Почетна » Забава » Хороскоп » Месечен хороскоп – ЈУНИ, 2022

Месечен хороскоп – ЈУНИ, 2022

Јуни е месец на промени, но и на креирање на доволно простор за да можеме внимателно да ги обмислиме нашите следни значајни животни потези.

Меркур, планетата на комуникацијата, ќе го прекине ретроградното движење, со што ќе „испарат“ многу конфликти и недоразбирања кои ни ја трошеле енергијата. Повторно ќе се чувствуваме дека можеме да комуницираме со луѓето без пречки и ќе престанат да нè мачат расипани уреди, одложени патувања, изгубени документи или погрешно сфатени примени или испратени пораки.

Полната месечина на 14 јуни ќе биде супермесечина, па да очекуваме бомбастичен ден исполнет со многу изненадувања.

Романтичната Венера ќе ни покаже дека отворените разговори се суштински важни за одржување на силни љубовни сојузи. Многумина ќе се убедат дека интелектот може да биде многу, многу секси.

Нептун и Сатурн ќе започнат да се движат ретроградно, како што тоа го прават секоја година. Сепак, тоа не треба да нè плаши. Напротив, тие ќе ни помогнат да успориме со правењето на крупни чекори и темелно да размислиме што е најправилно за нас.

Најсреќни месецов ќе бидат БЛИЗНАЦИТЕ и РАКОВИТЕ.

Датум Случување
3 јуниМеркур преминува во директно движење во бик
4 јуниСатурн преминува во ретроградно движење во водолија
13 јуниМеркур влегува во близнаци
14 јуни☽ Настапува полна месечина во стрелец
21 јуниСонцето влегува во рак
23 јуниВенера влегува во близнаци
28 јуниНептун преминува во ретроградно движење во риби
29 јуни☽ Настапува млада месечина во рак

Табела: најважните датуми за месец јуни и движењето на небесните тела

Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.