Јануари ќе ни донесе нови почетоци, но и навраќање на стари љубовни проблеми и недовршени проекти.
Младата месечина ќе настапи на 2 јануари и ќе ги зголеми шансите да чуеме добра вест поврзана со кариерата или со машка личност која многу ни значи.
Во текот на цел месец, Венера, планетата на љубовта и хармонијата, ќе се движи ретроградно, носејќи во нашите животи бивши партнери или љубовни несогласувања за кои сме мислеле дека останале во минатото.
Меркур, планетата на комуникацијата, од 14 јануари до 4 февруари ќе се движи ретроградно, па очекувајте одложување на планови поврзани со патувања, конфликти поради недоразбирања и сл. Во втората половина на месецов неопходно е да бидеме повнимателни со важни документи и секоја порака која ја испраќаме да ја препрочитуваме барем по двапати. Ова е добар период да се фокусирате на веќе започнати проекти и да ги расчистите заостанатите обврски.
Најсреќни во првиот месец од годината ќе бидат ЈАРЦИТЕ и ВОДОЛИИТЕ.
Датум | Случување |
2 јануари | ☿ Меркур влегува во водолија |
2 јануари | ☽ Настапува млада месечина во јарец |
14 јануари | ☿ Меркур започнува да се движи ретроградно во водолија |
18 јануари | ☽ Настапува полна месечина во рак |
18 јануари | ♅ Уран преминува во директно движење во бик |
20 јануари | ☉ Сонцето влегува во водолија |
24 јануари | ♂ Марс влегува во јарец |
26 јануари | ☿ Меркур со ретроградно движење влегува во јарец |
29 јануари | ♀ Венера преминува во директно движење во јарец |
Табела: најважните датуми за месец јануари и движењето на небесните тела
Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец: