Необични небесни активности ќе донесат возбудлив, непредвидлив и по малку хаотичен месец.
Август започнува и завршува со полна месечина, односно супермесечина, а дури ШЕСТ планети ќе се движат ретроградно, што е рецепт за неочекувани настани, непосакувани судири со проблеми и обновување на контакти со личности од минатото.
Сонцето ќе ни ја негува амбициозноста, ретроградната Венера ќе нè учи да бидеме потрпеливи во врските и ќе нè спојува со бивши партнери, а Меркур со ретроградното движење ќе ни ја поматува комуникацијата.
Марс од 27 август ќе стави акцент на сериозните врски и обврзувањето, засилувајќи ни го копнежот до себе да имаме некој којшто умее да ни го растрепери срцето и да ни ја излекува душата.
Полната месечина на 31 август е втора полна месечина во рамките на еден календарски месец, па се нарекува и сина месечина. Под нејзината светлина, ќе гледаме на позитивната страна на животот, низ розови очила.
Најсреќни во август ќе бидат ЛАВОВИТЕ и ДЕВИЦИТЕ.
Датум | Случување |
1 август | ☽ Настапува полна месечина во водолија |
16 август | ☽ Настапува млада месечина во лав |
23 август | ☿ Меркур преминува во ретроградно движење во девица |
23 август | ☉ Сонцето влегува во девица |
27 август | ♂ Марс влегува во вага |
29 август | ♅ Уран преминува во ретроградно движење во бик |
31 август | ☽ Настапува полна месечина во риби |
Табела: најважните датуми за месец август и движењето на небесните тела
Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец: