Почетна » Забава » Хороскоп » Месечен хороскоп – февруари, 2016

Месечен хороскоп – февруари, 2016

Февруари е месец на стабилноста. Не нè очекува драматично раздвижување на небесните тела, па не ни претстојат големи промени.

Венера, планетата на љубовта, убавината и хармонијата, во првата половина од месецов ќе патува низ јарец, потенцирајќи ја привлечноста на долгите и стабилни врски. Во втората половина на февруари, Венера ќе премине во водолија и ќе нè потсети колку многу е важно со љубовните партнери да бидеме пред сè добри пријатели.

Амбициозниот Марс ќе го продолжи своето патување низ девица, па ќе бидат ценети организираноста и точноста. Внимавајте на секој детаљ и успехот нема да ве заобиколи.

Водолиите и јарците најмногу ќе го чувствуваат позитивното влијание од планетите. Во последната седмица од месецов, рибите ќе се радуваат на наклонетоста на Сонцето.

Датум Случување
8 февруари☽ Настапува млада месечина во водолија
13 февруариМеркур влегува во водолија
17 февруариВенера влегува во водолија
19 февруариСонцето влегува во риби
22 февруари☽ Настапува полна месечина во девица

Табела: најважните датуми за месец февруари и движењето на небесните тела

Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19738 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.