Јули ќе ни донесе фасцинантен микс од забава, романтика, практичност и авантура. Ќе бидеме спонтани во моменти кога ќе биде пожелно тоа, а супер сериозни во ситуации кои го бараат тоа од нас.
Во првата половина од месецот, акцентот ќе биде ставен на семејството, па ништо нема да ни биде поважно од среќата на најблиските.
Венера ќе стимулира многу парови да го кажат судбоносното ДА или да основаат семејство, што значи дека ќе имаме многу поводи за прослави.
Полната месечина на 13 јули е всушност супермесечина и ќе ги истакне нашите амбиции, но и желбата за љубов која трае, трае и трае.
Откако ќе започне сезоната на лавовите на 22 јули, возбудата само ќе расте и страста ќе нè води низ животот. Очекувајте зголемена самодоверба и дозволете си да бидете поспонтани.
Многу нови врски ќе се родат на 28 јули, кога ќе настапи млада месечина.
Најсреќни овој месец ќе бидат РАКОВИТЕ и ЛАВОВИТЕ.
Датум | Случување |
5 јули | ♂ Марс влегува во бик |
5 јули | ☿ Меркур влегува во рак |
13 јули | ☽ Настапува полна месечина во јарец |
18 јули | ♀ Венера влегува во рак |
19 јули | ☿ Меркур влегува во лав |
22 јули | ☉ Сонцето влегува во лав |
28 јули | ☽ Настапува млада месечина во лав |
28 јули | ♃ Јупитер започнува да се движи ретроградно во овен |
Табела: најважните датуми за месец јули и движењето на небесните тела
Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец: