Јули ќе ни донесе сè што посакуваме – забава, љубов и професионален напредок. Небесните тела се наклонети кон нас за да станеме најдобрата верзија од себеси.
Месецот започнува со полна месечина на 3 јули, кога ќе се набљудува и феноменот супермесечина. Ова е одличен ден за преиспитување на досегашните постигнувања во кариерата и кроење на планови за промени доколку се неопходни.
Под влијание на Марс, ќе станеме поорганизирани и уредни, а Венера до 23 јули ќе нè облева со романтика и ќе ни подарува незаборавни љубовни трепети. Сепак, имајте на ум дека откако на 23 јули Венера ќе стане ретроградна, ќе зачестат љубовните недоразбирања и кавгите за стари проблеми, бивши партнери... Ретроградните движења враќаат личности од минатото, па не се изненадувајте ако одеднаш ви заѕвони бившиот или ве контактира поранешен симпатија.
Сонцето од 23 јули ќе го огрева лав, правејќи нè посмели во секоја сфера од животот.
Најсреќни овој месец ќе бидат РАКОВИТЕ и ЛАВОВИТЕ.
Датум | Случување |
3 јули | ☽ Настапува полна месечина во јарец |
10 јули | ♂ Марс влегува во девица |
11 јули | ☿ Меркур влегува во лав |
17 јули | ☽ Настапува млада месечина во рак |
23 јули | ☉ Сонцето влегува во лав |
23 јули | ♀ Венера преминува во ретроградно движење во лав |
28 јули | ☿ Меркур влегува во девица |
Табела: најважните датуми за месец јули и движењето на небесните тела
Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец: