Хана Хуљиќ создаде нова детска песничка.
Новото музичко дело сопругата на Петар Грашо го сними со ќеркичката Алба. Тие заедно ја пеат песната „Велигденска песна (Алелуја)“. Како вокал, во описот на песната потпишан е и Грашо.
„Јас сум мамино и татино чудо, не им треба ниту едно друго“ – пее слаткото девојче. Текстот на песната го напиша мајката на Хана, Вјекослава Хуљиќ.
Слушнете ја тука:
Слушнете ја и претходната песна на Хана, Петар и Алба:
Петар и Хана стапија во брак во февруари 2022 година. Покрај двегодишната ќеркичка Алба, тие во ноември минатата година го добија синчето Тони.


