Ноември носи бран позитивни промени од кои сите ќе имаме значајни бенефиции.
Небесните тела ќе ни ја потенцираат страста – страста за романса, страста за хобија, страста за успешна кариера, страста за живот.
Со Сонцето во шкорпија, ќе нижиме возбудливи моменти и ќе навигираме низ силни емоции, а ќе постигнуваме огромни цели.
Строгиот Сатурн на 15 ноември ќе го прекине ретроградното движење и ќе нè поттикне да ги применуваме лекциите за простување и ранливост кои ги научивме во изминатиот период.
Романтичната Венера во првата половина од месецот ќе нè направи безгрижни и авантуристички расположени во љубовта, а во втората половина на ноември ќе нè поттикне да гледаме на романсите и потенцијалните љубовни партнери низ призмата на сериозноста.
Ноември најмногу ќе ги награди ШКОРПИИТЕ, но и СТРЕЛЦИТЕ ќе добијат солидна најава за убавите пресврти кои им претстојат.
Датум | Случување |
1 ноември | ☽ Настапува млада месечина во шкорпија |
2 ноември | ☿ Меркур влегува во стрелец |
4 ноември | ♂ Марс влегува во лав |
11 ноември | ♀ Венера влегува во јарец |
15 ноември | ♄ Сатурн преминува во директно движење во риби |
15 ноември | ☽ Настапува полна месечина во бик |
19 ноември | ♇ Плутон влегува во водолија |
21 ноември | ☉ Сонцето влегува во стрелец |
26 ноември | ☿ Меркур преминува во ретроградно движење во стрелец |
Табела: најважните датуми за месец ноември и движењето на небесните тела
Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец: