Почетна » Забава » Хороскоп » Месечен хороскоп – ЈАНУАРИ, 2019

Месечен хороскоп – ЈАНУАРИ, 2019

Трудољубивоста ќе нè краси овој месец. Сонцето ќе нè поттикне да ги засукаме ракавите и да се фрлиме на работа ако сакаме да ги постигнеме зацртаните цели. Не постои краток пат кон успехот.

Уште на првиот ден од месецот страсниот Марс ќе нè поттикне да дадеме сè од себе за да оставиме свој отпечаток во светот. Ќе ги импресионираме луѓето околу нас почесто од вообичаено и ќе се чувствуваме одлично во сопствената кожа.

Зголемената самодоверба е гарантирана и поради прекинот на ретроградното движење на Уран во овен. Радикалната планета од ноември наваму нè менуваше на прекрасни начини и ни помагаше да станеме најдобрата верзија од себеси, а сега сите тие промени ќе се одразат позитивно и на нашето однесување. Одеднаш, за нас нема да има невозможни мисии.

Љубовните авантури ќе ни бидат попримамливи од вообичаено под влијание на романтичната Венера, која на 7 јануари ќе премине во стрелец. Можни се авантури за една вечер, неочекувани бакнежи, ненадејни почетоци, заеднички патувања со партнерот...

Најромантичен ден за сите нас ќе биде 18 јануари, кога Венера и Марс ќе се „здружат“ за да ни ги исполнат љубовните желби.

Месецов, ЈАРЦИТЕ и ВОДОЛИИТЕ ќе бидат најнаградени од небесните тела.

Датум Случување
1 јануариМарс влегува во овен
5 јануариМеркур влегува во јарец
6 јануари☽ Настапува млада месечина во јарец
6 јануариУран преминува во директно движење во овен
7 јануариВенера влегува во стрелец
20 јануариСонцето влегува во водолија
21 јануари☽ Настапува полна месечина во лав
24 јануариМеркур влегува во водолија

Табела: најважните датуми за месец јануари и движењето на небесните тела

Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.