Насмевнете се! Октомври ќе ни ја покаже убавата страна на животот.
Плутон, Сатурн и Јупитер ќе го прекинат ретроградното движење, а и Меркур ќе премине во директно движење на 18 октомври. Тоа значи дека ќе забележиме подобрувања и елиминирања на пречки на сите „фронтови“.
Венера, планетата на љубовта, ќе патува низ шкорпија и стрелец, па страста ќе лудува низ нашите тела. Колку е поладно надвор, толку пожешки ќе стануваат бакнежите и допирите.
Полната месечина на 20 октомври ќе стави акцент на нашите чувства и индивидуалните планови. Можно е конечно да ви се оствари голема желба.
Најсилно позитивно влијание од небесните тела ќе почувствуваат ВАГИТЕ, но и ШКОРПИИТЕ ќе бидат дарежливо наградени.
Датум | Случување |
6 октомври | ☽ Настапува млада месечина во вага |
6 октомври | ♇ Плутон преминува во директно движење во јарец |
7 октомври | ♀ Венера влегува во стрелец |
11 октомври | ♄ Сатурн преминува во директно движење во водолија |
18 октомври | ♃ Јупитер преминува во директно движење во водолија |
18 октомври | ☿ Меркур преминува во директно движење во вага |
20 октомври | ☽ Настапува полна месечина во овен |
23 октомври | ☉ Сонцето влегува во шкорпија |
30 октомври | ♂ Марс влегува во шкорпија |
Табела: најважните датуми за месец октомври и движењето на небесните тела
Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец: