Почетна » Забава » Хороскоп » Месечен хороскоп – ЈУЛИ, 2021

Месечен хороскоп – ЈУЛИ, 2021

Забава, дружење, страст и по некоја драма – тоа нè очекува во најжешкиот месец во годината.

Црвената планета Марс ќе патува низ лав, носејќи ни возбудливи моменти во кои емоциите ќе достигнуваат максимум и страста ќе ни струи низ цело тело. Месецов е идеален за љубовни авантури. Сепак, треба да се спомене дека Марс носи и тензичност и драма, па имајте на ум дека ќе треба да се справувате со лица со „тежок“ карактер и огромно его. Тврдоглавоста ќе ја забележувате почесто од вообичаено.

Во првите три недели од месецов, Сонцето ќе минува низ сензитивниот рак, па ќе ни бидат истакнати емпатијата и желбата за минување на квалитетно време со семејството. Ова е одличен период за фамилијарни веселби кои долго ќе се паметат. Во последната седмица, со Сонцето во лав, ќе се фокусираме на пријателите и забави до рани утрински часови.

Најсилно позитивно влијание во јули ќе почувствуваат РАКОВИТЕ и ЛАВОВИТЕ.

Датум Случување
10 јули☽ Настапува млада месечина во рак
11 јулиМеркур влегува во рак
22 јулиВенера влегува во девица
22 јулиСонцето влегува во лав
24 јули☽ Настапува полна месечина во водолија
28 јулиМеркур влегува во лав
28 јулиЈупитер со ретроградно движење влегува во водолија
29 јулиМарс влегува во девица

Табела: најважните датуми за месец јули и движењето на небесните тела

Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19468 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.