Почетна » Новости » Актуелно » „Мама и тато, ова е за вас“: Емотивен настап на лизгачот Максим Наумов кој ги изгуби родителите во авионска несреќа

„Мама и тато, ова е за вас“: Емотивен настап на лизгачот Максим Наумов кој ги изгуби родителите во авионска несреќа

Максим Наумов имаше емотивен настап на настанот „Legacy on Ice“ и доби громогласен аплауз. Тој танцуваше на омилената љубовна руска песна на родителите кои ги изгуби во авионска несреќа пред два месеци.

23-годишниот лизгач не можеше да си ги задржи солзите по настапот во уметничко лизгање, по што клекна на колена и рече: „Мама и тато, ве сакам. Ова е за вас“.

Максим Наумов Максим Наумов Максим Наумов Максим Наумов

Видео:

Родителите на Максим починаа на 29 јануари откако авионот со кој летаа се судри со воен хеликоптер во близина на Вашингтон. Станува збор за олимписките шампиони во уметничко лизгање Евгенија Шишкова (53) и Вадим Наумов (56).

Евгенија и Вадим најпрво требало да патуваат со друг авион, но за жал, ги промениле летовите во последен момент. „Мајка ми ми се јави да ми каже дека ги променија летовите и ме праша дали можам да ги земам од аеродром. Таа секогаш ми испраќаше пораки или ми се јавуваше кога ќе слетаат“ – изјавил Максим.

Талентираното момче вели дека сè што сака е да ги направи горди своите родители. „Јас повеќе ја немам силата, страста и посветеноста на еден човек повеќе. Сега имам за тројца“ – дополни тој во интервјуто за Today.

Максим Наумов Максим Наумов Максим Наумов

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 24410 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.