Почетна » Новости » Актуелно » Емотивен статус за хероите во Кочани: „За мајката на која ѝ пукна водењакот кога дозна дека сопругот ѝ почина...“

Емотивен статус за хероите во Кочани: „За мајката на која ѝ пукна водењакот кога дозна дека сопругот ѝ почина...“

Статус се шири на социјалните мрежи, будејќи силни емоции во секој од нас.

Во него се споменуваат хероите, „знајни и незнајни“, во трагедијата која силно го погоди не само Кочани, туку и цела Македонија. Животните судбини кои никој не можел да ги предвиди, а кои засекогаш ќе останат како сведок на овој немил настан.

Статус

За вистинските херои од Кочани - нешто што нема да го прочитате и видете на друго место, а никој не ги спомнува:

- За мајката на која ѝ пукна водењакот кога дозна дека сопругот е починат и се поради два дена подоцна.

- За шоферите на Брзата помош од кои едниот заврши на Кардиологија, а другиот во Јесеново.

- За полицајците кои ваделе свои повредени колеги и деца починати и повредени на колеги. За полицајците кои во болницата миеле повредени и менувале инфузии и преврзувале.

- За командирот на пожарната во Кочани кој е во болница.

- За дечките од Црвениот крст, пред сè од Кочани.

- За матичните лекари и медицински сестри од кочанско и виничко.

- За доброволните пожарникари од Кочани кои од џеб даваат пари за да имаат гориво за возилата и нивна регистрација, како и плаќаат данок на државата за увоз на противпожарни камиони.

- За кочанските таксисти кои биле ударна сила при транспортот до кочанската болница на многу повредени и за жал починати.

- За цивилите кои со сопствени возила однеле повредени директно за Скопје.

- За детето од Македонска Каменица кое извлекло неколку преживеани лица кои сведочат како биле спасени од него.

- За Филип, Андреј, Марко, Никола, Давор, Илија, Петар, Игор, Мирче, Давид, Борис... и безброј други дечки кои од дома дошле и извлекле доста лица ризикувајќи си го своите животи, па така сега се по болници.

- За родителите кои го загубија второто свое дете откако пред неколку години во странство им беше убиена и ќерката.

- За родителите на чии раце пред болницата на клупа им починаа децата.

- За докторките, докторите и медицинските сестри кои сопствените деца ги примиле и виделе кобната вечер повредени и кои за жал, се лечат во странство и се во тешка ситуација понатаму.

- За ќерката на обвинителот која исто така се бори за живот.

- За неколкуте дечки кои скршиле ѕид од гипс и ослободиле простор помеѓу ходникот и излезната врата, потег со кој се спасиле многу.

Има уште многу бројни знајни и незнајни херои на дело, а не на рекла казала и желни за лајк повеќе и медиумско внимание. Затоа не долевајте сол на раната, особено не на нереални и преувеличени работи во момент кога тагата е огромна, а истата тага може да премине и во револт.

Статус

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 24370 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.