Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Гоца Тржан: „Бев во врска со човек кој ме малтретираше четири и пол години. Ако сте во таква врска, бегајте“

Гоца Тржан: „Бев во врска со човек кој ме малтретираше четири и пол години. Ако сте во таква врска, бегајте“

Гоца Тржан сподели дека во минатото била во врска со насилник.

50-годишната српска пејачка, која сега е во среќен брак со Раша Новаковиќ, призна дека четири и пол години трпела насилно однесување, затоа што мислела дека ќе успее да го промени партнерот и да го претвори во подобра личност. Во емисијата „Dame sa hercom“, Гоца им порача на сите жени кои се во слична ситуација да бегаат, затоа што ништо нема да се промени.

Гоца Тржан Гоца Тржан

„Бев во врска со човек кој ме малтретираше психофизички четири и пол години. Сега ќе ви кажам зошто. Затоа што јас, како некоја која е совршена егоистична жена, морам него да го поправам, јас морам да бидам таа жена која тој ќе ја сака, јас сето тоа ќе го разубавам. Јас него ќе го претворам во прекрасна личност, бидејќи јас сум таа специјална жена.“

„Јас не можам него да го обвинувам за тоа што сум трпела четири и пол години“ – вели таа во видеото од емисијата и додава:

„Тоа е мој темперамент. Јас сакам да ѝ кажам на секоја жена која сега во овој момент е во таква врска – бегај, ништо нема да се поправи по цвеќињата, патувањата, извинувањата, молењата... Ништо нема да се поправи, ќе биде само полошо и полошо. Сакам да кажам уште една работа. ОК, ако сте сами и немате деца, тоа е ваша работа имате право да избирате за себе. Нека ве убие ако тоа си го посакувате себеси. Но, ако имате деца, тоа е уште поголема причина за да бегате“.

Гоца има една ќерка со поранешниот сопруг Иван Маринковиќ од кого се раздели во 2011 година.

Гоца Тржан Гоца Тржан

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 24961 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.