Почетна » Новости » Актуелно » Уште една жртва во ужасниот пожар во Кочани: Почина 24-годишниот Стојанче Стефанов

Уште една жртва во ужасниот пожар во Кочани: Почина 24-годишниот Стојанче Стефанов

Катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани одзеде уште еден млад живот.

Почина 24-годишниот Стојанче Стефанов кој се лекуваше во Воено-медицинската академија во Белград. Тој бил интубиран и во критична состојба во изминатиот месец.

„Станува збор за пациент, кој од првиот ден, согласно извршената првична тријажа од медицинските тимови е веднаш упатен на лекување во Воено-медицинската академија во Белград и кој беше интубиран и во критична состојба во изминатиот месец. Станува збор за пациент со 27 отсто зафатеност со изгореници и сериозни повреди од вдишување на чад. Во ВМА е опериран на 4 април и поставен на ЕКМО апарат, преку кој се оксигенира крвта преку машина, заради вдишаниот чад. Но, заради сериозноста на повредите, тој поголем дел од хоспитализацијата бил нестабилен и во тешка општа состојба. Министерството за здравство изразува најдлабоко сочувство до фамилијата и до сите засегнати од трагедијата во Кочани“ – изјавија од Министерството за здравство.

Трагедија

Стојанче е 62-рата жртва во пожарот кој изби на 16 март во „Пулс“ во Кочани.

Трагедија во Пулс

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 24964 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.