Почетна » Новости » Шоу-бизнис » 62-годишната Деми Мур секси во фотосесија како дел од 100-те највлијателни луѓе на Time

62-годишната Деми Мур секси во фотосесија како дел од 100-те највлијателни луѓе на Time

Списанието Time ја прогласи Деми Мур за една од 100-те највлијателни личности во светот.

62-годишната актерка, која оваа година за првпат беше номинирана за Оскар, сними фотосесија за реномираното списание.

Ѕвездата од „The Substance“ позираше во секси издание и зборуваше за мудроста која доаѓа со стареењето и достапноста на информации за симптомите на менопаузата.

Деми Мур

„Не станува збор за тоа што ни прави општеството, туку најголемо влијание има тоа што си правиме самите себеси. И кога ние ќе ја знаеме вредноста на тоа кои сме, тогаш и светот ќе го рефлектира истото тоа кон нас.“

„Сметам дека поминавме долг пат, но ни останува уште многу. Затоа што многу малку време, фокус и истражувања се насочени кон женското здравје, особено кон доцните 40-ти и раните 50-ти години на жените. Затоа што порано немаше многу информации во етер за менопаузата, освен дека постојат топли бранови, или влијанието на енергијата, расположението и коските. Денес, ме радува колку повеќе информации постојат и колку повеќе се зборува на таа тема.“

„Со тоа што имам ќерки, сакам да бидат свесни, затоа што кога ќе дојде денот за нив и нештата ќе почнат да се менуваат, ќе знаат дека нема да се чувствуваат како да ги удрил камион“ – објаснува холивудската ѕвезда во интервјуто за Time.

Деми Мур Деми Мур

„Сметам дека одлични нешта доаѓаат со стареењето. Иако има загуба на еластичноста на кожата и енергијата и уште некои други мали нешта, не би го заменила тоа, бидејќи со себе ја носи длабочината на мудроста и искуството кои ги имав во ова хронолошко време кое имав привилегија да го искусам во овој животен век“ – дополни Мур.

Деми Мур

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 24964 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.