И покрај шпекулациите за влошени односи, Блејк Лајвли и Ана Кендрик обединети го промовираа нивниот заеднички филм „Another Simple Favor“.
На филмски настан во Лондон, двете главни актерки во одлично расположение позираа заедно пред фоторепортерите.
37-годишната сопруга на Рајан Ренолдс за оваа пригода избра стајлинг од Шанел, додека Кендрик се појави во елегантна црвена комбинација, која ја надополни со златни салонки од Кристијан Лобутин.



„Нема драма помеѓу нив. Тие не се непријатели. Тие се соработнички, пријателки и одлично се сложуваат“ – изјавил анонимен извор за E! News.









