Почетна » Забава » Хороскоп » Месечен хороскоп – ОКТОМВРИ, 2020

Месечен хороскоп – ОКТОМВРИ, 2020

Небесните тела најавуваат динамичен месец во кој возбудата ќе ни стои на максимум.

Нè очекуваат две полни месечини, и тоа на првиот и на последниот ден од месецот. Бидејќи на 31 октомври ќе имаме втора полна месечина во рамките на еден календарски месец, таа се нарекува и сина месечина. Ова се датуми кога стигнува до финиш нешто што започнало пред 6 месеци. Можни се финансиски успеси, раѓања на нови врски, вести за бременост...

Плутон на 4 октомври ќе го прекине ретроградното движење во јарец. Планетата џуџе со тоа ќе им се придружи на Јупитер и Сатурн кои преминаа во директно движење минатиот месец, па многу пречки ќе исчезнат и ќе се забрзаат многу процеси кои ќе ни помогнат да стигнеме до зацртаните цели.

Негативно е што Меркур, планетата на комуникацијата, во втората половина на октомври ќе се движи ретроградно и ќе донесе недоразбирања и заострени односи. Во тој период, има ризик од одложување на патувања и губење на важни документи.

Венера, планетата на љубовта, ќе патува низ два знаци и ќе нè учи на трпение и посветеност на љубовните врски.

Најсреќни овој месец ќе бидат ВАГИТЕ и ШКОРПИИТЕ.

Датум Случување
1 октомври☽ Настапува полна месечина во овен
2 октомвриВенера влегува во девица
4 октомвриПлутон преминува во директно движење во јарец
14 октомвриМеркур преминува во ретроградно движење во шкорпија
16 октомври☽ Настапува млада месечина во вага
23 октомвриСонцето влегува во шкорпија
28 октомвриМеркур со ретроградно движење влегува во вага
28 октомвриВенера влегува во вага
31 октомври☽ Настапува полна месечина во бик

Табела: најважните датуми за месец октомври и движењето на небесните тела

Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.