Почетна » Забава » Хороскоп » Месечен хороскоп – МАЈ, 2023

Месечен хороскоп – МАЈ, 2023

Мај ќе биде динамичен микс од забава, комуникативни предизвици, сентиментални моменти и преземање на амбициозни чекори.

Сезоната на биковите ќе трае до 21 мај, па ќе ни носи стабилност и ќе нè учи да не избрзуваме и да напредуваме бавно, но сигурно.

Меркур со ретроградното движење до 15 мај ќе поставува пречки во комуникацијата и ќе создава простор за недоразбирања, кавги, губење на документи, пропусти во пишана и онлајн комуникација и одложување на планови.

Полната месечина на 5 мај доаѓа заедно со затемнување на Месечината. Ова е ден за пресврти кои ќе ни променат животите. Радувајте им се позитивните, а негативните пресврти сфатете ги како задолжителен премин кон нови, подобри почетоци.

Венера на 7 мај ќе влезе во рак и ќе ја потенцира нашата емотивност. Покажувањето на чувствата не е слабост, туку знак за искрена личност достојна за восхит и отворена за подлабоко поврзување.

Најсреќни овој месец недискутабилно ќе бидат БИКОВИТЕ, но и БЛИЗНАЦИТЕ ќе добијат прекрасна најава за убавиот период кој ги очекува.

Датум Случување
1 мајПлутон преминува во ретроградно движење во водолија
5 мај☽ Настапува полна месечина во шкорпија (целосно затемнување на месечината)
7 мајВенера влегува во рак
15 мајМеркур преминува во директно движење во бик
16 мајЈупитер влегува во бик
19 мај☽ Настапува млада месечина во бик
20 мајМарс влегува во лав
21 мајСонцето влегува во близнаци

Табела: најважните датуми за месец мај и движењето на небесните тела

Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20783 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.