Февруари ќе ни донесе стабилност и доза безгрижност по каква што копнееме.
Венера, планетата на љубовта и Сонцето ќе патуваат низ водолија, засилувајќи ни ја иновативноста. Ќе бидеме поотворени за новитети, а акцент ќе ставиме на најсилните пријателства. Ќе зачестат авантуристичките врски без обврзување.
Меркур, планетата на комуникацијата, до 21 февруари ќе се движи ретроградно, што значи дека зголемен е ризикот од недоразбирања поради лош избор на зборови, губење на важни документи или одложување на веќе испланирани патувања.
Најсреќни овој месец ќе бидат ВОДОЛИИТЕ, но и РИБИТЕ ќе добијат убава најава за прекрасниот период кој ги очекува.
Датум | Случување |
1 февруари | ♀ Венера влегува во водолија |
11 февруари | ☽ Настапува млада месечина во водолија |
18 февруари | ☉ Сонцето влегува во риби |
21 февруари | ☿ Меркур преминува во директно движење во водолија |
25 февруари | ♀ Венера влегува во риби |
27 февруари | ☽ Настапува полна месечина во девица |
Табела: најважните датуми за месец февруари и движењето на небесните тела
Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец: