Копнеете по возбуда, динамични промени и нови почетоци? Јули е месецот кој ќе ве израдува и ќе ви ги исполни желбите.
Повеќе планети и Сонцето ќе патуваат низ лав, качувајќи ја страста на максимум. Овој месец ќе се раѓаат врски и ќе се зацврстуваат постоечките, а многумина ќе доживеат романтична авантура за паметење.
На 2 јули ќе настапи млада месечина и целосно затемнување на Сонцето, па овој ден ќе биде среќен за многу од нас, особено за припадничките на понежниот пол. На 16 јули ќе имаме и делумно затемнување на Месечината, што значи дека позитивните промени само ќе се множат.
Негативната вест овој месец е ретроградното движење на Меркур, планетата на комуникацијата од 8 јули до 1 август. Тоа значи дека големи се шансите за непотребни расправии и губење на значајни документи или податоци. Ако патувате, по неколку пати проверувајте дали имате сè што ви е потребно. Правете копии на сите важни дигитални податоци, за да си заштедите главоболки.
Најсреќни овој месец ќе бидат РАКОВИТЕ и ЛАВОВИТЕ.
Датум | Случување |
2 јули | ♂ Марс влегува во лав |
2 јули | ☽ Настапува млада месечина во рак (целосно затемнување на Сонцето) |
3 јули | ♀ Венера влегува во рак |
8 јули | ☿ Меркур започнува да се движи ретроградно во лав |
16 јули | ☽ Настапува полна месечина во јарец (делумно затемнување на Месечината) |
19 јули | ☿ Меркур со ретроградно движење влегува во рак |
23 јули | ☉ Сонцето влегува во лав |
28 јули | ♀ Венера влегува во лав |
Табела: најважните датуми за месец јули и движењето на небесните тела
Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец: