Почетна » Новости » Актуелно » „Ја држев сопругата за рака, но се онесвестив“: Потресно сведоштво на Борче кој се спаси од пожарот

„Ја држев сопругата за рака, но се онесвестив“: Потресно сведоштво на Борче кој се спаси од пожарот

Борче Јованчевски се извлече жив од ужасниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, а успеа и да помогне да се спасат уште многу животи.

Боки деновиве отиде во посета на волонтерите од Support Kocani и раскажа за своето потресно искуство во пеколната ноќ.

Борче

Пејачите рекоа „сите надвор, сите надвор, ќе се вратиме“. Тргнавме полека да излегуваме надвор, но наеднаш настана стампедо и општ хаос.

Јас ја држев сопругата за рака, но од јаглеродниот моноксид се онесвестив. Бог ми даде некоја сила, не знам како да опишам, се разбудив и видов дека не ја држам веќе за рака.

Пробав да излезам, но никако, бевме заглавени. Бог ми даде сила, се искачив, почнав да гребам и паднав долу пред скалите.

Првото нешто што го направив, истурив вода на лицето и почнавме одма да ги извлекуваме луѓето. Многу од нив беа заглавени, сите пружаа рака, некој можеше да се извлече, а некој не.

Морам да потенцирам дека до мене беше Лазе од обезбедувањето, кој беше многу силен и можеше да извлече повеќе луѓе, па ги подававме сите нанадвор.

После 10 минути дојде дедо ми Јорданчо, со него заедно почнавме да ги вадиме луѓето од дискотеката.

Имаше запалено од едната страна бела даска која гореше, заедно ја кренавме даската и ја фрливме и дедо ми почна на левата страна да влече луѓе, а јас видов рака и некој кој ми го извикува името. Тоа беше мојата сопруга. За среќа беше жива, врз неа имаше лице во бесознание, кое едвај го тргнавме од неа за да ја извлечеме. Штом ја извлеков, некако срцето ми дојде на место. Ја кренав во раце и со сопствено возило ја однесовме во болницата во Кочани. Ја примија, но внатре беше страшен хорор. Докторите и сестрите се трудеа колку можат да помогнат, но за жал во нашата болница немаше доволно кислород за сите. Не беа спремни за ваква ситуација. Пруживме помош за сите.

Тука ми беше најголемиот хорор што го доживеав во мојот живот. Околу мене имаше многу блиски на починатите кои со мене ги бараа. „Боки те молам види каде е моето дете, каде е жена ми, сестра ми“. Сите бараа. Јас влегов во болницата за да ме преврзат. Попат, по собите барав како да помогнам, да им дадам информација за нивните деца. Сопругата е уште во Скопје и се молам за неа и за сите други, да биде што подобро. Што побрзо сите да си одат дома, да бидат среќни со фамилиите и ова зло да го заборавиме.

„На посета во SupportKocani ни беше Борче Јованчевски - еден од првите кој алармираше за пожарот во дискотеката во Кочани и објави апел за помош на социјалните мрежи, помагајќи сите Кочанчани да излезат и да спасуваат луѓе. Боки несебично се има враќано внатре во дискотеката и има помагано и спасувано заедно со останатите. Му благодариме од срце за неговата пожртвуваност, хуманост и несебичност“ - стои во описот на видеото.

Во пожарот загинаа 59 лица, а над 160 се повредени.

Борче

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 24393 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.