Октомври ќе биде сè само не и здодевен. Промените се на прагот. Трите планети Меркур, Плутон и Сатурн ќе го прекинат ретроградното движење, правејќи повторно да се чувствуваме енергично, дружељубиво и мотивирано.
Олеснување во комуникацијата со луѓето можеме да очекуваме уште на почетокот од месецот, кога Меркур ќе премине во директно движење во девица. Слободно можеме да им кажеме збогум на недоразбирањата, загубените документи, расеаноста и проблемите со технологијата.
Директното движење на Плутон по 8 октомври ќе ни ги разјасни мистериите и ќе ни даде одговор на многу прашања. Она што се криело во длабочините, сега ќе исплива на површина и сите ќе можат да го видат.
Романтичната Венера цел месец ќе ги разубавува вага и шкорпија, зголемувајќи ја температурата во нашиот љубовен живот. Срцето ќе ни порасне двојно месецов, па сите ќе љубиме бестрашно.
Проблеми во рајот на претпоследниот октомвриски ден ќе започне да предизвикува сексапилниот Марс, кој ќе премине во ретроградно движење во близнаци. Можно е да имате сомнежи поврзани со вашиот партнер или симпатија.
Најсреќни месецов ќе бидат ВАГИТЕ и ШКОРПИИТЕ.
Датум | Случување |
2 октомври | ☿ Меркур преминува во директно движење во девица |
8 октомври | ♇ Плутон преминува во директно движење во јарец |
9 октомври | ☽ Настапува полна месечина во овен |
11 октомври | ☿ Меркур влегува во вага |
23 октомври | ♄ Сатурн преминува во директно движење во водолија |
23 октомври | ♀ Венера влегува во шкорпија |
23 октомври | ☉ Сонцето влегува во шкорпија |
25 октомври | ☽ Настапува млада месечина во шкорпија |
28 октомври | ♃ Јупитер со ретроградно движење влегува во риби |
29 октомври | ☿ Меркур влегува во шкорпија |
30 октомври | ♂ Марс преминува во ретроградно движење во близнаци |
Табела: најважните датуми за месец октомври и движењето на небесните тела
Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец: