Почетна » Новости » Животни стории » Мајка на петорка: „Царските резови спасуваат животи, но се далеку од полесниот начин на породување“

Мајка на петорка: „Царските резови спасуваат животи, но се далеку од полесниот начин на породување“

Април е месец за подигнување на свеста за царскиот рез. Иако многумина сметаат дека овој оперативен зафат е полесниот начин на породување, сè повеќе мајки кои родиле на овој начин ги тврдат спротивното.

Хана Мертон гласно зборува за негативните страни на царскиот рез и за опасностите од него. Сепак, таа не ги оспорува и позитивните страни, бидејќи честопати царските резови спасуваат животи.

Хана Мертон Хана Мертон

Април е месец за подигнување на свеста за царскиот рез

Околу 4 милиони бебиња се раѓаат во САД секоја година, а околу 1 од 3 новороденчиња се раѓаат со царски рез.

Царските резови се единствената операција каде што сте будни додека ви сечат 6 слоја ткива, а потоа се очекува веднаш да се грижите за едно мало човече како ништо да не се случило.

Царските резови спасуваат животи, но се далеку од полесниот начин на породување. Двојно поголема е веројатноста мајките да имаат компликации за време на царски рез одошто при вагинално породување. Царските резови бараат многу подолго време за опоравување, бидејќи е поголем ризикот од инфекции и крварење.

Од моментот кога дознав дека сум бремена со петорка, знаев дека царскиот рез ми е единствена опција. Тагував по породувањето на кое отсекогаш се надевав, но сфатив дека сум поголема среќничка од повеќето, поради фактот што имав време психички и физички да се подготвам. Многу жени не го добиваат тој луксуз да го планираат предвреме нивниот царски рез.

Исто така, имам среќа што имав царски рез како од учебник (освен раѓањето на 5 бебиња одеднаш), моето закрепнување беше брзо, а болката беше минимална. Но, немаат сите такво искуство.

Вашите чувства се важни. Во ред е да тагувате за породувањето кое мислевте дека ќе го имате.

Никогаш не сакав лузна од царски рез, но сега ја носам гордо како симбол дека станав мајка.

25-годишната мајка на петорка и уште едно мало бебенце има прилично интересна приказна. Отсекогаш сакала да стане мајка, но откако стапила во брак, дознала дека има синдром на полицистични јајници и еден блокиран јајчник, што го отежнувало зачнувањето.

Хана Мертон

Хана започнала да прима терапија и во 2019 година, дознала дека е бремена. На првиот преглед со ултразвук, дознала дека ќе има не едно, не две, не три, не четири, туку пет бебиња.

Хана Мертон Хана Мертон Хана Мертон

Сè течело одлично сè до 23 недела, кога била примена во болница поради скратен цервикс. Во 25 гестациска недела, Хана добила контракции и морала да биде итно породена со царски рез. Нејзините ПЕТ бебиња дошле на овој свет во март 2020 година, но биле премногу мали и се бореле за живот.

Неколку денови по раѓањето, едно од бебињата починало, друго било во многу лоша состојба и постојано имало потреба од кислород, а трето добило инфекција и за малку не починало.

Хана Мертон Хана Мертон Хана Мертон

Бебето Гидеон морало да остане во болница 385 дена пред да му се придружи дома на своето семејство, додека малата Еванџелин имала оштетување на мозокот и добила церебрална парализа.

Хана Мертон Хана Мертон Хана Мертон

„Секогаш си велам себеси дека Бог нема да ми даде нешто со коешто не можам да се справам, но тој изгледа обожава да ја тестира таа теорија. Пронајдов сила која не ни знаев дека ја имам. Повеќе од благословена сум и сум многу благодарна за моето патување и покрај тоа што беше сè само не лесно“ – вели Хана, која по петорката забремени уште еднаш и роди уште една ќерка.

Хана Мертон Хана Мертон Хана Мертон Хана Мертон Хана Мертон Хана Мертон Хана Мертон Хана Мертон

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 24962 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.