Почетна » Забава » Хороскоп » Месечен хороскоп – СЕПТЕМВРИ, 2022

Месечен хороскоп – СЕПТЕМВРИ, 2022

Септември е месец на предизвици. Шест планети ќе се движат ретроградно, потсетувајќи нè да го забавиме темпото со кое се движиме во животот и повнимателно да ги обмислуваме сите важни чекори.

Меркур од 10 септември до 2 октомври ќе биде ретрограден во вага и девица, носејќи проблеми во сферите на патувањата, комуникацијата и технологијата. Очекувајте одложени летови, зголемен ризик за губење на важни документи и недоразбирања поради недиректна комуникација. Исто така, преголемото фокусирање на деталите ќе ни донесе нетрпеливост и непотребни расправии.

Ретроградниот Сатурн ќе нè поттикне да ги дефинираме границите во односите со пријателите и колегите. Ретроградниот Јупитер ќе нè научи подобро да соработуваме во тим. Уран ќе се погрижи да имаме економска стабилност, Плутон ќе ни донесе проблеми со авторитети, а Нептун ќе ни испраќа пораки преку нашите соништа.

Најсреќни овој месец ќе бидат ДЕВИЦИТЕ и ВАГИТЕ.

Датум Случување
5 септемвриВенера влегува во девица
10 септемвриМеркур преминува во ретроградно движење во вага
10 септември☽ Настапува полна месечина во риби
23 септемвриСонцето влегува во вага
23 септемвриМеркур со ретроградно движење влегува во девица
25 септември☽ Настапува млада месечина во вага
29 септемвриВенера влегува во вага

Табела: најважните датуми за месец септември и движењето на небесните тела

Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.