Почетна » Забава » Хороскоп » Месечен хороскоп – ФЕВРУАРИ, 2022

Месечен хороскоп – ФЕВРУАРИ, 2022

Февруари носи студено време, а топли срца исполнети со љубов.

На самиот крај на јануари, романтичната Венера го прекина ретроградното движење, ослободувајќи ни го патот до љубовни моменти за паметење. Планетата на љубовта цел февруари ќе го помине во јарец, па ќе се фокусираме на романси кои имаат потенцијал да траат вечно.

Месецов започнува со млада месечина и носи свежи почетоци. Бидете отворени за промени, ќе бидете изненадени од она што ќе ви го приредат небесните тела.

На Денот на вљубените, комуникативниот Меркур ќе премине во водолија, создавајќи простор за отворени разговори исполнети со искреност и директни изјави. Некој ќе признае дека е заљубен до уши, друг ќе клекне на колено со прстен во раката, трет ќе одушеви со голем романтичен гест... Во секој случај, сè ќе се случува отворено, од срце, без скриени намери.

Полната месечина на 16 февруари ќе настапи во лав, носејќи силна страст. Бидете подготвени за голема возбуда и моќни емоции кои ќе ве надвладеат.

Откако на 18 февруари Сонцето ќе влезе во знакот риби, ќе се разбуди во вас не само емотивната, туку и креативната страна. Зачекорете во лични и професионални предизвици чија реализација зависи од вашата бујна имагинација. Во последните 10 дена од месецот, обрнете повеќе внимание на вашите соништа. Потсвеста ќе ви испраќа силни пораки.

Најсреќни овој месец ќе бидат ВОДОЛИИТЕ и РИБИТЕ.

Датум Случување
1 февруари☽ Настапува млада месечина во водолија
4 февруариМеркур преминува во директно движење во јарец
14 февруариМеркур влегува во водолија
16 февруари☽ Настапува полна месечина во лав
18 февруариСонцето влегува во риби

Табела: најважните датуми за месец февруари и движењето на небесните тела

Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19468 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.