на 31 јули, љубовниот живот ќе ви зрачи со емоционална топлина. Ова е период за градење блискост, кога секој допир ќе има значење, а секој бакнеж ќе зборува за љубовта што ја чувствувате. Ќе сакате да го заштитите и разгалите партнерот, внесувајќи нежност во секој момент.
Во септември, делумното затемнување на Сонцето во девица ќе ја активира вашата 3-та куќа и ќе донесе важни разговори и одлуки. Ќе се почувствувате подготвени да ги изразите вашите најдлабоки емоции, а тоа ќе доведе до поголемо зближување и разбирање со саканиот. Раковите кои се во врска ќе користат мали гестови за го потсетат саканиот колку им значи.
Движењето на Марс низ шкорпија од 22 септември ќе ви донесе интензивна страст. Вашата 5-та куќа на романтиката и забавата ќе блесне, носејќи ви моменти кои ќе ви го растреперат срцето, но и душата. Оние што се во врска ќе почувствуваат длабока поврзаност со партнерот. Ова е време за искрено споделување на вашите најдлабоки желби и тајни, како и за страсни ноќи кои ќе останат засекогаш во вашите спомени.
За слободните ракови, периодот од 22 септември до 4 ноември ќе донесе нови познанства кои ќе бидат наелектризирани со „хемија“. Можно е да запознаете личност која ќе ја разбуди вашата сензуалност и ќе ја внесе мистеријата на љубовта во вашиот живот. Оваа енергија ќе ве охрабри да се препуштите на своите емоции и да ризикувате за љубов која ветува длабока страст и поврзување на ново енергетско ниво.
Венера во шкорпија од 6 ноември ќе ја разбуди вашата страст и ќе ви ја потенцира магнетската привлечност. Периодот од 6 до 30 ноември е за еротски игри, притаени бакнежи и долги ноќи полни со возбуда. Вашата 5-та куќа ќе биде осветлена, носејќи моменти кои ќе ја разгорат љубовта до нејзиниот максимум. Партнерот ќе биде фасциниран од вашата интензивна и магнетска енергија.
Кон крајот на годината, поточно од 30 ноември до 24 декември, Венера ќе ја активира вашата 6-та куќа, носејќи љубов во секојдневните моменти. Љубовниот живот станува едноставен, радосен и исполнет со заеднички планови. Секојдневните гестови, како утринско кафе заедно или долги ноќни прошетки, ќе создадат длабока конекција.
Со влегувањето на Марс во јарец на 15 декември, вашата 7-ма куќа на партнерствата ќе стане центар на љубовните случувања. Ќе почувствувате силна потреба за стабилност и сигурност. Љубовта ќе добие сериозен тон, а оние што се во врска ќе започнат да размислуваат за долгорочни планови, како заедничко живеење, веридба или брак. Не сте во врска? Марс во јарец носи огромни шанси за почеток на романтичен сојуз со потенцијал да трае засекогаш. Можно е да запознаете лице кое носи стабилност и зрелост во љубовта, некој кој е подготвен да вложи време и енергија за да ја изгради врската.
2025-та ќе ве научи дека љубовта е мешавина од страст и одговорност. Ќе почувствувате дека вистинската љубов е онаа која ги опфаќа и трепетите на срцето и стабилноста на секојдневниот живот. Љубовта оваа година ќе ве трансформира и ќе ви покаже дека вреди да се борите за она што го сакате. Ќе ја завршите годината со љубов која е подготвена за иднината – силна, длабока и вистинска.
Пари и кариера
2025 година ќе биде година на финансиски можности, професионален раст и стабилност за раковите. Движењата на планетите ќе ве поттикнат да се фокусирате на долгорочните цели и да ги искористите вашите природни таленти за заработка и напредок. Под влијание на Јупитер, Марс и Сатурн, ќе бидете охрабрени да преземете иницијатива и да вложите напор во создавањето финансиска и професионална сигурност.
На почетокот на годината, под влијание на ретроградното движење на Марс во вашиот знак од 6 јануари, ќе почувствувате потреба да ги преиспитате вашите професионални цели и да ги завршите сите заостанати обврски. Иако овој период бара трпение, ќе ве подготви за големиот напредок што ви претстои. Избегнувајте импулсивни финансиски одлуки во јануари и фокусирајте се на дефинирање на реално остварливи планови.
На 4 февруари, Јупитер ќе премине во директно движење во близнаци, активирајќи ја вашата 12-та куќа на скриените намери. Во периодот до 9 јуни, вашите тајни планови и идеи ќе почнат да стануваат реалност. Ако размислувате за нов проект или инвестирање во нешто долгорочно, ова е време за планирање. Ќе почувствувате наплив на креативна енергија, особено во полето на комуникацијата и технологијата.
Соларната еклипса во овен на 29 март ќе ја осветли вашата 10-та куќа на кариерата и јавниот имиџ. Ова е еден од најзначајните моменти за професионалниот живот на раковите. Некои од вас може да добијат понуда за унапредување или работа која носи поголема финансиска стабилност. Вашата амбициозност ќе блесне, а претпоставените ќе увидат колку многу вредите.
На 17 јуни Марс влегува во девица, активирајќи ја вашата 3-та куќа на комуникацијата и деловните патувања. Ќе бидете инспирирани да ги проширите вашите професионални контакти и да се вклучите во проекти што носат големи финансиски напливи. Ако работата ви е поврзана со продажба, маркетинг или пишување, овој период ќе биде особено продуктивен, носејќи ви солидно зголемување на приходите.
На 9 јуни Јупитер, планетата на богатството и среќата, ќе започне да патува низ вашиот знак, носејќи енергија за личен раст и заработка. Ќе се чувствувате самоуверено и подготвено да ги искористите сите можности што ви се нудат. Ова е идеален период за започнување нов бизнис, побарување на покачување на платата или преговарање за подобри услови на работа. Вашата харизма и мотивација ќе бидат клучни за постигнување на успех.
Полната месечина во шкорпија на 12 мај ќе ја активира вашата 5-та куќа на креативноста. Ова е време кога вашите таленти ќе дојдат до израз. Ќе добиете финансиска награда или признание за вложениот труд. Некои ракови ќе успеат да ги претворат своите хобија или страсти во извор на приходи.
На 21 септември соларната еклипса ќе ја акцентира вашата 3-та куќа, носејќи нови деловни можности. Ова е време за преговори, договори и учество во проекти што носат долгорочен финансиски успех. Ако барате нова работа, ова е идеален ден за интервјуа и преговарање за идеални услови.
Со Венера во стрелец, од 30 ноември до 24 декември ќе биде активирана вашата 6-та куќа на рутините и работните обврски. Ова ќе донесе подобрување на работната атмосфера и можност за покачување на платата. Вашиот труд и посветеност ќе бидат наградени, што ќе ве мотивира да продолжите со екстра посветеност.
Декември ќе биде период кога ќе ги видите резултатите од вашиот труд. Може да добиете бонус, награда или изненадувачки прилив на пари кој ќе ви помогне да ги исполните зацртаните цели.
Здравје
2025-та ќе биде година кога раковите ќе треба да се фокусираат на комплетна грижа за себе, комбинирајќи физичка активност, правилна исхрана и техники за ментална стабилност. Ќе имате можности да ги подобрите вашите навики и да се ослободите од токсични емоции, рутини и лица од вашето опкружување.
На почетокот на годината, ретроградното движење на Марс во рак од 6 јануари ќе ве поттикне да се соочите со физичките и менталните предизвици. Ќе почувствувате намалување на енергијата, што ќе ве натера да размислите за вашата исхрана и квалитетот на спиењето. Ова е идеален период да воведете нови навики, како зголемување на внесот на здрави намирници и воведување релаксациски техники, како медитација или јога.
Полната месечина во шкорпија на 12 мај ќе ве поттикне да се ослободите од токсичните навики. Ако имате проблем со стрес, овој период ќе биде идеален за воведување техники за намалување на анксиозноста. Длабоките разговори со блиски луѓе или терапевт ќе ви помогнат да се ослободите од емоционалниот товар.
Со влегувањето на Марс во девица на 17 јуни, ќе биде активирана вашата 3-та куќа на комуникацијата и кратките патувања. Ќе бидете инспирирани да се движите повеќе, било да е тоа преку пешачење, возење велосипед или други активности на отворено. Ќе откриете дека движењето не само што го зајакнува вашето тело, туку и го разбиструва умот.
Влегувањето на Јупитер во рак од 9 јуни, ќе донесе наплив на енергија и виталност. Ова е време кога ќе се чувствувате инспирирано да се грижите за своето тело и да воведете здрави рутини. Ќе ве привлекуваат активности како пливање, танцување или други спортови што ја комбинираат физичката активност со позитивни емоции и радост. Вашата енергија ќе биде заразна и ќе ги мотивира и другите околу вас.
На 21 септември, со соларната еклипса во девица, ќе бидете мотивирани да започнете диета или вежби кои носат долгорочна корист за вашето тело. Ова е одличен ден за превентивни прегледи и грижа за менталното здравје.
Венера со своето патување во стрелец од 30 ноември до 24 декември ќе внесе радост и опуштеност во вашето секојдневие. Ќе се чувствувате мотивирано да го завршите годишниот циклус со леснотија и хармонија. Ќе ве привлечат активности кои ви носат среќа и релаксација, како масажи, топли бањи или спа третмани.
На 15 декември Марс ќе влезе во јарец и ќе ја активира вашата 7-ма куќа на партнерствата. Ќе бидете поттикнати да размислите за тоа како односите со другите влијаат на вашето здравје. Ќе почувствувате потреба за емоционална стабилност, што ќе ве мотивира да се опкружите со луѓе кои ви носат мир.
Општи карактеристики за рак
Ракот е управуван од постојано променливата Месечина, која што поминува низ многу циклуси и со тоа го прави расположението на ракот многу променливо. Исто како ракот и родените во овој знак најголемиот дел од својот живот го поминуваат скриени под една черупка, која не може лесно да биде скршена.
Ако вашиот знак е рак, тогаш вие сте изолирани од опасностите, но тоа многу често ве прави луѓе без чувство за хумор. Како воден знак вие сте многу чувствителни. Во секоја ситуација внесувате многу емоции, но во текот на вашиот живот сфаќате дека многу лесно можете да бидете повредени и поради тоа често се криете зад маската на бесчувствителноста.
Традиционалисти сте и покажувате огромен интерес кон вашите корени и вашите предци. Вие сте многу поголеми националисти од другите знаци во хороскопот, поради тоа што го сакате вашето родно место и сте силно приврзани за него. Најважната ваша цел е да создадете ваше семејство и обожавате да бидете во домашна атмосфера.
Ракот е спротивен знак на Јарец. Јарците ги интересира каква е нивната положба во општеството и како другите гледаат на нив, додека ракот е загрижен само за неговото семејство. Како рак, вие знаете да штипнете кога ќе почувствувате дека вашето семејство е понижувано или е во опасност. Раковите се блиски со своите мајки, па кога ќе сте во лошо расположение јавете ѝ се на вашата мајка. Тоа ќе ве направи среќни.
Вие можеби сте неофицијална мајка на сите кои ги сакате, поради вашата грижа за нив. Чувствителни сте и лојални и вашите пријатели секогаш имаат рамо за плачење. Лесно ранливи сте и кога не сте расположени сакате да бидете оставени сами, опкружени со удобност: удобен џемпер, омилена книга, доверливи пријатели и склад со вашите омилени работи. Тоа го подобрува вашето расположение.
Во љубовната врска сте многу нежни, верни и романтични. Поради влијанието на Месечината вие сте многу интуитивни. Обрнете им повеќе внимание на вашите соништа особено во деновите кога има полна Месечина.
Симбол:
Рак
Симболизира:
Мајчинство и мајчинска љубов, семејство, дом, жена, чувства, родина, реки.
Елемент:
Вода
Планета:
Месечина - божествено тело на расположението и емоциите. Месечината симболизира женственост, семејство, мајка, емоции и потекло.
Ден од седмицата:
Понеделник
Боја:
Бела, сива и виолетова.
Број:
2
Скапоцени камења:
Сребро и перли.
Најдобри професии:
Пејачи, артисти, поети, готвачи, географи, картографи, акушерки, педијатри, социолози.
За да се спријателите со нив:
Секогаш однесувајте се кон нив со почит. Направете да стекнат доверба и сигурност во вас. Пробајте да им го разберете начинот на мислење.
Дел од телото:
Гради, стомак.
Добри карактеристики:
Мајчински загрижени, трпеливи, готови да помогнат, гостопримливи, штедливи, чувствителни, патриоти, весели и неверојатно забавни, грижливи, романтични, креативни.
Лоши карактеристики:
Озборувачи, изолирани, некомуникативни, хиперсензитивни, премногу компетитивни, премногу емоционални, мрзливи, слаби, љубоморни.
Карактеристики по кои ќе ги познаете:
Чекорејќи со градите напред; тркалезно како месечината лице.
Омилени работи:
Гурманска храна, работа со деца, музеи и ликовни галерии.
Работи кои ги мразат:
Стари алишта, замрзнати јадења, јавно говорење, да бидат избрзувани.
Можете да ги најдете:
Купувајќи стари и ретки антиквитети; создавајќи ремек дело; во кујната; слушајќи бендови во живо.
Скриена желба:
Да се грижат за своето семејство и пријателите!