Илина Арсова сподели дека успешно ја одбрани својата докторска дисертација од областа на општествените науки и спорт во Соединетите Американски Држави.
42-годишната планинарка, која се пресели во Америка по врската со Игор Џамбазов, докторираше на Универзитетот во Тенеси и ја постигна посакуваната цел да стане доктор на науки.
Веста за ова нејзино постигнување, Илина ја сподели на Instagram заедно со фотографии.


Драги пријатели, роднини и колеги. Чест ми е да споделам дека на 25 март 2025 успешно ја одбранив мојата докторска дисертација од областа на општествените науки и спорт. Сега и официјално сум експерт за родови прашања, спорт и медиа кои несомнено водат кон социјални промени.
Неизмерно ви благодарам на сите што постојано ме храбрите и поддржувате во овој долг, изолиран и сопствено рефлексивен процес на учење и надградување.
... Наскоро повеќе детали.. чувајте се и само преку знаење, етика и солидарност заедно да изградиме една подобра држава и иднина за сите. Она што е неопходно за нашата мила Македонија (со болка во срцето по 16.03).
Ве сака Илина.








Покрај тоа што е доктор на науки, Арсова е и успешна планинарка и ликовна уметничка.
Во 2006 година, таа за првпат се искачи на Монблан, највисокиот врв во Западна Европа, а во периодот од 2006-2016, Илина успеа да искачи пет од седумте највисоки врвови, на 5 различни континенти. Во 2013, таа стана првата жена Македонка која се има искачено на Монт Еверест.





Игор и Илина беа заедно од средината на 2020 година до нејзиното заминување во САД во 2023 година.

