Септември ќе нè принуди да заборавиме на безгрижноста и летната еуфорија и ќе нè врати во реалноста. Месецов започна со влегувањето на Меркур во девица, што значи дека ќе ни се зголеми концентрацијата и побистро ќе размислуваме.
Венера, планетата на љубовта, ќе престојува во лав, па на сите знаци ќе им испрати одредена доза самодоверба и желба за привлекување на внимание.
Плутон на 18 септември ќе го прекине своето ретроградно движење и ќе ни помогне да се радуваме на успеси на професионален план.
Девиците ќе почувствуваат најголеми промени во текот на септември, но крајот на месецов ќе им донесе многу радосни моменти на вагите кои ќе се разбудат и активираат токму со завршувањето на летото.
Датум | Случување |
1 септември | ☿ Меркур влегува во девица |
6 септември | ♀ Венера влегува во лав |
16 септември | ☽ Настапува млада месечина во девица |
17 септември | ☿ Меркур влегува во вага |
18 септември | ♇ Плутон преминува во директно движење во јарец |
22 септември | ☉ Сонцето влегува во вага |
30 септември | ☽ Настапува полна месечина во овен |
Табела: најважните датуми за месец септември и движењето на небесните тела
Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец: