Нè очекува позитивен старт на 2023 година! Три планети ќе го прекинат ретроградното движење во текот на јануари и ќе ни направат простор за промени со кои ќе се гордееме.
На љубовен план, романтичната Венера ќе нè поттикне да бидеме поспонтани и посветено да ја обновуваме љубовната искра.
Динамичниот Марс на 12 јануари ќе го прекине ретроградното движење и ќе стави крај на расправии предизвикани од љубомора или тензија стимулирана од наметнување на ставови.
Откако на 18 јануари и Меркур ќе премине во директно движење, ќе исчезнат многу конфликти и веќе нема да имаме проблеми со одложени патувања, губење на важни документи и сл.
И револуционерниот Уран ќе го прекине ретроградното движење, забрзувајќи го нашиот прогрес на поле кариера.
Најсреќни ќе бидат ЈАРЦИТЕ и ВОДОЛИИТЕ.
Датум | Случување |
3 јануари | ♀ Венера влегува во водолија |
7 јануари | ☽ Настапува полна месечина во рак |
12 јануари | ♂ Марс преминува во директно движење во близнаци |
18 јануари | ☿ Меркур преминува во директно движење во јарец |
20 јануари | ☉ Сонцето влегува во водолија |
21 јануари | ☽ Настапува млада месечина во водолија |
22 јануари | ♅ Уран преминува во директно движење во бик |
27 јануари | ♀ Венера влегува во риби |
Табела: најважните датуми за месец јануари и движењето на небесните тела
Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец: