Забава, дружење и безгрижност. Јуни ќе ни донесе игриви вибрации и со олабавувањето на мерките наметнати од пандемијата, ќе се враќаме во живот.
Под влијание на Сонцето, во првите три недели од месецов ќе бидеме желни за средби со интересни соговорници и ќе обожаваме да флертуваме со зборови.
Жешкиот Марс ќе ги подигнува температурите во спалните соби додека Венера ќе стави акцент на емоциите. Отворениот пристап во љубовта е најдобра стратегија за успешен романтичен сојуз.
Јупитер, планетата на среќата и богатството, на 20 јуни ќе започне да се движи ретроградно и ќе одложи некои наши амбициозни планови.
Позитивна вест е што Меркур ќе стави крај на ретроградното движење, отстранувајќи многу пречки кои не ни дозволуваа да го покажеме сиот наш потенцијал. Ќе исчезнат проблеми поврзани со документи, комуникација или патувања.
Најнаградени ќе бидат БЛИЗНАЦИТЕ и РАКОВИТЕ.
Датум | Случување |
2 јуни | ♀ Венера влегува во рак |
10 јуни | ☽ Настапува млада месечина во близнаци |
11 јуни | ♂ Марс влегува во лав |
20 јуни | ♃ Јупитер преминува во ретроградно движење во риби |
21 јуни | ☉ Сонцето влегува во рак |
23 јуни | ☿ Меркур преминува во директно движење во близнаци |
24 јуни | ☽ Настапува полна месечина во јарец |
25 јуни | ♆ Нептун преминува во ретроградно движење во риби |
27 јуни | ♀ Венера влегува во лав |
Табела: најважните датуми за месец јуни и движењето на небесните тела
Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец: