Почетна » Забава » Хороскоп » Месечен хороскоп – ЈУНИ, 2019

Месечен хороскоп – ЈУНИ, 2019

Јуни ќе ни донесе возбуда и динамика, ќе нè потсети на важноста на семејството и ќе ни укаже дека мораме повеќе да се грижиме за менталното здравје.

Под влијание на Сонцето, во првите три недели од месецов, ќе ги зачестиме друштвените средби. Разговорите ќе нè исполнуваат и воопшто нема да ни смета да го посветиме секој час од слободното време на дружење надвор од дома.

Венера, планетата на љубовта и хармонијата, ќе стави акцент на разговорите. Ќе се увериме дека со разговор може да се реши секој љубовен проблем и дека нема подлабоко поврзување од она кога ќе си ги отвориме душите со партнерите.

Марс ќе си поигрува со нашето трпение и емоциите, па мошне важно е да си одделуваме време за релаксација и средување на мислите.

Во последните десет дена од јуни, ќе го свртиме фокусот кон најблиските. Крвта не е вода!

Најсреќни овој месец ќе бидат БЛИЗНАЦИТЕ, но и РАКОВИТЕ ќе ја почувствуваат наклонетоста на небесните тела.

Датум Случување
3 јуни☽ Настапува млада месечина во близнаци
4 јуниМеркур влегува во рак
9 јуниВенера влегува во близнаци
17 јуни☽ Настапува полна месечина во стрелец
21 јуниНептун преминува во ретроградно движење во риби
21 јуниСонцето влегува во рак
27 јуниМеркур влегува во лав

Табела: најважните датуми за месец јуни и движењето на небесните тела

Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.