Почетна » Новости » Актуелно » Што ме научи ракот: Патот кон исцелување

Што ме научи ракот: Патот кон исцелување

Во свет кој често нè влече во безброј насоки, лесно е да ја изгубиме од вид најважната врска што некогаш ќе ја имаме – онаа со самите себе. Токму тоа ми се случи пред 5 години. Една недела пред да се затворат границите и официјално да се прогласи пандемијата од Ковид-19, добив дијагноза за редок тип на рак со само 30% можност да преживеам. Еден од докторите со кои разговарав со чудење ми рече: „Овој тип најчесто го имаат мажи, со темна боја на кожата, над 70 години… и ти, млада жена“. Често во тој период знаев да се нашалам дека не само што кондурите ми се уникатни, мораше и ракот да биде.

Првото прашање што ни доаѓа на ум кога ќе нè погоди катастрофа е: „Зошто мене?“ Јас, како НЛП тренер и коуч добро знев декеа ова прашање нема да ми биде многу корисно и ме става во позиција на жртва. Исто така, знаев дека вистинското исцелување бара повеќе од само медицински третман; тоа бара холистички пристап. Јасно ми беше како ден дека единствениот пат кон здравје и виталност е враќање кон себеси.

Викторија Јордановска

Затоа, го сменив прашањето. Почнав да поставувам поинакви прашања: како, кога, кој, што…и, тие ми помогнаа да откријам делови од мене кои како да ги имав скриено од самата себе. Длабоко закопани затоа што не биле доволно привлечни, доволно убави, доволно забавни, доволно паметни… не биле доволно. Прашањата ми помагаа да откривам сѐ повеќе за себе и да почнам да се прифаќам, сакам и ценам во својата големина и форма. Тргнав на едно патување на самооткривање и самољубов кое ми донесе благосостојба во секој дел од мојот живот.

Така се роди програмата „Внатрешна експедиција“ на која со голема љубов работам во последните неколку години, бидејќи сакам секој човек да ја почувствува таа љубов и благосостојба. Во срцето на програмата „Внатрешна експедиција“ лежи верувањето дека силната врска со себеси е камен-темелник на исполнет живот. Често знам да кажам дека само со сакање и почитување на себеси можеме да изградиме здрави и значајни врски со другите. Со развивање на самољубов, самодоверба и автентичност, учесниците можат да го отклучат својот потенцијал да живеат целосно. Овој пристап е особено релевантен во денешниот забрзан свет, каде што занемарувањето на себеси често останува незабележано сè додека некаква криза не нè принуди да застанеме. Затоа овде учиме да ги препознаеме првите знаци пред да влеземе во криза. Да знаеме како да ја промениме нашата состојба свесно и да избегнеме поголеми нарушувања или потешкотии.

Програмата „Внатрешна експедиција“ започнува со вебинар во живо на 22 април 2025 година. За време на 2-часовното интерактивно искуство ќе ве водам низ еден интересен процес да ѕирнете во себе, да се слушнете себеси и да се почувствувате. Ќе ги истражите слоевите што нè прават луѓе и ќе дознаете од што сте создадени.

Викторија Јордановска

Учесниците ќе добијат и ексклузивна е-книга со 10 предизвикувачки прашања за продолжување на самоистражувањето по вебинарот. Не е потребно претходно искуство, а вебинарот е погоден и за почетници и за искусни во личниот развој. Иако вебинарот ќе биде снимен, се препорачува учество во живо за целосно и уникатно искуство.

Викторија Јордановска

Овој вебинар е за секој што се чувствува заглавено, сака се разбере себеси, да го разбере своето минато без да дозволи тоа да го дефинира, или е подготвен да се соочи со стравовите и да прифати персонализиран пристап кон растот. Без разлика дали сте нови во личниот развој или сакате да ја продлабочите вашата пракса, „Внатрешна експедиција“ нуди практични алатки и сознанија за да ви помогне да:

  • Изградите самољубов и самопочит.
  • Ја подобрите способноста за создавање здрави врски.
  • Добиете јасност за вашите лични цели и вредности.
  • Развиете самодоверба за да се справите со животните предизвици.

Ве канам да инвестирате во себе и да ја откриете моќта на поврзувањето со себеси.

За само 880 денари вебинарот „Внатрешна експедиција“ е достапна влезна точка за лична трансформација. За да го обезбедите вашето место, посетете ја страницата на вебинарот и кликнете на „КУПИ КАРТА ВЕДНАШ“ По регистрацијата, ќе добиете детали за пристап преку е-пошта.

„Внатрешна експедиција“ е повеќе од програма – тоа е патување за повторно откривање и ценење на најважната врска во вашиот живот: онаа со самите себе. Мојата приказна служи како потсетник дека дури и во најтемните моменти, љубовта кон себе може да го осветли патот кон исцелување и раст. Искористете ја оваа можност да започнете своја експедиција на 22 април 2025 година. Колку повеќе знаете за вашето Јас, толку подобро ќе се водите себеси и
другите. Направете го првиот чекор денес.

Викторија Јордановска

Вебинарот „Внатрешна експедиција“ е шанса да застанете, да размислите и да инвестирате во вашиот личен раст. Со приклучувањето, не само што присуствувате на настан – вие тргнувате на пат кон поголема самосвест и исполнетост. Без разлика дали сте инспирирани од мојата приказна или од вашата сопствена желба за промена, оваа програма нуди алатки и насоки за да ја трансформирате вашата врска со себеси и, последователно, со светот околу вас.

Со љубов,

Викторија Јордановска

www.vianlp.com/mk

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 24960 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.