Јуни ќе ни биде исполнет со дружење, продуктивни и забавни разговори и кроење и реализирање на специјални планови.
Романтичната Венера, комуникативниот Меркур и Сонцето ќе започнат заеднички танц кој прво ќе нè потсети на важноста на хармоничните и дипломатски односи, а потоа ќе нè инспирира секоја постапка да ни ја рефлектира грижата за најблиските.
Динамичниот Марс ќе нè подучи да носиме приземни одлуки и да се стремиме кон финансиска стабилност, а исто така ќе ни даде простор да ја истакнеме сензуалноста.
Строгиот Сатурн на крајот на месецов ќе започне да се движи ретроградно, крадејќи ни го фокусот. Лесно ќе се расејуваме, па ќе треба да вложиме повеќе енергија да се придржуваме до зацртаните планови.
Најсреќни во јуни ќе бидат БЛИЗНАЦИТЕ и РАКОВИТЕ.
Датум | Случување |
3 јуни | ☿ Меркур влегува во близнаци |
6 јуни | ☽ Настапува млада месечина во близнаци |
9 јуни | ♂ Марс влегува во бик |
17 јуни | ♀ Венера влегува во рак |
17 јуни | ☿ Меркур влегува во рак |
20 јуни | ☉ Сонцето влегува во рак |
22 јуни | ☽ Настапува полна месечина во јарец |
29 јуни | ♄ Сатурн преминува во ретроградно движење во риби |
Табела: најважните датуми за месец јуни и движењето на небесните тела
Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец: