Јули е месецот на раковите, но во последната седмица и лавовите значително ќе го почувствуваат позитивното влијание на небесните тела.
На 8 јули Сатурн ќе го заврши петмесечното ретроградно движење во шкорпија, со што ќе го прекине долгото патување на кое нè принудуваше да се соочиме со емоции како љубомора и страв од непознатото. Благодарение на неговите лекции ќе можеме да се вратиме како посилни личности со детална стратегија за позитивни промени.
Венера, планетата на љубовта и убавината, ќе нè поттикне да ја разгориме страста и да не се плашиме од флертот.
И Меркур ќе го прекине ретроградното движење, а со тоа ќе ни ја подобри комуникацијата и ќе ни помогне полесно да ги остваруваме плановите за летни патувања.
Датум | Случување |
8 јули | ♄ Сатурн преминува во директно движење во скорпија |
8 јули | ☽ Настапува млада месечина во рак |
13 јули | ♂ Марс влегува во рак |
17 јули | ♅ Уран преминува во ретроградно движење во овен |
20 јули | ☿ Меркур преминува во директно движење во рак |
22 јули | ♀ Венера влегува во девица |
22 јули | ☉ Сонцето влегува во лав |
22 јули | ☽ Настапува полна месечина во водолија |
Табела: најважните датуми за месец јули и движењето на небесните тела
Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец: