Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Хилари Свонк се отвори за одлуката да стане мајка на 48 години и да замрзне јајце-клетки на 37 години

Хилари Свонк се отвори за одлуката да стане мајка на 48 години и да замрзне јајце-клетки на 37 години

Хилари Свонк ужива во мајчинството и не жали што го одложи раѓањето на дете за подоцна во животот.

50-годишната актерка, која роди близнаци пред две години, сними фотосесија за Women’s Health, а во интервјуто зборуваше за одлуката да замрзне јајце-клетки на 37 и да роди деца на 48 години.

Хилари Свонк Хилари Свонк

„Би имала деца и порано. Не велам дека активно чекав до 47 години. Но, тоа беше магично време во мојот живот кога сè кулминираше.“

„Благодарна сум што имав можност да замрзнам јајце-клетки за покасно. Тоа ти намалува дел од притисокот“ – рекла таа.

Хилари Свонк Хилари Свонк

За мајчинството на крајот од 40-тите години, Свонк рекла:

„Сега сум многу поразличен родител отколку што ќе бев порано, па дури и на почетокот од моите 40-ти години. Многу сум потрпелива. Имам многу повеќе разбирање. Многу повеќе сум заинтересирана на различен начин отколку што би била порано. Многу сум заинтересирана за нивните мозоци. Кариерата ми е веќе изградена, па не сум поделена. Можам да бидам вистински присутна за нив и да бидам вклучен родител“.

Хилари Свонк Хилари Свонк

Хилари и Филип Шнајдер станаа родители во април 2023 година. Таа ја објави веста со фотографија на која ги држеше близнаците.

„Не беше лесно. Но, вредеше“ – напиша таа.

Ѕвездата од „The Million Dollar Baby“ стапи во брак со Филип во 2018 година.

Хилари Свонк Хилари Свонк Хилари Свонк Хилари Свонк

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 24961 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.