Февруари ќе ни ги разгори романтичните фантазии, ќе ни покаже зошто љубовта е суштински важна и ќе нè научи како да градиме нераскинливи љубовни сојузи.
Ако Денот на вљубените не ве инспирира доволно да се фрлите во прегратките на романтиката и да бидете протагонисти во љубовна идила, тогаш огнениот Марс и хармоничната Венера ќе го сторат тоа. Двете планети кои најсилно влијаат на љубовниот живот ќе се здружат прво во јарец, а потоа во водолија, па нè очекуваат страсни моменти, возбудливи интимни средби, нови врски и изјави на љубов за паметење.
Комуникативниот Меркур ќе нè охрабри да зборуваме гласно за она што го посакуваме, а младата месечина на 9 февруари ќе нè поттикне да гледаме на големата слика и да покажеме емпатија и грижа за останатите околу нас.
На 19 февруари ќе започне сезоната на рибите, што ќе ни ја зголеми креативноста, но и емотивноста.
Најсреќни во февруари ќе бидат ВОДОЛИИТЕ, но и РИБИТЕ ќе почувствуваат мал дел од позитивниот бран случувања насочен кон нив.
Датум | Случување |
5 февруари | ☿ Меркур влегува во водолија |
9 февруари | ☽ Настапува млада месечина во водолија |
13 февруари | ♂ Марс влегува во водолија |
16 февруари | ♀ Венера влегува во водолија |
19 февруари | ☉ Сонцето влегува во риби |
23 февруари | ☿ Меркур влегува во риби |
24 февруари | ☽ Настапува полна месечина во девица |
Табела: најважните датуми за месец февруари и движењето на небесните тела
Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец: